Дечки, ај да да прашам и јас... што би ме советувале.
Имам Honda Civic (Hatchback) 8-ма генерација, 1,8 VTEC (бензинец). Пред 1/2 месеци после 24 часовно палење (ова не се случува секогаш, од 10 пати еднаш), кога ја ставам во прва брзина при првото тргнување се приметува затресување на колата... ова се случува само во првата минута од палењето на автомобилот после 24 часа и исклучиво само при тргнување. После таа прва минута, нема никакви маки... се си е нормално.
Да се надоврзам (можеби е поврзано), во истата таа прва минута додека возам ја пуштив климата и наеднаш автомобилот како да загуби малце сила (ама доста се осети, како да ја претиснеш кочницата во секунда) и си продолжи нормално. После таа минута, нема никакви проблеми... пробаш повеќе пати да ја гасам/пуштам, се си беше нормално.