Извини Macedalien, немав време во моменотов да ги читам предходните постови, но еве директно да одговорам на прашањето - сепак мислам дека во секој човек има некоја посебна жичка, која го чини посебен. Некој по некоја гримаса, некој по некое мислење, некој по некој гест и така, ама претежно ги карактеризираме луѓето по размислувањето. Едно е мислење, друго е размислување. Некој грешел за некои мислења, што не значи дека размислувањето му е погрешно, нели ? Секој од нас знае во одреден момент да не одушеви од својот настап во одреден момент, за некоја работа. Икс примери имаме кога за некој сме мислеле дека е никој, а уствари тој истиот испаднал НЕКОЈ. Е таа, е таа жичка. Во секој постои, само не знаеме кога ќе се активира и ти гарантирам дека ќе те одушеви во дадениот момент.