Бреее, откако немаше ништо во 10:30, не очекував да има официјална најава и дека ќе чекаат денес да видат дали ќе се договорат со УЕФА нешто.
Сега веќе мислам дека нема назад, и ќе го истераат ова до крај. Како што реков, нема да има проблеми со привлекување клубови, ќе молат за учество. Ако некој клуб сака да е еден од најсилните во Европа, ќе мора да учествува во лигава, иначе ептен ќе заостане со финансии и ќе ги изгуби најдобрите играчи.
Прегледај го приврзокот 292644
Минатата година кога се дознаа детали, ако добро памтам и Баерн, Дортмунд и ПСЖ беа во 15те основачи. Ама очигледно на германциве им е проблем тоа со структурата на клубот каде и фанови мора да одлучуваат, а ПСЖ се врзани со СП 2022. За ПСЖ сигурен сум дека после тоа ќе се приклучат, а верувам и Баерн ќе се избори за учество затоа што сигурно нема да си дозволат да заостанат зад елитата и да се натпреваруваат во Европа со второразредни клубови.
Не чека бурен период, во објавата викаат и дека ќе работат со УЕФА и ФИФА сега за да се договорат заедно како ќе се прави понатаму. Веројатно ова ќе биде на врвот, па после ќе има едно или две натпреварувања од УЕФА каде ќе играат второразредни клубови. Најмногу ме интересира како ќе ги организираат 5те промоции секоја сезона. Веројатно најдобрите од тоа натпреварување на УЕФА ќе одат во Супер Лига.
Не верувам да има некакви сериозни последици од лигите, не можат да си дозволат.
Иначе, кој е коефициентот дека цела нокаут фаза заедно со финалето ќе се игра низ Америка и Азија?