Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Правила воспоставени од страна на кој, на Уефа? Сериозно сакаш да навлагаме во кредибилитетот на една организација како Уефа?
Да не се збуни нешто со ова картеливе, да не ги помеша малце?
Добро а не треба да постојат некој правила и некое тело што ќе ги воспоставува тие правила?
Тури и пепел на Уефа, подобра у европа има од неа?
Фифа исто, алтернатива?


Е сеа Перез и Ањели ќе си ја раководат лигата без надзор и ќе прават што сакаат?
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Многу ствари се разјаснија после интервјуто,еве ги сите quote од Перез.
Ова е далеку отидена работа и од ова нема враќање назад,ниту фанови ниту Гери Невил може да ги спречи овие.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Ова е најлошото во ситуацијава. Луѓе ги мислат сега УЕФА за светци, а полоши се :D
Па они не можат да сфатат дека УЕФА ја направи цела оваа пиздарија, зашто не се научени да ги тргнат емоциите на страна кога влегуваат во некаква дискусија.

Токму таа УЕФА направи цел фудбалски свет да зависи од 20 екипи, екипи што ако се одделат од првенствата, првенствата и останатите екипи ќе пропаднат.
УЕФА е таа што не сака да седне на маса со нив зашто знае дека ја има изгубено преговарачката моќ и дека ако влезе во некакви преговори ќе бидат во подредена ситуација.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Правила воспоставени од страна на кој, на Уефа? Сериозно сакаш да навлагаме во кредибилитетот на една организација како Уефа?
Да не се збуни нешто со ова картеливе, да не ги помеша малце?
Со целата криминогеност и корупција, уефа е сто класи над оваа група од 12 клубови кои решија да го приватизираат фудбалот. Затоа и сите федерации застанаа рамо до рамо со уефа. Изолирани се овое 12 тима против целиот фудбалски свет.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.498
Ај од оваа перспектива:
Си праат овие лига. Што тука ја намалува компетитивноста во националните лиги? Напротив. ЛШ постои и во нив се пласира нпр. 7,8,9 од премиер односно 1,2,3 од останатите 14 тимови кога ќе ги исклучиш овие 6. Ете им шанса што никогаш или ретко кога ја имале, ЛШ, пари...ако не е тоа предизвик незнам што е. Плус нели 12кава според кајгана ќе калкулира значи ете шанса и за национална титула. ЛШ ќе има пак пари пошто нели според мнозинството овде пре би ги гледале Бетис-Вест Хем значи тв правата ќе пиштат. Е сеа, ако не е така односно ако нема пари УЕФА без самобендисаниве 12 значи тие ги правеле парите а УЕФА им ги трошелааа. И испаѓаат потполно во право да не ги боли уво. Работава е или играјте за нас или тешко вас а овие 12 им праат едно зз чао. Ќе се среди ова и нема да настрадаат помалите толку само што се префрла власта од паразити во ненаситници.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Се сложуваме. Само па не иде 100 клубови во еврпа да страдаат ради 12 великани што трошеле повеќе него што можеле. Сите бркаат успех и верувај успехот во фудбалот е најбитен. Ако Сити што троши по 150+ милиони на играчи секоја година не освојува титули тогаш џабе му е се. Не смее заради 12 екипи да се уништи се што со години се правело. Сите бизниси се економски нестабилни, никој не им е крив што се на раб на банкрот, веќе има и банкротирани тимови, имаш и тимови ко Нотингем Форест што биле алфа и омега па паднале 2-3 дивизија итн. Некако не ги жалам, нека си се борат за својот успех, борбата за успех е тоа што го прави фудбалот да биде најатрактивниот спорт у свет. Ако нема борба, ако нема ризик, ако нема награда и казна тогаш ќе нема ни жар.


Плус што е интересно, не може да нема „слаби“ екипи, мора некоја екипа да изгуби, мора некој да биде 1 и некој да биде 12 место. Не постои натпреварување без слаби и јаки екипи.
Исто така, дури и во таа НБА иако има стабилни тимови, исто има и огромен број на тимови + имаш и екипи што служат само за билдање разлика и за плеј оф можат само да сонуваат сезоната и имаш супер тимови како Лејкерс и Нетс на пример што направија. Значи најдобрата лига у свет ги има и Мемфис и Лејкерс, а не е составена само од Лејкерс, Бруклин итн. (не пратам многу нба се глеа)
Иако и во Нба има огромна разлика од пре-сеазон, сезона и Плеј Оф. Нормално најгледан е плеј офот. Нешто како ЛШ :D
И тие слаби тимови во НБА си се финансиски стабилни. Инаку проблемот не е само кај овие 12 клубови. Мислам не се разбираме. Не се сите бизниси економски нестабилни. Имаш генерирани приходи и расходи.
Тука целиот бизнис ти се заоснова на богат газда кој ќе гори пари со надеж дека ќе освои титула. Ако немаш такво нешто не можеш да опстоиш.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Ај од оваа перспектива:
Си праат овие лига. Што тука ја намалува компетитивноста во националните лиги? Напротив. ЛШ постои и во нив се пласира нпр. 7,8,9 од премиер односно 1,2,3 од останатите 14 тимови кога ќе ги исклучиш овие 6. Ете им шанса што никогаш или ретко кога ја имале, ЛШ, пари...ако не е тоа предизвик незнам што е. Плус нели 12кава според кајгана ќе калкулира значи ете шанса и за национална титула. ЛШ ќе има пак пари пошто нели според мнозинството овде пре би ги гледале Бетис-Вест Хем значи тв правата ќе пиштат. Е сеа, ако не е така односно ако нема пари УЕФА без самобендисаниве 12 значи тие ги правеле парите а УЕФА им ги трошелааа. И испаѓаат потполно во право да не ги боли уво. Работава е или играјте за нас или тешко вас а овие 12 им праат едно зз чао. Ќе се среди ова и нема да настрадаат помалите толку само што се префрла власта од паразити во ненаситници.
Ај вака, што заслужуваат сезонава Арсенал и Тотнем да бидат у оваа елита повеќе од Вест Хем и Лестер?

Зашто да не биде со испаѓање? Или пак со квалификации?
Нели е малце дрско и безобразно 12 тимови да диктираат и да бидат газди на европскиот фудбал? Да не фермаат институции како Фифа и Уефа, сопствените федерации итн?
Ова не е начинот. Сигурно можело и подобро да се направи. Вака дифтарски не смее да се дозволи. :)
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
713
Поени од реакции
937
Јас иако не бев навивач на Лестер, сезоната кога ја освоија лигата, намовнав, ко да сум навивал за нив цел живот.

Се радуваш затоа што со пониски приходи, од нигде никаде освоил титула, помеѓу неколку гиганти во лигата.


Оваа година, пердашен е Јувентус, на мапата на стара слава шо имаме слушано за Милан, Арсенал, големиот Челзи па и Тотенхем, че правеле своја лига. Ова мора да е некој синдром на супериорност и со среќа нека му е.


Пре би гледал Волвс - Лестер, отколку некои манекени шо се собрале демек си играме фудбал.
И таа мала шанса шо ја имаа, сега ја немаат другиве клубови, освен "избраните".
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.498
Ај вака, што заслужуваат сезонава Арсенал и Тотнем да бидат у оваа елита повеќе од Вест Хем и Лестер?

Зашто да не биде со испаѓање? Или пак со квалификации?
Нели е малце дрско и безобразно 12 тимови да диктираат и да бидат газди на европскиот фудбал? Да не фермаат институции како Фифа и Уефа, сопствените федерации итн?
Ова не е начинот. Сигурно можело и подобро да се направи. Вака дифтарски не смее да се дозволи. :)
А кој тебе ти рече дека ќе нема испаѓање и квалификации? Само јасно е дека овие секогаш ќе присуствуваат како основачи. А со што заслужиле што викаш? Ваљда според популарноста влечат најголема фан база што значи најмногу пари а тоа и е основата на овој потег. Како побогу газди, тие си се тргнаа настрана сами 12, еве ви ЛШ УЕФА играјте си без нас. Проблемот е што цел европски фудбал ги бара нив 12 а не обратно.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Човекот игра компјутерска симулација. Од чиста мира вели дека доколку не се интересни мечевите, тие ќе бидат пократки. Толку, не мора веќе да се дискутира на оваа тема. Нека затвори модератор.

Патетично или не, ако фудбалот беше на кислородна поддршка досега, сега ќе биде баш мртов. Додуша, додека постојат два камења и топка ќе постои и играта, но...

Не е интересен дуелот. Нема потреба од тренер, тактика. Тактиката и тренерството би го гушеле снобовскиот концепт и играта за инвалидизираните во умот. Би ја намалиле забавата. Нема голови, нема забава, нема Ник од Тексас со тропалки и извици ,,Гоу Челзи ејнџелс, гоу".
Само ѕвезди кои ќе жонглираат и резултати 5:5, бајо мој.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
И тие слаби тимови во НБА си се финансиски стабилни. Инаку проблемот не е само кај овие 12 клубови. Мислам не се разбираме. Не се сите бизниси економски нестабилни. Имаш генерирани приходи и расходи.
Тука целиот бизнис ти се заоснова на богат газда кој ќе гори пари со надеж дека ќе освои титула. Ако немаш такво нешто не можеш да опстоиш.
Бенфика има над 1 милијарда заработено од играчи во последни 10 години. Во др тема баш вадев статистики.
Муабетот е друг, еве како фан на Интер, ќе го зеам него за пример
Ако Интер не може да одвои 30 милиони плата за Халанд на пример, тогаш тотално погрешно ќе биде неговото купување. Секој тим има пресметано колку ќе земе на крај на сезона, барем груба пресметка. Е сеа ако ти имаш расход 400 милиони а приход 300 милиони тогаш лошо го работиш клубот - т.е бизнисот. :)

Јас не верувам дека тие 300-400 милиони многу ќе им помогнат. Сите 12 екипи ќе имаат по толку пари, па конкуренцијата, и финансиската моќ само ќе ги зголеми цените на играчите. Само нема да гледаме просеци од по 60 милиони евра туку од по 100. А ѕвездите место 140-160 ќе идат и по 250 можеби. Сепак ќе ги спомнам пак Сити, на нивните газди не им е проблем и 500 милиони да ги лупнат летово, а на Реал и Барса им е проблем и 100. Тоа што и Сити и Барса и Реал ќе земат по 300 милиони од тв права не ја намалува разлика помеѓу нив само ја зголемува разлика помеѓу Барса и Севиља која што ќе остане со 40 . :)


(бројкиве на памет ги кажувам да доловам поента)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Да додадам само, најруганиот клуб од сите тука, Арсенал е на таа позиција зашто долги години работеше - колку заработува,толку троши додека другите клубови лупаа 150 милиони за играч. Да отворам во фан клубот сигурно пола постови се плачење за трансфери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom