Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
А кој избегал и од кого? Во ера на глобализација и индивидуализам секој гледа и прави што сака доколку нормално може. Си решил да живееш во МКД, супер, али да го користиш тоа како некаков аргумент е во најмала рака смешно, поготово во ера каде информации имаш на претек и е прилично лесно да си во тек со било што од било каде.

Знаеш ли зошто МКД повеќе наликува на афричка држава него на европска? Зошто светот гледа поголема сличност на македонец со филипинец или сомалиец него со германец? Менталитетот... Ова што го напиша како и голем дел на одлуките на комити/другите навивачки групи окулу вардар/другите клубови се токму тоа. Ова е малку филозофски ама подразмисли малку подлабоко на она што ќе пробам да ти го доловам...

1. Кога гласаш ти не го менуваш минатото него носиш одлуки за иднината. Гласај за НАЈДОБРАТА понудена опција а не протестирај за нешто што веќе е направено. Кога ќе почнеме така да гласаме ќе има напредок а не хаварии. Заев си кажа се, и дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе витка кичма, дека ќе се договара, беше на баци рака во швицарска кај шпонската дијаспора, се криеше по амбасади и ветуваше дека ќе турка туѓи агенди, дури вети и дека нема да ги брка гвујо и мијалков. Конкретно за Вардар уште тогаш оваа клапа самс го викаа куртоненко и ред други работи. ЈАСНО КАКО ДЕН БЕШЕ ШТО СЛЕДУВА и на ниво на ДРЖАВА и КЛУБ.
2. Нема амнестија за никој што ги гласаше гомната. Апсолутно треба да им се замерува и тоа до крај на живот за штетата што ја направија поготово на тие што двојат, што се капацитет и требаше трезвено да размислат тогаш а дозволија да бидат искористени па дури и во многу случаеви агитираа за гомнава на форумот или други места. Да не навлегуваме премногу во политика, не е местото ама резултатите ги знаеш и сам, хаварија во секоја сфера. Фала ви, тоа донесовте.
3. Филмот младите научија... Тоа ќе биде уште една грешка. Навидум демек добра работа, ама размисли подлабоко, ШТО ПОТОА? Тука е тој проблем, менталитетот ни е јуришнички, племенски, дозволуваме чуства а не разум да биде главен при носење одлуки. Ајде еве ќе опадне влијанието на вмро/сдсм и ќе дојдат трети... Уште повеќе ќе го раситниме македоскиот глас и уште повеќе ќе има катастрофи и калакурници каде ситни интереси ќе мора да се задоволат за да се формира некоја мики маус влада. Навидум демек добра одлука, ко онаа да се сменат предходните која допрва ќе се покаже катастрофална. Размисли малку подлабоко на оваа тема и види дали е добитничка, пред да ја проповдаш утре.

Не подржувам јас слепо никого. Мене не ме афектираат партиите, не живеам во МКД. Јас немам никаква корист од нив. Јас свесно сум донел одлука врз база на информациите што ги имам дека таа и таа опција е подобра. Ќе ја подржувам дур не излезе некој друга подобра опција, ако еден ден тоа е сдсм или некој друг воопшто нема да ми е проблем да сменам мислење. Партиите се да му служат на народот а не обратно. Треба да се подржи најдобата опција ВО МОМЕНТОТ и тоа е тоа. Сум имал контакти и со едните и со другите сум бил дел од иселенички и финансиски форуми во мкд, сум им помагал да договорат средби во Азија и Австралија, така да јасно ми е што гомна се и едните и другите и ако се вратиш малку подалеку на економските теми ќе видиш дека сум ги критикувал и едните и другите под овој или стариот ник.

Ајде да гледаме од перспекитвата на Шкенди... Лани изгубија титула од хаотично воден Вардар. Оваа години се први и единствен пораз им е наместена уткамица со пАлистер. До каде ќе стигнат во Европа? Имаат ли подобар тим сега или пред неколку години кога имаа играчи како хасани и кога носеа странци што ги преплаќаа и не им се погаѓаа а пак беа 10 пати појаки од сега. Што уствари добиваат они? Они моментално место да идат нагоре стагнираат и опаѓаат на спортски план зашто немаат конкуренција и нивниот газда не вложува во правење супер јак тим кога и со оваква шкедни може да освои титула. Ги спуштаат на ниво на остатокот на оваа боза лига каде со 2-3 играчи имаш тим за европа.

Од перспектива на ракометен пАлистер дури ми е и смешно да гледам. Си изиграа мегусебна утакмица во плави и плаво бели дресови... За кој пАлистер збориме? За вистинскиот што е сега втора екипа на бивш работник и е маргинално појак од лани или за работник ребрендиран во плаво бел пАлистер што е повторно втор во мкд? Јас им напишав еден убав пост на темата али они апла на се што им пишувам гледаат со омраза па бришат и кога треба да се подзамислат. Они се класичен пример на идиотизмот во државата. Од нешто направија ништо. Од имање градско дерби со сите примеси, омраза кон богат клуб, бивши газда итн, направија да се е уствари исто ко лани само сега навиваат за тие што до вчера ги пцуеа. Они и сега се радуваат на тоа што Вардар ослабе, што е спуштен на нивно ниво тоест на ниво на работник, на семкарско ниво ко вистинскиот пАлистер сеуште не сме дојдени. Биди реален напредок на клубско ниво НЕМА, НЕМА во било кој спорт, женски ракомет сме тапа а бевме име во европа, баскет кошарска сљога не е ни блиску до АБА.

Репрезентативен спорт и сам знаеш е плод на минатотот не може таму преку ноќ да имаш успех. Смешно е ова да го препишеш на овие поготово кога ќе се види дека фудбалската репка ни е состав на фудбалски печалбари и ликови што немаат благе везе со МКД фудбалски, што не ни играле во МКД или си заминале од мкд ко тинејџери. Дај кажи кој репрезентативец се истакнал во МКД клуб, кој е производ на мак клуб? Бејлутали? Друг? За спартанците не ми се ни прави муабет, нив на европско на ролекри ќе ги пратиме, последен пат беа со бусот на Самс. Факт е дека не влегуваат доволно пари во спортот, ни 2% од она што влагало порано. Факт е дека рамковно се распоредуваат средствата па ваучери добиваат и измислени карате клубови од гостиварско дур нас не дупат за ваучер па треба да молиме или да се „инволвира“ пијаницата за да ни ги дадат ваучерите што ни следуваат. Дај објасни на пример како Вардар како шампион на МКД добива 5ти или 6ти таму ваучер за фудбал? Па како се тие критериуми правени? На која основа? Кажи ми како тоа треба да го сфатиме, еве и јас и ти како навивачи на Вардар? Хаос, само хаос донесоа овие промени.

Овде до некаде се слагам. Требаше да се ургира ама не се направи ништо. Неможеме тоа да го смениме и треба да живееме со тоа и да си донесеме одлука што понатака. Вечно ли ќе се оградуваме од тоа, или ќе прифатиме дека како патриотски клуб ќе стремиме кон десничарски политички идеи. Знам дека ова е МНОГУ контраверзно и дека нема да е прифатено од повеќето поготово што се фураат глупости дека спорт и политика не треба да се меша АМА...

1. Вардар и Комити од секогаш било десно ориентирани. Ние бевме едини клуб во прва ју лига без петокрака на амбемот. Секогаш бевме репрезентација на МКД во таа лига со малку странци надвор од МКД.Уште од времето на распад на ЈУ на почеток на 90тите кога се спремаше ЈУ за настап на европското во Данска имаше утакмица во СК меѓу Вардар и Југа и народот си навиваше за Вардар и тогаш имаше контраверзни транспаренти и политика. Паролите Солун е наш и ред други и тогаш ги пишуваа Комити. Не само Комити, СИТЕ навивачи сеедно дали се чкембари, мајмуни, војводи или било кој сите бевме десно ориентирани.
2. Не гледам ништо лошо во тоа да се држиме на тие ставови. Напротив, проблемот не е во Вардар, Комити или да си дел од политичка идеологија, кај нас проблемот се партиите. Секакви шупци се напикаа во партиите па двоење од нив е повеќе затоа што не заслужуваат подршка него идеолошко двоење. Ние може до утре да збориме за шљога, шверцери и дуи ама факт е дека ете кај нив тоа функционира и они се уствари едини добитници од сегашната ситуација. Во мали држави каде нема можност да си независен и да опстануваш како спортски колектив сакаш неќеш ќе бидеш нечии привезок за жал. Да избориш финанскиска независност во МКД треба да 10тина души да се убијат од работа ко комитите инволвирани во акцијата за карти ама тоа да го прават секоја недела и успат да има 30К што редовно ќе си купуваме карти или ќе „спонзорираме - фрламе пари у бунар“ на повискоко ниво. Колку не има такви?

Окулу Самсоненко, јас нормално го почитувам како некој што вложил и направил доста за РК и ФК али свесен сум дека не иде повеќе и дека не иде веќе долго време. Он е пролазен исто ко и Панчев, Брацо, Васовски и ред други ликови, некој биле позитнивно некој не, али на крај сите само пораѓаат а Вардар и ние остануваме до крај. Ако утре овие го тргнат, стават у затвор, стрелаат за да тргне во Вардар на подбро би бил ок со тоа. Јасно е што он направи и позитивно и негативно. Тој дел немора да го дискутираме, не гледам зашто упорно се концентирате на тоа. Тоа си е минато свршено време. Дај да дискутираме другите работи, што се во принцип битни а никако да се концентираме на нив.

Клубот сакале ние или не легално е негов. Дали и како може да се подобри ситуацијата и што можеме ние да направиме? Што избор имаме?

1. Да се соработува со Самс и да се наговори да продложи да го финансира клубот. Дали е ова опција и дали е изводливо? Твое мислење? Дали е направено нешто во тој поглед?
2. Да се тргне Самс. Кој би можел тоа да го направи? Бизнисмени/спонзори? ФФМ? Град СК? Влада? Странски инвеститори? Освен со Град Скопје што друго е направено? Дали се прави притисок кон другите центри на моќ? Како можеме да делуваме? Еве ти една откачена идеја... Јас сум да се контактира некој како Џамбазов и да му се понуди да се вклучи во трка за локалните избори со една точка. Спас за Вардар. Ако ништо друго ќе мора да се дискутира и верувам дека „политички“ ќе мора тогаш да го решат поготово ако цела кампања се избутка со еден фокус... Лудо може звучи ама бар е правење нешто и делување во права насока кон центри на моќ што едино вакава сила разбираат и почитуваат.
3. Други спонзори? Кој би можел да влезе во Вардар а 3М да не му се проблем да ги плати? Има фирми во МКД ама дали има интерес и како би можеле ние да ги привлечеме?

Дискусиите треба да се водат повеќе во таа насока а не сте се фатиле за самс ко тоа што овде ако напишеме уште 100 страни самс има да ги даде милјоните...


Окулу комити и што треба да направеле... Мислам дека до сега направија многу ама мора да почне да се менува фокусот од барање краткорочни решенија до барање солуција. Неможе да не ја прифаќаат играта, или нека прифатат или нека сменат правила или нека прават што знаат ама мора да најдат решение или они или самс. Комити треба да извршат поголем притисок. Повеќе од тоа не може да направат, сепак станува збор за само навивачи. Тука повторно ќе се вратиме на политиката и памет при следните избори, пошто глупо е сега да кукаат оние што допринеле да дојдат на позиција на моќ абдали што не ги интересира Вардар. Да не се вртиме у круг, мислам јасно ти е зошто од вардарски аспект овие се тотално неповолни.
Да се чуди човек јас те прочитав све. Коњаникот е во право , ама ти мислиш знаеш све за тука дека нели има информации на нет и некој нешто ќе ти кажи ..
Еве јас да ти кажам дека од понеделник таблата на академијата најверојатно ќе ви ја сменат...
Други се декларираш десничар , ама си тежок комплексаш..Десничарите се респектираат , а ти наведуваш се што не е Скопјанец , Вардар , Комити со мали букви како некој првоодделенец.Демек имат нешто помала вредност.
И не ми кажвај дека немаш тешки комплекси. Тоа што навиваш за Вардар и белки си роден во Скопје , не си ништо поќе од некој роден во Пирава , кој навива за локален селски клуб.
 
Да се чуди човек јас те прочитав све. Коњаникот е во право , ама ти мислиш знаеш све за тука дека нели има информации на нет и некој нешто ќе ти кажи ..
Еве јас да ти кажам дека од понеделник таблата на академијата најверојатно ќе ви ја сменат...
Други се декларираш десничар , ама си тежок комплексаш..Десничарите се респектираат , а ти наведуваш се што не е Скопјанец , Вардар , Комити со мали букви како некој првоодделенец.Демек имат нешто помала вредност.
И не ми кажвај дека немаш тешки комплекси. Тоа што навиваш за Вардар и белки си роден во Скопје , не си ништо поќе од некој роден во Пирава , кој навива за локален селски клуб.

lol, fala za infoto brat vie ste izvor, ne be reka na informacii. minatata nedela ni kazavte deka ffm ke ne spasi so borec sega ova.. nego kazi mi dali ke ja spakuvaat akademijata u kufer i ke ja prenesat u rusija ili tunguzija? tabla ke stavele be, 5 neka stavat ako sakaat, ne go menuva faktot deka koga ke se sredi se tie tabli u gubre ke zavrsat.

treba da zasluzis da te pocituvam, ti ne si zasluzil.

ps. ako ne si primetil jas skoro sekogas pisuvam od mobilen i so mali bukvi.
 
lol, fala za infoto brat vie ste izvor, ne be reka na informacii. minatata nedela ni kazavte deka ffm ke ne spasi so borec sega ova.. nego kazi mi dali ke ja spakuvaat akademijata u kufer i ke ja prenesat u rusija ili tunguzija? tabla ke stavele be, 5 neka stavat ako sakaat, ne go menuva faktot deka koga ke se sredi se tie tabli u gubre ke zavrsat.

treba da zasluzis da te pocituvam, ti ne si zasluzil.

ps. ako ne si primetil jas skoro sekogas pisuvam od mobilen i so mali bukvi.
Аха да можи мачка ти скока на тастатура дури пишиш...
Јас сум небитен не ни барам ти или било кој да ме почитува.
Ти не ми се обраќаш мене туку целиш со секој пост на група луѓе.
Поздрав
 
Јас како читам, а пред нас е најголемиот христијански празник навистина ве сожалувам, не дека нешто ми е ново туку факт е дека ние МАКЕДОНЦИТЕ сме толку наивни па чудо едно, лесно веруваме на секој кажан збор од било кој, едните, другите, третите... Додека кај нас спасител изиграваше Блашко, кај вас то беше Самс со Камчев, Мијалков и Гр'евски и се после друг ни е крив, не, сами сме криви. Истото неколку пати тие претходните им ги направија и на Пелистер, буквално го донесоја Пелистер до просјачки стап, то Двојче цел живот до 5то поколение гревој да плаќа се да му еб*м негово, сите клубој ни ги испаѓаше втора лига лесно, па во година на избори ги промовираше во прва лига, ќе најавуваше ваков, таков ПЕЛИСТЕР, на крај на сезона пак втора лига, мрднатиот кампањата кое си го сметам за најголемо ЖИВОТНО достигнување на чело со @Goran Bt и уште 2-3 дечки, психопатот ДВОЈЧЕ ни ја прогласи за ПАРТИСКА ! А, кампањата имаше поддршка и од Сител, Канал 5, Јанко Јади Бурек, Миленко, МТВ кои впрочем беа дел од претходната власт и делеа од колачот сите години наназад, а тој вика партиска :pos: Притисоци директни врз брат ми кој тогаш беше дел од првтим, најпрво стипендиски договор, за потоа да го УНИШТАТ ради то шо мене и на мојте (кој се приватно вработени) не ни можеа ништо, казни за ништо, како за дома да му бараме... Беа таква една дружина собрана која не гледа ништо поразилично или да прифати нешто друго... Неисе, сакав само да дадам пример колку сме сами криви за се и сами си дозволваме да биди вака или така и само тука на форумот ќе чафкаме, караваните нека си врват. Се додека сме премногу мирни, ќе си играат со нас како сакат... Јас ви пишав и пред некоја недела, да превземите порадикални мерки додека не е касно... Иако уште мислам дека постои скопска шема за спас на Вардар и то ме иритира зошто да е така ради то шо некој ви го држи клубот во заложништво, толку и баш ради нив сакам да ве спасат па и по цена в година да отпадните или да кубурите како нас од година за година... Во оваа прилика сакам да испратам уште еднаш ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до Фк Вардар и навивачкта група Комити за поддршката, секако и до Благоја Љамчевски кој таа година беше дел од Вардар и беше заслужен за таа поддршка ! Па се надевам дека наскоро ќе се изигра една вечерна утакмица во Битола, под рефлектори, полн стадион и со гостинси навивачи.
 
Момци, ајде да се помириме со втора лига. Сега најважно да се средат долговите, да се прикрпи тим за експресно враќање у прва лига.

На овој голем празник, нема лошо на никој да му посакам, но нека молат безбожниците за прошка.
 
Знаев дека денес ќе го папаме масовно, тежок комплекс е насобран кај тие педерчињата од Работнички. А и за волја на вистината и ние не им ја пуштивме кога им требаше пред некоја година. Да имав брдо пари ќе го купев Вардар и ќе им ги купував сите можни играчи, како што не дупеа Металург во ракомет. Да се распаднат, им ебам профитерскиот клуб.
Тоа е, бар не мора да правиме математики, за тоа што секако се знаеше дека ќе се случи.
 
Гледа се неискуството и неспремноста,на втприо гол нај добро тоа се виде,среднио ред не постое.Нема кој да трче,едино Мирчевски шо е спремен,другото све неспремно..
Али ајде,ке биде Вардар пак ЈАК!
 
Според тоа како стојат табелите, втората лига запад за наредна година би изгледала вака:

Вардар Скопје
Велешта
Охрид
Гостивар
Кораб Дебар
Влазерими Кичево
Кадино
Тетекс Тетово
и две екипи од Воска Спорт Охрид, Фортуна Синѓелиќ и Беса Добридол. Од овие три, Воска сигурно ќе игра втора лига, а другите ќе бидат Беса веројатно.

Охрид, Велешта и Гостивар се кандидати за второ место, ама не верувам дека би победиле во бараж за прва лига, со која екипа и да играат (веројатно би играле со Ренова).

Тоа значи дека ќе играме во лига, со 6 албански екипи. Шанси нема Вардар да заврши прв, особено ако земе предвид дека Воска ќе фрлаат многу пари за прва лига, налик на Милано во минатото. Многу пари би ни биле потребни и целосно средување на состојбата. Скопје начека годинава да играат пред празни трибини, што е многу поразлично. Плус со години го имаат истиот состав, веќе се воиграни.
 
Последно уредено:
Пред три години групи на лига Европа игравме сега втора лига. Виновници се и Самс и Шилегов. Првиот намерно не уништи вториот не нспрсви амс ништо за овој најголем Македонски бренд.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Зошто бришите мислења бе прдловци ? Како беше вардар не е ривер плата ?
Си мислеја центарот на Македонија се , сељаци цел живот за политички игри ве играле. Ајт доста е од мене се гледаме ко ќе влезите во елитата.
 
Не замерувајте на битолчани мајтап шо терат. Реално на никој од Битола нема да му е помило дека место со вардар ќе играме со ренова. Но спортскиот ривалитет 30 и кусур години го прај своето. Истото би било и доколку партизан отпаднеше пола белград ќе славеше, и истото би било и со било кое дерби да споредите. Жално е жарот на дербито што ќе го нема догодина но од друга страна добро е бидејќи секогаш по одредена пауза наредното дерби е подобро.
Втора лига е тиња, без пари шанса нема скоро да се вратите. Се надевам се гледаме за не повеќе од година
 
Не замерувајте на битолчани мајтап шо терат. Реално на никој од Битола нема да му е помило дека место со вардар ќе играме со ренова. Но спортскиот ривалитет 30 и кусур години го прај своето. Истото би било и доколку партизан отпаднеше пола белград ќе славеше, и истото би било и со било кое дерби да споредите. Жално е жарот на дербито што ќе го нема догодина но од друга страна добро е бидејќи секогаш по одредена пауза наредното дерби е подобро.
Втора лига е тиња, без пари шанса нема скоро да се вратите. Се надевам се гледаме за не повеќе од година

Тоа само покажува каков народ сме ние Македонците. Јас никогаш не сум гледал сеир, без разлика која од македонските екипи испаднала во понизок ранг. Дури и кога Пелистер го освои купот пред неколку години со Шкендија ми беше мило затоа што македонска екипа го освои купот. Па уште да има на што да се радуваат навивачите на Пелистер. Не знам колку е за радување фактот дека Шкупи и Шкендија со сигурност ќе бидат дел од топ 3 екипи и наредна сезона. Додека тие и наредна сезона ќе бркаат гол опстанок.
 
Letovo ima dovolno vreme za da se izvrsat promeni vo sopstvenickata i upravuvackata struktura na Vardar. Pod itno se potrebni promeni.
I pogolemi evropski klubovi ispaghale vo vtora liga. Ne e sramota. Sramot e sto nie navivacite nisto ne prevzemavme izminative nekolku godini.
Najbitno e da se konsolidira klubot, da se postavat zdravi osnovi, da se sklopi dobra ekipa i naredna godina ekspresno da se vratime tamu kade sto pripagjame.
Pozdrav Vardarci.
 
Според тоа како стојат табелите, втората лига запад за наредна година би изгледала вака:

Вардар Скопје
Велешта
Охрид
Гостивар
Кораб Дебар
Влазерими Кичево
Кадино
Тетекс Тетово
и две екипи од Воска Спорт Охрид, Фортуна Синѓелиќ и Беса Добридол. Од овие три, Воска сигурно ќе игра втора лига, а другите ќе бидат Беса веројатно.

Охрид, Велешта и Гостивар се кандидати за второ место, ама не верувам дека би победиле во бараж за прва лига, со која екипа и да играат (веројатно би играле со Ренова).

Тоа значи дека ќе играме во лига, со 6 албански екипи. Шанси нема Вардар да заврши прв, особено ако земе предвид дека Воска ќе фрлаат многу пари за прва лига, налик на Милано во минатото. Многу пари би ни биле потребни и целосно средување на состојбата. Скопје начека годинава да играат пред празни трибини, што е многу поразлично. Плус со години го имаат истиот состав, веќе се воиграни.
Ние се радваме на опстанок без бараж , како лига шампиони да освоивме, вие втора лига , Победа ја нема на мапата.
Никој не е крив , сами ги уништивме клубовите .
Него од втора лига запад да влезете во прва наредна година, финансиски е дупло поскапо отколку да опстаневте ова година.
Него и со тој долг што го имате , јас да сум навивач на Вардар би се замислил дали е подобро мачење од втора лига со долг од 3-4 милиони евра .или прогласување банкрот како случајот на Ренџерс.
Инаку реално освен политички да се издејствува експресно да ве вратат прва лига со тој долг , ќе се мачите неколку години за тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom