- Член од
- 10 декември 2010
- Мислења
- 6.607
- Поени од реакции
- 8.292
Искрено мислам дека постои начин да профункционира ова со лигиве, ќе се откаже учество во Карлинг Куп, а во Фа Куп некои би се приклучиле едно или две кола подоцна, во зависност од нивниот успех во лигата (ова важи за сите во Англија, не за СЛ6). Со тоа би се добиле помалку утакмици.Домашните лиги ќе имаат тежина колку Карлинг Куп што има сега
Премиер Лига сама по себе си има тежина кај Енглезите, не верувам дека ќе го изгуби тој примат туку така. Од друга страна разликата во пари за тој што ќе ја освои Супер Лигава и тој што ќе догура до последни 4/8 екипи мислам беше мала - 30м евра.
БОНУС: Ако Уефа има малце памет, ќе најдат компромис и ќе намалат број на интернационални утакмици, така што пласманот на национални репрезентации ќе функционира како новиот систем што се пласираше Македонија на ЕП - групи по тежина на квалитет на репрезентации. Ретко кој ги гледа мртвилата на екипите, вака со порамноправни противници, би биле поатрактивни и тие натпревари, а со реткоста на истите би добиле на поголемо значење.
Дополнително може да договорат со Перез, 10 екипи место 5 да се пласираат во лигата врз база на мерит (второто по ранг европско првенство + лига). Вака мислам би било подобро.