Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Истиот изговор постојано се користе, како бе до вчера екипи што беа во зона за испаѓање сега се борат за ЛШ, дај престанете да го бранете Артета, да беше било кој друг до сега цела фан база ќе сакаше да биде измаван, срамота е Арсенал да биде на 10место.

Било кој друг тренер со играчиве ќе не подобри, Емери заслужи отказ, исто како Артета сега ама првиот за бод не успеа да не пласира во ЛШ и фејлна во финале, ќе потенцирам уште еднаш истите играчи беа само без Парти, Габриел и Тирни.

Не е прв пат играчи под еден лик да не покажуваат квалитет и да бидат срање, ова значи дека тренерот не вади доволно, или пак не знае.
Ако испадне од ЛЕ треба да биде сменет.
 
Тргни го Артета сега, не гледам никој да го фали туку постојано ги коментираме и критикуваме неговите грешки. Твоево плачење по гуд ебенинг го коментирам и еве утакмицава ти е добар показател дека менталитетот му е таков и не одговара за клуб како Арсенал. Имаше 2-0 и играч плус, не притисна доволно за трет гол и не успеа ни да сочува 2-0 затоа што се повлече чекајќи грешка на противникот кога противникот беше скроз изгубен во времепросторот.
Емери кога дојде најавуваше атомски фудбал, пресинг од противнички 16ник, игра за гол повеќе итн итн., на терен видовме очај, чемер и јад и менталитет на екипа која се бори за опстанок. До некаде ќе се сложам дека составот кој го имаше Емери на располагање не беше доволен за титула (ама никој не ја ни очекуваше со тие играчи) или големи подвизи, ама беше сосема доволен за 4-то место или освоена ЛЕ. И дека не е квалитетот на играчите проблем туку лузерскиот менталитет и пристап на Емери, го покажувам примерот со Барса - ПСЖ кога отиде на ревашн со 4 - 0 и излезе поразен 6 - 1, имаше одличен тим на располагање но со лузерски пристап успеа да ги прокоцка тие 4-0.
Не ми е поентата да го бранам Артета, само досадно ми е твоево цмиздрење по богот на фудбалот Емери после секој кикс на Артета,.
Се глеа дека си се потрудил и се е тоа супер, ама... се ова ти паѓа у вода коа ќе видиш дека лузерскиот менталитет ипак победи у четвртокот...
 
Се глеа дека си се потрудил и се е тоа супер, ама... се ова ти паѓа у вода коа ќе видиш дека лузерскиот менталитет ипак победи у четвртокот...
Со таков Арсенал како во четвртокот требаше да победи најмалку 4-0. Ако мислиш дека го бранам Артета, баш напротив го критикувам што можеш и погоре да прочиташ. Сезонава е бедна и единствено може пласманот во ЛШ да ја обели барем малку најлошата сезона на Арсенал. И секако дека за тоа го кривам Артета, а не Емери, затоа што имаше година ипол да го заузда тимот и не успеа.
Постот беше наменет за непреболот кон Емери и кон неговиот пристап година ипол откако беше отпуштен од Арсенал, неговите најави како човекот со план кој ќе го врати Арсенал и осврт кон неговиот фудбал година ипол пред да дојде во Арсенал.
 
Тргни го Артета сега, не гледам никој да го фали туку постојано ги коментираме и критикуваме неговите грешки. Твоево плачење по гуд ебенинг го коментирам и еве утакмицава ти е добар показател дека менталитетот му е таков и не одговара за клуб како Арсенал. Имаше 2-0 и играч плус, не притисна доволно за трет гол и не успеа ни да сочува 2-0 затоа што се повлече чекајќи грешка на противникот кога противникот беше скроз изгубен во времепросторот.
Емери кога дојде најавуваше атомски фудбал, пресинг од противнички 16ник, игра за гол повеќе итн итн., на терен видовме очај, чемер и јад и менталитет на екипа која се бори за опстанок. До некаде ќе се сложам дека составот кој го имаше Емери на располагање не беше доволен за титула (ама никој не ја ни очекуваше со тие играчи) или големи подвизи, ама беше сосема доволен за 4-то место или освоена ЛЕ. И дека не е квалитетот на играчите проблем туку лузерскиот менталитет и пристап на Емери, го покажувам примерот со Барса - ПСЖ кога отиде на ревашн со 4 - 0 и излезе поразен 6 - 1, имаше одличен тим на располагање но со лузерски пристап успеа да ги прокоцка тие 4-0.
Не ми е поентата да го бранам Артета, само досадно ми е твоево цмиздрење по богот на фудбалот Емери после секој кикс на Артета,.
Абе низ нос ќе ви го извадам ако треба, Емери е само еден фантастичен пример колку вашиот бог Артета е тренерски неписмен, нели гледаш дека се давите во вашите гомна, сам кажуваш каков лузер бил Емери, а твојот Артета е 10-ти на табела и во негатива после прв двомеч од истиот тој Емери, WTF бе?

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Емери е само минато во Арсенал :) Не се враќа па ако сакаш и на чело истетовирај го.
Ако утре го набркаат Артета сигурно нема елегии да му пишам ко ти за Емери, туку ќе кажам дека си заслужил и толку. Да пишуваш вакви тажалки по тренер кој го воздигнал клубот и нивото на игра пеким, ама година ипол секојдневен непребол по некој што не направил ништо значајно е чиста патетика. Изгуби шанса да го врати Арсенал во ЛШ, втората сезона му беше уште поголем очај и си заслужи да го набркаат.

И патем нема никому да го извадиш низ нос, ги здоболе сите лево маде дали ти си пишал пак за богот Емери, само досадно станува.
 
ми се одмили форумот од Ганеров, или тука за Емери-Артета расправа или во ПЛ темата за Мартинез -Лено. :D
 
Емери е само минато во Арсенал :) Не се враќа па ако сакаш и на чело истетовирај го.
Ако утре го набркаат Артета сигурно нема елегии да му пишам ко ти за Емери, туку ќе кажам дека си заслужил и толку. Да пишуваш вакви тажалки по тренер кој го воздигнал клубот и нивото на игра пеким, ама година ипол секојдневен непребол по некој што не направил ништо значајно е чиста патетика. Изгуби шанса да го врати Арсенал во ЛШ, втората сезона му беше уште поголем очај и си заслужи да го набркаат.

И патем нема никому да го извадиш низ нос, ги здоболе сите лево маде дали ти си пишал пак за богот Емери, само досадно станува.

Кога некој ти укажува колку е лош моменталниот избор со споредба со претходниот кој бил најлош до тогаш, логично е да сфатиш дека некаде грешиш во ставовите и проценката, е сѐ ова не важи за тебе и грото овде во фк. Трагедија е ова што се случува, ќе беше смешно да не е тажно, да го браниш Артета со аргумент дека Емери бил лош е најидиотското можно сценарио од сите.
Жал ми е што делам ит простор со многумина од вас.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Арсенал е поблиску до последнопласираниот Шефилд (29 поени разлика), отколку Сити (34 поени). Уште не ми се јасни ставовите на неколку члена дека играчкиот кадар е повеќе заслужен за вакво дно отколку тренерскиот.

Колку и да имаа мизерна сезона претходните тренери, никогаш не дозволија Емирати да биде штанд за лесни поени, а просечно да постигнуваат по само еден гол по натпревар.

Артета успеа да го искорени идентитетот на напаѓачки тим што секогаш бил кошмар за помалите екипи и да билда гол разлика на сметка на нив. Сега се радуваат на реми со тимови на рангот на Фулам. Полузерски менталитет не сум искусил како фан на Арсенал.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Убави голчиња дадовме, иначе тотално небитна утакмица, чекам четврток да дојде да и удариме печат на оваа бедна сезона.
 
Лоша работа е што се повреди Луиз, изгледа до крај на сезона. Габриел не знае англиски и затоа најдобро игра во тандем со Луиз.
Чемберс добро се покажа на позиција ЦД после повредата на Луиз. Во пасеви е каде каде подобар од Холдинг.
 
Не беше лошо одиграна имаа контрола цело време на утакмицата ама пак се гледа како некои играчи едноставно не ги бидува.
Цебајлос не знам како беше најдобар играч на европското до21 пред некоја година ништо да се немало ни пас ни шут ни мозок.Џака исто повторно покажа колку е слаб на ЛБ за Вилијан исто одамна е кажано од Одегард искрено очекував повеќе ама тој секако нема да се задржи.
 
Рајан да брани до крајот на сезоната во ПЛ и да му го откупат договорот од Брајтон. Артета помалку да калкулира и помалку да го одмара тимот. Да учи од грешките кои ги направи со Фулам и Евертон во поглед на изборот на составот. Да влезеше сериозно во натпреварите со Фулам и Евертон ќе беа на 7 позиција. Дури и да не игра европски купови наредна сезона Арсенал и не е толку трагично, барем ќе се посветат на ПЛ.
 
Дури и да не игра европски купови наредна сезона Арсенал и не е толку трагично, барем ќе се посветат на ПЛ.
Така е!!!

Арсенал затоа нема ништо освоено, оти многу се арчи на повеќе фронтови. Нека се плашат следна сезона Сити, Ливерпул, Челзи и Јунајтед коа ќе се посветиме на ПЛ!!!

П.С ми се свиѓа како паѓаат очекувањата, од може не освојуваме ништо, ама бар 16 години цело време во ЛШ играме, преку ФА куп освоивме браво, па преку бар цело време пред кокошките сме, до бар во европа играме, за да дојдеме до: и да не играме во европа, бар на ПЛ ќе се концентрираат. Следно што е, бар во горна половина на табелата сме и бар во ПЛ играме, најјаката лига на свет?

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Сигурно ќе се плашат ене ги гаќите ги наполнија. Епа реално ако не освојат ЛЕ, единствено ако успеат до Конференциската да стигнат преку ПЛ. Поубаво да не играат ништо во Европа, отколку да играат Конференциска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom