FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Secret

Видовте се расфрлав со ниски оценки и си викате дај да го погодиме у слабата точка, нешто азиско за да крене на оценки. Статива. Добро до душа, не е до толку лошо, ова е за мене малце над просек. Па ај со ред.

Многу ме разочара фактот што го дознав плот твистов уште во првите сцени, кога овој и рече како се викаш, и таа Скај се сврти и рече па ти кажав. Мнооооогу аматерски одиграно, после сценава знаев дека или е мртва оваа и овој ја замислува или има нешто друго ама битно она не постои во тој момент, до некаде. Малце ми го посраа уште од старт. Океј, после тоа еден саат ме отепа со лигавење, знаејки на каде води, али беше гледлив само ради прекрасната музика. Уживав во неа.

После твистот 1618606971682.png ми го крена темпото, и малце ме живна. Тие колку беа, 20 минути, ми беа најдоброто нешто во филмов. Некако успеа да ми ги направи интересни иако ги очекував.

Се мислам да не ми го споилнеше твистот може и ќе се ежев, дека реално после во ниту една сцена немаше некој знак за било каков твист. И ќе беше сосема солидна 7-ца, вака само 6/10 и тоа само ради музиката, пијаното, таткото и последните 20 минути.

Две работи, примативте дека денсот на тоа забавата беше копија на Ума и Џон од Pulp Fiction, и другото, кој бе руши школо со функционално пијано во него и со цела библиотека, кој??
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Secret (6/10)
Музиката ми беше супер, посебно ми беше интересно кога свиреа со 4 раце на ист клавир, назачки со една рака, и натпреварот меѓу двајцата.
Љубовна приказна, која чудно завршува.
Мислам дека поприфатливо ќе ми беше да излезеше дека девојката е дух :)
п.с. Не додадов: дечкото на крајот рескираше да погине во обид да се врати кај неа - не разбирам таква љубов, вон моите поимања за љубов е тоа :(
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.356
SECRET

Јас мислев дека е ова типична азиска тинејџ-романса-комедија, немав поим дека има фантастични елементи. Искрено, да го немаше тоа, којзнае и 2/10 дали ќе добиеше од мене. Иако, не беше нешто којзнае колку оригинално, мал милион пати сме го виделе истото на филм, и во Холивуд (The Lake House) и вo Азија (Your Name.), и тоа далеку подобро изведено од тука. Во моментот кога му избега Rain и отиде кај таа старката, си напраив и сам таков филм - еј, колку би било појако тоа да се случи (само јас помислив дека можеби старката би било јако да е Rain, а не мајка и), ама ни на крај памет дека навистина ќе отиде во таа насока. И баш зашто не го очекував моментот, доби малку повисока оценка од што заслужува. Инаку, многу cheesy филм. Ко soft верзија од Sex is Zero да гледав. Најискрено се сомневам дека Азијатите IRL се слични на овие дечишта, особено на тие двајцата другари на Jay кои поим немав што к. бараат во филмов. Инаку, филмов најдобро би го опишал ко live-action верзија на спој меѓу When Marnie Was There и Your Name. со добра пијано музика во позадина и cheesy лигава тинејџ-романса. 6/10 од мене. Сепак, солидно.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.838
Поени од реакции
23.117
Secret (2007)

По 4 обиди, конечно изгледан.
Првите три обиди севкупно дали 20-30 мин. изгледав.

