Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.744
- Поени од реакции
- 22.927
По таа логика, дали Сер Алекс Фергусон е дно тренер, бидејќи во цела кариера има само 2 ЛШ титули? 

Ете гоДај жолт бе циган.
Не бе, и јас спаѓам у таа клапа што мењаме мислења. Не се двојам, баш напротив.Џонтра батали вакви муабети. Демек ти имаш став, а друг менува мислење од натпревар, до натпревар.А вчера Гвардиола и не направи ништо маестрално, па сега да се воодушевиме и да менуваме мислење за него.
И сигурно немам намера да пишувам и анализирам, за на крај, пак се да се сведе на "хаха", "Петко имал повеќе титули", "ако го бива нека освои со Беневенто".
Самата основа на неговата Барселона го одделува од сите други. Кој друг тренер, како Гвардиола со Барселона има развиено така добар систем на игра, скоро до совршенство доведено покривање на простор, но и игра во длабочина?! Тоа го немаш ни кај Кројф така развиено, а кај Саки имаш одлично покриен простор. Гвардиола успева да додаде и длабочина. Нормално дека се ослонува особено на Кројф (затоа е и поголем од Пеп) и на Саки до некаде. Но, така ти е и во музика, наука, секогаш имаш нешто што претходи, од кое нешто развиваш, менуваш, а нешто исфрлаш.
И секој тренер направил нешто големо со квалитетни фудбалери, тоа ништо не менува во муабетот, освен што знаел како да ги искористи.
Или зошто ти не објасниш кој друг тренер и на кој начин придонел повеќе во развојот на фудбалската игра (во последните две децении), бил поиновативен и како што прочитав пред една недела изјава на Лам за Гвардиола, успеал да завладее со комплексноста на фудбалот, а не да ја редуцира?!
Автоматски споено мислење:
Кој тврди дека е "најдобар евер"?
Пишав дека најдобар е Кројф, поточно дека е најзначајно име во фудбалот, затоа што никој не придонел за фудбалската игра како него и како фудбалер и како тренер.
Не, но тоа му е еден вид на неуспех во кариерата.По таа логика, дали Сер Алекс Фергусон е дно тренер, бидејќи во цела кариера има само 2 ЛШ титули?![]()
Интересна анализа, Џонтра Карбишли.Не бе, и јас спаѓам у таа клапа што мењаме мислења. Не се двојам, баш напротив.
Е сеа, јас те сфаќам тебе генерално што сакаш да кажеш и до негде се согласувам со тебе. Пеп е далеку од незабележителен тренер.
Не зборам конкретно за утакмицава мада и тоа има улога у муабетов, да испаднеше вчера ко што испаѓаше минативе 5-6 години немаше да се води овој муабет. Како што нема да се води ни кога ќе изгуби финале.
Јохан Кројф, сите се согласуваме дека е иноватор, визионер и на некој начин татко на модерниов фудбал. Ама Кројф учел од Ринус Мичелс кој прв почнал да вози таков фудбал.
Татковци на спротивниот стил на фудбал односно катанаџо се Хеленио Херера и тој на Милан тренерот од тоа време, забораив као се вика искрено, мислам дека у Миланело има статуа негова, ќе ти текне, ме мрзи да гуглам.
Од тие двајца учел и Ариго Саки а и голем дел од италијанските тренери што работеа до пред 10тина години.
Мурињо своевремено беше ист ваков визионер како Пеп, и он наметна стил на фудбал по кој се водеа Клоп, Симеоне. Директен стил на играње.
Алекс Фергусон работеше и газеше 30 години, у 3 различни децении успеа да остане на врвот.
Како што кажа и Манчестер, Пеп постои на мапа некои 13 години и у тие 13 години покрај веќе споменатите Европски шампиони од кои голем дел беа сосема спротивен стил на тој на Гвардиола, ако ги погледнеме и шампионските екипи во топ лигите ќе го добиеме истиот податок.
Јувентус 9 години беше државен шампион со стил на фудбал дијаметрално спротивен од тој на Гвардиола.
Во Англија шампиони беа Раниери, Конте, Мурињо, Клоп. Очигледно е заедничкото кај овие, нели?
Па и у самата Шпанија од кајшто почна Пеп и каде неговата Барса беше вонсериска тие 3 сезони, подоцна титули освојуваа Чоло, Мурџо, Анчелоти, Зидан, Валверде. Ќе најдеме нешто заедничко и кај овие а да не е тоа фудбалот на Пеп? Да.
Во Германија, Јуп Хајнес и Ханси Флик, и тука иаме поразличен профил од тики-таката.
Ја стварно не глеам кој голем тренер и кој голем клуб го практикува тоа визионерство така слепо. Ајде ќе речеш пресингот и покривањето на простор. Па зарем порано не играле пресинг и не покривале простор.
Па појак пресинг од тој на Ферги, Мур и Клоп ја неам видено.
Или зошто ти не објасниш кој друг тренер и на кој начин придонел повеќе во развојот на фудбалската игра (во последните две децении), бил поиновативен и како што прочитав пред една недела изјава на Лам за Гвардиола, успеал да завладее со комплексноста на фудбалот, а не да ја редуцира?!
-Одговор на прашањево, за мене Алекс Фергусон, таткото на директниот фудбал.
Прочитај ги уште еднаш шампионските тренери погоре што ги спомнав, прочитај го уште еднаш мислењето на Манчестер, најди им заедничка точка и лапни една мастика во чест на господинот Фергара.