Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.345
Поени од реакции
5.725
Дали има некое инфо со кои вакцини ќе може да се патува?
Мислам дека Фајзер, Модерна и Астра Зенека први ќе добијат одобрување за универзална признаеност.

Германија и Австрија ќе туркаат и за Спутник (која веќе е во последна фаза на тестови од ЕУ) а Унгарија ќе гази за Синофарм исто да флезе на таа листа бидејќи Унгарија добила дозвола да ја произведува Синофарм кај нив.

Така да мислам дека овие 5 се сигурни што ќе влезат иницијално на таа листа за другите не сум сигурен зависи како ќе се покажат

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.504
Поени од реакции
11.451

Абе глупости .... па вакциниран чоек си е вакциниран чоек. Нешто читав дека секоја земја ќе си поставела услов кои вакцини ќе бидат прифатени. Ама официјално ништо не видов, затоа прашав.
 
Па да ама вакциниран со Спутник и онаа слабата кинеска што има околу 50% успешност не е исто.

И боље нека се постават одредени benchmarks кога више се знаат перфпрмансите на вакцините, па тие што ќе се вакцинираат ќе си знаат како стојат работите.

Тие што не се вакцинираат исто им се фаќа негативни пцр и терај

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Вака се игра само политика со вакцините, а мислам дека тоа е и основната цел. Ние, како држава, сме класичен пример. :)

Што и фали на Спутник?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.504
Поени од реакции
11.451
Па да ама вакциниран со Спутник и онаа слабата кинеска што има околу 50% успешност не е исто.

И боље нека се постават одредени benchmarks кога више се знаат перфпрмансите на вакцините, па тие што ќе се вакцинираат ќе си знаат како стојат работите.

Тие што не се вакцинираат исто им се фаќа негативни пцр и терај

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Секоја вакцина е подобра заштита од никаква вакцина.

Што и фали на Спутник?
Не го сфати, спутник ја става на пиедестал :D.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не го сфати, спутник ја става на пиедестал :D.
Едно време и кинеската беше на 70тина проценти.. мислам. Ама со Спутник најмногу се игра геополитика, секоја среќа Германија и Франција ја туркаат и фаворизираат. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.504
Поени од реакции
11.451
Едно време и кинеската беше на 70тина проценти.. мислам. Ама со Спутник најмногу се игра геополитика, секоја среќа Германија и Франција ја туркаат и фаворизираат. :)
Западните вакцини економија, а источните геополитика :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.377
Поени од реакции
18.512
Едно време и кинеската беше на 70тина проценти.. мислам. Ама со Спутник најмногу се игра геополитика, секоја среќа Германија и Франција ја туркаат и фаворизираат. :)
Сите вакцини имаат различни резултати во различни студии. Од таму ги земаат бројките за ефикасност. Мое мислење да не ги земате здраво за готово бројките. Во науката има дискусија окулу релевантноста на студиите бидејки не можат да добијат исти резултати два пати.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Сите вакцини имаат различни резултати во различни студии. Од таму ги земаат бројките за ефикасност. Мое мислење да не ги земате здраво за готово бројките. Во науката има дискусија окулу релевантноста на студиите бидејки не можат да добијат исти резултати два пати.
Тоа ми е сосема јасно, ама веќе 3 пати паѓа ефикасноста на кинеската!

Спутник имаше одличен ефект во Русија. Не знам зошто толку се тактизира искрено.

Истото беше и со АЗ. Мојот глас оди за лоби групите. :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.377
Поени од реакции
18.512
Тоа ми е сосема јасно, ама веќе 3 пати паѓа ефикасноста на кинеската!

Спутник имаше одличен ефект во Русија. Не знам зошто толку се тактизира искрено.

Истото беше и со АЗ. Мојот глас оди за лоби групите. :)
Па со оглед на тоа дека 2 од 3 аденовирусни вакцини имаа проблем со смртни последици кај млади луѓе, ја не би ги пипал тие :icon_lol:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Па со оглед на тоа дека 2 од 3 аденовирусни вакцини имаа проблем со смртни последици кај млади луѓе, ја не би ги пипал тие :icon_lol:
Да имав над 50ка ќе одев да ми ја стават било која. И старите тактизираат!

Тебе нема да ти промени многу, имаш 26-27 (околу и над 50ката) , ама секојдневно умираат повеќе од 30 луѓе од тие старосни групи. Ти можеш и да почекаш некој месец, што очигледно и го правиш (веќе изјави волја за вакцина). :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.504
Поени од реакции
11.451
Тоа ми е сосема јасно, ама веќе 3 пати паѓа ефикасноста на кинеската!

Спутник имаше одличен ефект во Русија. Не знам зошто толку се тактизира искрено.

Истото беше и со АЗ. Мојот глас оди за лоби групите. :)
Наместо да мислат на здравјето, они си играат политички игри. Вакцината треба да биде политички неутрален ресурс кој спасува животи, а не играчка на политичарите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Се надевам немаат порачано 500.000 Синовак. Нема ни потреба од толку вакцини, кој ќе се вакцинира со нив.

Доста се овие од Синофарм, нека набават сега доволно Фајзер.

Нема ни толку луѓе кои сакаат да се вакцинираат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Наместо да мислат на здравјето, они си играат политички игри. Вакцината треба да биде политички неутрален ресурс кој спасува животи, а не играчка на политичарите.
Од една страна промовираат капитализам, а спроведуваат класичен државен интервенционизам. Протекционизмот (економски, политички, здравствен) до одреден степен треба да се оправда, но не и по цена на здравјето на сопствениот народ. Сепак не произведуваат сите држави вакцини (дали директно или преку лиценца).

ЕУ е гневна на АЗ, се закануваа и со тужби. Претпоставувам дека очекуваа реализација на договорот со АЗ и потоа да играат геополитика со руската вакцина. Сега имаат нож под грло и мораат на лобираат и за руската (која им беше понудена пред неколку месеци).

Вакцината е ресурс, сите ресурси се ограничени и имаат одредена цена. Дали е хумано да се тргува и уценува во овие моменти? Секако дека не. Но и гасот е ресурс и тука може да се воочи хуманиот аспект.

Затоа мора да се поттикнува политиката на меѓународна и меѓусебна соработка, а не да се залагаат за мобилизација на војска за потенцијална војна со Русија (ЕУ проба 2 пати), па кога се соочија со отпор, ќе играме економска војна! Изолационизмот нема да им ги реши проблемите. :)
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.061
Поени од реакции
2.070
Секој кој има барем малце медицинска наобразба треба да ви каже у очи дека сте заведени со сите овие квази научни студии кои ги читате од овие шунд портали. Партал ве прават, шо се вика момички со шнола у косата и кусо фустанче.
За да се докаже која вакцина колку има дејство, како на пример 50% ефикасност, тоа значи дека мора да се докаже дека од 100 вакцинирани, 50 од нив повторно се заразиле, односно вакцината не направила имунитет. Значи не може некој паушално да дава оценки од ракав, некакво си стручно мислење ете толку би била по мене ефикасноста.
Вакцината и сите прикаски околу неа се буквално само приказни.
Ако беше вакцината толку успешна грипот немаше веќе да постои, а можда и не постои веќе по новата ковид медицина.
Секое тело има повеќе од 10 билиони специфични антитела, никој не може точно да каже колку специфични антитела телото ствара во борбата со некој вирус, дали се 3-4 или повеќе антитела, но сигурно не е само еден специфичен како што се тврди во овој случај со спајк антигенот и антитело само за него. Прикаски за мали деца. Не може да биде подобар имунитетот од вакцина од вистинско прележување на болеста. Проблемот е всушност што тестовите се лага и 90% од тие што мислат дека го прележале овој вирус се всушност излажани. Можда и многу повеќе.
Кога се дава вакцина со умртвен или ослабен вирус, телото самото ги наоѓа антигените и ствара антитела за нив, овие вакцини се всушност најидеални, бидејќи најдобро ја симулираат вистинската инфекција. Проблемот со овие вакцини е што треба добро да се погоди нивото на присутниот вирус и неговото ниво на активност. Доколку се преслаби, телото ќе го елиминира вирусот уште пред да се створат антитела, а доколку се оставени доста активни или преголема доза од вирусот, може да покрене нормална инфекција и да го зарази телото, кое доколку е со слаб имунитет да предизвика тешко заболување па дури и смрт. Значи постари и многу млади.
Вакцината у основа е предвидена да му даде само мала предност на телото при некоја инфекција за скратување на времето на реакција, ништо друго. Нормална реакција за стварање на антитела е 4-7 дена, со вакцина би требало да биде побрзо за некој ден. Со тоа се предвидува всушност дека нема да се развие тежок облик на болеста, но никако не дава сигурност дека некој нема тешко да заболи поради икс причини.
Проблеми кај вакцини.
Се инфицираш. Просто кажано. Дали си го имал порано или не, ти се инфицираш или реинфицираш. Секогаш е лотарија како телото ќе реагира. Бидејќи обично се слаби инфекциите од овој вирус, да не речам минорни, добиваш слаб имунитет кој кратко трае. Ништо посебно значи не добиваш. Имаш мутации, секоја мутација носи нови антигени, значи колку и да тврди шундот, нема препознавање, џабе се боцкаш.
За овие фајзер не би ни коментирал која глупост се, се иницира стварање на патоген, антиген од самото тело, смешки. Не да ствара телото антитела, треба да ствара антиген кој треба да те инфицира. До кога. Кога ке престане тоа дејство. Вечно ли ќе го имаш тој патоген во организмот кој самиот го ствараш. Како може да се нарече вакцина, кога наместо стварање на антитела, го тера телото да ствара антигени. Дали тоа нешто докажува дека ќе те направи поздрав во иднина ??
Кај многу новокомпонирани вакцини се појавуваат специфични реакции на имуниот систем при вистински контакт со вирусот, наједноставно кажано, се ствараат антитела кои се прилепуваат за антигенот на вирусот но не го елиминираат во клетките, не го неутрализираат, туку само го трупат во крвта и со тоа всушност ја забрзуваат инфекцијата и прават летален исход.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom