Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Домашните лиги ќе имаат тежина колку Карлинг Куп што има сега
Искрено мислам дека постои начин да профункционира ова со лигиве, ќе се откаже учество во Карлинг Куп, а во Фа Куп некои би се приклучиле едно или две кола подоцна, во зависност од нивниот успех во лигата (ова важи за сите во Англија, не за СЛ6). Со тоа би се добиле помалку утакмици.
Премиер Лига сама по себе си има тежина кај Енглезите, не верувам дека ќе го изгуби тој примат туку така. Од друга страна разликата во пари за тој што ќе ја освои Супер Лигава и тој што ќе догура до последни 4/8 екипи мислам беше мала - 30м евра.


БОНУС: Ако Уефа има малце памет, ќе најдат компромис и ќе намалат број на интернационални утакмици, така што пласманот на национални репрезентации ќе функционира како новиот систем што се пласираше Македонија на ЕП - групи по тежина на квалитет на репрезентации. Ретко кој ги гледа мртвилата на екипите, вака со порамноправни противници, би биле поатрактивни и тие натпревари, а со реткоста на истите би добиле на поголемо значење.
Дополнително може да договорат со Перез, 10 екипи место 5 да се пласираат во лигата врз база на мерит (второто по ранг европско првенство + лига). Вака мислам би било подобро.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.320
Поени од реакции
10.357
Не се разбираме. Супер лигата би имала помал хејт ако се базира на учество на екипи кои заслужиле да бидат таму на спортски план. Стави 4 wild cards за екипи кои мислиш дека ке ти го кренат рејтингот на највисоко можна гледаност, кои не успеале таа сезона да направат поголем успех, но никако да имаш над 60% загарантирани тимови.

Домашните лиги се најдобар показател до каде е некоја екипа со форма и тоа треба да се искористи кога се прави план кои екипи ке учествуваат за наредната сезона. Ако идејата е во СЛ да се натпреваруваат најдобрите екипи, тогаш навистина не ми е јасно што бараат таму загарантирано Арсенал и Тотенхем. Вторите, да не го направија стадионот, се сум на мисла дека и еден Евертон ке влезеше пред нив таму.

Самото менување на концептот на учество, ја ке викнам кого сакам, а не кој заслужил да биде таму, тоа е она што го убива фудбалот.


Објаснив на некој друг дека за да некој инвестира толкава сума на пари мора да има сигурност, а што носи сигурност освен клубови со огромни фан бази и маркетинг. После тие 23 години сигурно ќе има некоја друга политика,а можеби и порано бидејќи верувам дека и клубовите мора да исполнуваат услови кога би биле дел од таа лига. Пак ќе кажам јас гледам од бизнис гледна точка и тотално го оправдувам концептот од страна на инвеститори и клубовите. Како и да е, мислам дека Лига на Шампиони ќе стане Супер Лига и УЕФА пак ќе лапа пари. Тој е единствениот резултат што не го посакувам во оваа ситуација, секое друго решение дали ги банирале избркале угасиле овие 12 ми е win win за мене како гледач
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.966
Поени од реакции
67.749
Објаснив на некој друг дека за да некој инвестира толкава сума на пари мора да има сигурност, а што носи сигурност освен клубови со огромни фан бази и маркетинг. После тие 23 години сигурно ќе има некоја друга политика,а можеби и порано бидејќи верувам дека и клубовите мора да исполнуваат услови кога би биле дел од таа лига. Пак ќе кажам јас гледам од бизнис гледна точка и тотално го оправдувам концептот од страна на инвеститори и клубовите. Како и да е, мислам дека Лига на Шампиони ќе стане Супер Лига и УЕФА пак ќе лапа пари. Тој е единствениот резултат што не го посакувам во оваа ситуација, секое друго решение дали ги банирале избркале угасиле овие 12 ми е win win за мене како гледач
Се слагам од инвеститорска гледна точка, ова ке им направи право богатство. Акциите на Јунајтед скокнаа за околу 6% по објавата дека клубот ке учествува во СЛ. Ама за сите други, сега како што е замислена, никако не е добра.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Тоа е само за еден ТВ. Се доплаќа 10 фунти за уште еден и плус уште 20 фунти за BT и ова се трошоци кои им ги воведуваат секоја година плус а и 10-15 фунти кои имаа во план да опнат PPV :icon_lol: цифриве настрана, лакомоста се дискутира и Скај се далеку од невини на оваа тема. Повеќе ми делува дека плачат зошто дилот не отишол кај нив.

Штом се бунат, очигледно скапо е, gerrard од форумов со години живее во UK и неколку пати има пишано дека Скај го претеруваат.

Од контра протестирачиве што се јавија досега :icon_lol: омилено трио ми се Ерера, Скај и Латас. <3 Мене лицемерието е тоа што ме нервира. Може да ги надмине само ако против идејава се јави оној Мајк Ешли од Њукасл.
Не е една ТВ, цел пакет со 100 канали + Нетфликс.

Еве ти што се можеш да си додадеш на тој основен пакет.

Не е баш ефтино, но не е ни така скапо 70 фунти таму. Кај нас на махtv еквивалент на таа понуда е 17-18 фунти. Тоа е горе доле и колку што е разликата во плати, со тоа што сите други животни трошоци таму ти се полесно покриени, па е полесно да извадиш таква сума за тв.


Пак да кажам, не ми беше целта на муабетот да ги бранам Скај или било кој друга медиумска куќа. Муабетот ми е дека ако си раскаран со сите спортски организации, дури и медиумите се против тебе и ја водат хајката, јавноста веќе не те поддржува во 80%, тебе проектот ти е осуден на пропаст. Не можеш да го узурпишраш цел екосистем, а да не си направиш големи непријатели. Да, оваа 12ка е силна, но собери ги сите што ги изнакупиле правата за домашните лиги и лига на шампиони за наредните години, собери ги сите други екипи заедно и добиваш сила која што е многукратно поголема од таа на одметнаните.
 
D

dobramuzika

Гостин
шалче од ст. паули имав, блузонот што го нарачав пред некое време од официјалната им страна ми стаса денеска, така да, од денеска официјално сум навивач на ст. паули, носете се по ѓаволите јуве и останатите со газовите зинати само за пари.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
И Рома излезе против. Уште Башакшехир им остана на 12-те величествени :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom