Баки оди држи им лекции на норвежаните, финците и швеѓаните! Глупи и заостанати се они што уште се греат на дрва. Ние македонците од 21век што ги откривме климите(во умерено/топла зона) сме најпаметни.
@nikola101010
За ~100м^2 зет ми го фана ~3000€ со Термофлукс 24kw котел и квалитетна инсталација. Да не се лажеш дека за упола пари ќе добиеш нешто квалитетно!
Инаку 2 тона пелети знаат да отидат по сезона. Зимово беше топло па многу помалку изгореа. Меѓусезона со клими се греат.
Како за ориентација, ако надвор е јак минус и парното работи нон-стоп(23-24ц да одржава) може и четири вреќи да изгориш на 24 часа. Ама тоа се екстреми. Обично го палат на сабајле од 5h 5.30h до кај 7h и од кај 16h па до 22-24h и така троши вреќа, вреќа и пол.
Работи на копче, апликација на тел или се програмира тајмер, значи се е автоматски. Гаси кога ќе постигне и пак пали по потреба. Значи исто како на клима да се грееш господски. Треба еднаш дневно пепел да усисаш (1мин работа ти е тоа). Ама топло ти е и уедначено топло насекаде како што централно само може.
Ти штом имаш изолација, рачунај на уште помала потрошња иако ќе грееш поголема квадратура.