Ултра досаден и спор почеток.
Моментот на филмот очекуван, па не предизвика кај мене некое возбудување. Иако рака на срце имав и други теории за неа, ама една од тие беше дека само он ја гледа. Имаше убави сцени за гледање. Музиката ок немам забелешки иако ме утепа од замарање тоа бескрајно свирење па премотував тие некои делови. Глумата би рекол подпросечна, но карактеристично за азијциве.
Другите делови со непотребните карактери и лигавењето се веќе спомнати па да не се повтараме.
Се на се, просечен филм, не е нешто што би избрал да го гледам и мислам дека тоа што беше достапен на Нетфликс беше најголем фактор да го изгледам до крај.
Ќе му дадев петица, ама ајде некако се извади при крајот со сликата од 1979 што малце ме потсети на Dark и оние теории забегани што ми идат во глава па иде 6/10.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Глумата би рекол подпросечна, но карактеристично за азијциве.
Не знам колку азијски филмови имаш гледано за да генерализираш вака :D

За мене лично корејската синематографија заедно со глума е најдобра во свет.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.838
Поени од реакции
23.117
Не знам колку азијски филмови имаш гледано за да генерализираш вака :D

За мене лично корејската синематографија заедно со глума е најдобра во свет.

Па немам гледано нешто премногу. Дали 30-40?
Некако не ми се најомилени азијциве за глума. Пре би шпански или француски да гледам. Ете од тие што ги имам гледано Паразит и The Drug King ми оставиле добар впечаток но останатите онака.
Сигурен сум дека имаат добри филмови кои можеби ќе ми сменат мислење, но некако тешко се одлучувам да гледам некој азиски филм. Ете Окја, Воз до Бусан и останати пошуларни наслови не ми се сеуште гледани.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И јас се согласувам со @SK-92 што се однесува на азиската глума. Некако ми се исти, еднолични, праволиниски и на некој начин комични, ми немаат емоции.
Од тоа што имам изгледано, филмовите се топ, мастери за мистерија, плот твист, хорор, трилер моменти ама не можам да издвојам некоја конкретна глума, да речам у тој и тој филм тој/таа одглуми врвно. Мислам, не дека глумат лошо, баш напротив, ама ништо спектакуларно.

Ајде денеска нов предлог.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
И јас се согласувам со @SK-92 што се однесува на азиската глума. Некако ми се исти, еднолични, праволиниски и на некој начин комични, ми немаат емоции.
Од тоа што имам изгледано, филмовите се топ, мастери за мистерија, плот твист, хорор, трилер моменти ама не можам да издвојам некоја конкретна глума, да речам у тој и тој филм тој/таа одглуми врвно. Мислам, не дека глумат лошо, баш напротив, ама ништо спектакуларно.

Ајде денеска нов предлог.
Ме тилтнуеш да ти набројам тука неколку корејски филмови, па да видам дали истово ќе го мислиш. Исти, еднолични каков расист ахахах

Иначе ја сум следен, ако сакате и вечер ќе презентирам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.838
Поени од реакции
23.117
Иначе ја сум следен, ако сакате и вечер ќе презентирам.
Ако можеш и сега.
А ако Злате сака тоа да биде секој Понеделник, можеш да пуштиш по приватна порака за да го гледам вечер.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ме тилтнуеш да ти набројам тука неколку корејски филмови, па да видам дали истово ќе го мислиш. Исти, еднолични каков расист ахахах

Иначе ја сум следен, ако сакате и вечер ќе презентирам.
Ајде бе дај, мош ќе најдам некој негледан, да видам што имаш у предлог.
Само трилери-мистерии-хорор глеам од тоа поднебје да знаеш.

Иначе не, нејќеме да презентираш филм на ден кога фактички и треба да го презентираш. Не е проблем. :D
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Ајде бе дај, мош ќе најдам некој негледан, да видам што имаш у предлог.
Само трилери-мистерии-хорор глеам од тоа поднебје да знаеш.

Иначе не, нејќеме да презентираш филм на ден кога фактички и треба да го презентираш. Не е проблем. :D
Смири живци бе у понеделник се презентира ахаха, I don't make the rules sry. Ама ќе пишам збор два малце покасно ајде, вајда Злате нема да се налути :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Смири живци бе у понеделник се презентира ахаха, I don't make the rules sry. Ама ќе пишам збор два малце покасно ајде, вајда Злате нема да се налути :D
У право си, ајде да го почекаме Злате, да не се мешаме у штипки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom