Secret
Видовте се расфрлав со ниски оценки и си викате дај да го погодиме у слабата точка, нешто азиско за да крене на оценки. Статива. Добро до душа, не е до толку лошо, ова е за мене малце над просек. Па ај со ред.
Многу ме разочара фактот што го дознав плот твистов уште во првите сцени, кога овој и рече како се викаш, и таа Скај се сврти и рече па ти кажав. Мнооооогу аматерски одиграно, после сценава знаев дека или е мртва оваа и овој ја замислува или има нешто друго ама битно она не постои во тој момент, до некаде. Малце ми го посраа уште од старт. Океј, после тоа еден саат ме отепа со лигавење, знаејки на каде води, али беше гледлив само ради прекрасната музика. Уживав во неа.
После твистот
ми го крена темпото, и малце ме живна. Тие колку беа, 20 минути, ми беа најдоброто нешто во филмов. Некако успеа да ми ги направи интересни иако ги очекував.
Се мислам да не ми го споилнеше твистот може и ќе се ежев, дека реално после во ниту една сцена немаше некој знак за било каков твист. И ќе беше сосема солидна 7-ца, вака само
6/10 и тоа само ради музиката, пијаното, таткото и последните 20 минути.
Две работи, примативте дека денсот на тоа забавата беше копија на Ума и Џон од Pulp Fiction, и другото, кој бе руши школо со функционално пијано во него и со цела библиотека, кој??