- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.264
- Поени од реакции
- 26.132
Ако ми досади Јунајтед - Реал, ќе гледам Ливерпул - Барселона, или Јувентус - Челзи. И да, има интересни средби помеѓу мидтејбл тимовите, затоа што не се загрозени за опстанок, а не се борат за ништо и играат опуштен и отворен фудбал.Не знам зашто упорно го тераш наративот за утакмиците со послабите екипи. Еве мене многу често ми се поинтересни некои утакмици у премиер лигата што се повеќе "споредни", отколку некоја поголема утакмица у лига на шампиони. Еве сезонава, Астон Вила, Лидс, па дури и Вест Хем пример понудија интересна варијанта. И не мора да е ни тоа, и Барнли сакам да ги гледам кога ќе се судрат у нивниот стил против некој.
Да, гледање на Јунајтед - Реал неколку пати у годината ќе здосади. Многу арно не е на арно што би рекле. У ЛШ поентата е баш дека има доживљај кога ќе се погодиш со некоја таква екипа да играш, да се ископаш за двобој со друга јака екипа од друга држава. Ова би можело да функционира и да биде интересно само ако има 60 екипи онака, ако NFL нешто. Мене би ми било срање, ама мислам дека така би било поприфатливо. Под услов да се само европски тимови, се разбира, и онака коа више Европа се обединува.
А тоа дека е све политика и финансии, и дека и УЕФА сама си е крива, никој не го оспорува. Two wrongs don't make a right tho.
И во новата лига ќе има мидтејбл тимови што после некое време ќе играат опуштено и за престиж, и тоа ќе биде десет пати поинтересно од Астон Вила - Лидс, затоа што ќе играат поквалитетни играчи.
Дополнително, бар засега, се збори само на замена на ЛШ со ова натпреварување. Сигурно имаат милион идеи како да го подобрат и ќе го прават тоа. Ама првичната победа, на тие што го генерираат профитот, врз паразитите од ФИФА и УЕФА (кој тој профит го делат низ вукојебини за столчиња на стадион во Дупени и мито низ целата структура) е огромен чекор напред кон креирање натпреварување со прав мерит.