- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.560
- Поени од реакции
- 29.153
Се што е погрешно во фудбалот во денешно време напишано во еден пост.А зошто па треба да се правдаат пред некој? Ја имаат моќта, глобални брендови се, ги имаат банките позади себе, ги имаат парите, ги имаат играчите. Вас секако не ви се свиѓа и нема да гледате, што е проблемот тогаш не знам?
Сите вие што глумите некакви фудбалски гандиевци и толкувачи на што е праведно, а што не, колку пати сте се нашле во ситуација да поделите плата некому или да вложите во нешто од свој џеб, па макар и да е локална семкарница? Геријатријава само се прилагодува на ситуацијата, не е крив тој за новите snowflake/тикток генерации.
Истата геријатрија го има спасено Реал од финансиски крах и направи највреден фудбалски бренд од клубот на 21 век без да го продава на разноразни олигарси. Не знам колку си запознаен, но во самиот статут на Реал Мадрид стои дека доколку клубот не оставрува профит автоматски се отповикува управата и се свикуваат нови избори. Заради тоа Реал Мадрид во вакви услови прикажува некој минимален профит, пошто работат крајно рационално, но сигурно не може да го купи Мбапе кога имаш шеик во Париз кој во вид на спонзорства преку разноразни фирми истура милиони во ПСЖ и плус ги поткупува УЕФА/ФИФА. И се наевам дека нема ни да го повикаат во новата лига и ќе му го искупат цел тим да види како е на своја кожа, па нека се заканува после дека Реал Мадрид ќе ги претворел во такси компанија.
И да, очигледно е дека човеков е предолго во фудбалот и не ги гледа работите само од аспект на тв гледач или просечен кладионичар. Располагаат со податоци клубовите и увиделе дека интересот на младите не е фудбал и само размислува гласно (не значи дека ќе се оствари) како да им го врати фокусот на фудбалот. Тоа е јасно дека за вас фудбалските фанатици е ерес и ќе наиде на осуда, ама и без вас се живее.

Кур ме боли за вложувања, плати, тикток генерации и каков бренд направил он.
Фудбалот е направен од сиромашните. Не е за брендови и за пари, туку за забава. Најдобрата споредна работа на светот. Доволно е погрешна ситуацијава како што е сега, со ова отцепување и глумење елита, толку од фудбалот. Во фудбалот требаше да се носат мерки и некои регулативи за колку толку да бидат сите изедначени, а не уште повеќе да се зголемува таа разлика. Ме боли кур дали Барса - Реал ќе донесе 50 милиони приходи. Секогаш е подобра опција коа рандом екипа од небитна лига ќе си игра курташак со овие екипи. Тоа е убавината на фудбалот.