Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Милан види го беее хахахахахахахаха:pos::pos::pos::pos: 15 години едвај интертото место боксуваше у лигата, сега ќе играл со големите деца фудбал.

А јас си реков бар тука ќе нема срамови, си кикснал со Гетафе, си кикснал со Кадиз... кога ете ти ги Милан :notworthy:
 
Страшна глупост, тотално уништување на фудбалот каков што го знаеме и на помалите тимови.

Топ 6 од ПЛ жими патлаков, според моменталнава табела само 2 екипи од овие 6 би играле ЛШ наредна година.
За која цел би играле сега екипи како Лестер, Евертон, Вест Хем, Наполи, Лацио, Рома, Севиља итн во домашните лиги ако нема ЛШ?

За која цел би играле "елитниве" клубови ако нема испаѓање а знаат дека нема да освојат ништо?

Ако се протне ова се надевам дека ќе ги исфрлат од домашните лиги и купови сите тимови, вклучувајќи и тотална забрана за настап на натпревари под УЕФА и ФИФА за сите играчи.
Мислам дека ја преценувате моќта на ФИФА и УЕФА. Ете и да се деси тоа, кој ќе го гледаш, Арсенал во оваа лига или Евертон и Севиља?
 
Аххх да големите, успешни, историски клубови Тотенхем и Лајпциг, без кои ваква супер-дупер лига не би можела да се замисли и без кои не би можел да се спаси фудбалот.
Тотенхем има повеќе историја и од Челзи и од Сити за Лајпциг е друга работа.
 
Значи ништо од бродолом сценаријата дека ќе забранат репрезентативни настапи на играчите од овие клубови?

Го изедоа уефа и фифа

Така сами би се дотепале Уефа и Фифа.
 
Значи ништо од бродолом сценаријата дека ќе забранат репрезентативни настапи на играчите од овие клубови?
Ќе забранат репрезентативни настапи само ако сакаат Несторовски и Тричковски да им играат финале Еуро или Светско :D
 
Фала курцу. Редно беше. Сега уште да се доволно “паметни“ националниве лиги, да ги суспендираат, па да баталиме гледање глупи натпревари.
 
Значи ништо од бродолом сценаријата дека ќе забранат репрезентативни настапи на играчите од овие клубови?

Го изедоа уефа и фифа
А и како по ѓаволите би забраниле? Тоа би повлекло проблем со репрезентациите, не одат нпр.Франција, Англија, Италија, Шпанија и Германија. Што ќе организираат,турнир с.Добреноец?
 
Ова е класично кој ве ебе не ми се игра со вас сиротињи ние најбогатите ке си играме меѓу нас.

Класично уништување на фудбалот и целиот систем.Само за загаранторан профит се прави ова.

Фифа и уефа колку и да се мафијаши прв пат сум на нивна страна.На нивно место би ги банирал сите играчи од интернационални купови и екипите од сите домашни лиги да си попијат исписница пошто ги понижуваат останатите помали клубови со ова затворено натпреварување. Па после да ги видам што ке прават све да им изнаебам ја на нив.
 
Така сами би се дотепале Уефа и Фифа.
Јасно, мислам дека немаат ни правен инструмент да го направат тоа.


Ќе забранат репрезентативни настапи само ако сакаат Несторовски и Тричковски да им играат финале Еуро или Светско :D

Врти сучи пак доаѓаме на тема гледаност и фан база. :D


А и како по ѓаволите би забраниле? Тоа би повлекло проблем со репрезентациите, не одат нпр.Франција, Англија, Италија, Шпанија и Германија. Што ќе организираат,турнир с.Добреноец?

Ни јас не верував ама такви постови имаше на форумов, веројатно шпекулации.
 
Мислам дека ја преценувате моќта на ФИФА и УЕФА. Ете и да се деси тоа, кој ќе го гледаш, Арсенал во оваа лига или Евертон и Севиља?

Не сакам да го гледам Арсенал во оваа лига, не сакам да ја гледам оваа лига затоа што ќе биде налик на пријателски куп.

Пре би ги гледал Евертон и Севиља ако завршиле топ 4 во своите лиги, отколку Арсенал и Милан кои завршиле 8-10 место во лига.
Зашто би имал подобар квалитет натпревар на Арсенал и Милан отколку Евертон и Севиља?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom