Пред деведесетите, фудбалот глобално беше многу поизедначена игра. Само за пример, Реал страдаше во бивша Југославија, губеше не само од Црвена Ѕвезда туку и од екипи како Ријека. Се разбира, тогашните Ѕвезда и Ријека беа за класи подобри од денешните, но и Реал беше за класи послаб од сегашниот, најмногу поради лимитот од 3 странци по екипа. Немаше голем јаз, и затоа овие натпревари беа супер-атрактивни за гледање а „големите“ екипи се тресеа на секое гостување.
Ова подоцна се наруши од фудбалско-административни причини (Босмановото правило) и нефудбалски причини (Економскиот колапс на источниот блок).
(...)
Тоа е исто како да оправдаш разбојник кој ограбил банка, затоа што тоа ќе му донесе повеќе пари. Колку пари прават си е нивна работа, се додека се придржуваат до воспоставениот систем како и сите други. Овие сакаат со пуч да избегаат од системот кој ги прави богати, ама не доволно богати. Тоа е алчност.
Јас се сложувам со таа теза дека за да се добие поголема конкуренција, треба да се воведат повеќе забрани. Дури нека не бидат дозволени ни три странци. Како што во турнирски систем е многу полесно послаб да исфрли посилен.
Но, овој процес не може да се врати назад, освен ако не дојде до растурање на ЕУ и пропаст на глобализација. Босмановото правило, наречено по еден фудбалер алкохоличар, не е донесено од некој чиновник на УЕФА, ниту од богатите клубови, туку е последица на пресуда на Европскиот суд.
Неизвесноста не исчезнала, можеби се намалил бројот на клубовите кои можат да освојат, но не се знае однапред кој ќе освои, но точно, се губи и таа минимална шанса послаб почесто да игра со посилен. Но, дали се губи и атрактивноста, не знам баш. Затоа што атрактивност е кога играат горе-доле рамноправни клубови кои се надигруваат, а не кога еден чека чудо да се деси. Иако и е*еш спорт, ако нема чуда.
И фудбалот како игра е побрз, поатрактивен, подинамичен и поквалитетен сега, отколку пред триесет години. Јас сум малку будала, па сум гледал доста стари натпревари и скоро сите финалиња на ЛШ (или како и да се викала) што се достапни и не може да ме убеди никој дека тогаш се играл поквалитетен фудбал отколку сега. Нормално, има нешто што е еволуција, промена на правила, но и најбитно концентрација на квалитет.
И тоа најчесто најодвратни финалиња (или некој друг натпревар од завршница) е кога игра еден клуб од Источна Европа (кои исто биле посилни од други затоа што биле форсирани политички). Едно од најодвратно финале е и најмитското на овие простори, тоа помеѓу Марсеј и Црвена Звезда.
Поентата ми е дека со тоа што со тек на време ако се намалил бројот на клубови кои што можеле да освојат (можеби поточно бројот на држави од каде доаѓаат клубови со шанса за освојување), не се намалила атрактивноста и убавината на фудбалската игра, па ниту неизвесноста иако сега е во друг облик.
А и мене ми е глупо што се повеќе се губи таа можност некој послаб да може да сонува за нешто големо, но тоа е процес кој започнал уште од формирањето на првите турнирски натпреварувања. Историја на фудбалот е и историја на концентрација на квалитет, првин тоа било на локално ниво, па се шири се повеќе и сега е на глобално. И тоа што го прават Борусија Д. и Ајакс е исто многу нефер, тие ја користат својата моќ да ги соберат најдобрите таленти од цел свет и потоа да заработат на нив. Па имали нешто што повеќе го уништува тој "стар фудбал", од тоа локални деца да не играат за локални фудбалски клубови (или барем за најдобрите во нивната држава)? А тука овие клубови беа наведени како некои што сега ќе бидат оштетени.
Можеби ќе го доведат до крајност овој процес и ќе пукне, па ќе се враќа на старо, но за сега ова е некоја природна еволуција на фудбалот, посебно во време на глобализација.