Ви текнува кога беа сериозен клуб?
Ама стварно, ова не е ни провокација или што знам, стварно е малце загрижувачки што Арсенал од сериозна екипа додје до тоа да биде 9 место во лига, најверојатно да не игра во Европа догодина и да е do or die натпревар против Славија.
Нели, секој меч е битен и се тоа...
Ама хајп меѓу фанови, екипа, играчи... некој од играчите го цитираше и Черчил, демек ќе се борат со Хитлер, а не во 1/4 финале против Славија со 500 повредени играчи.
Барем да беше нешто Ајакс, Рома, било што, малце ќе се сфати.
И Челзи биле во оваа ситуација и играле со посериозни екипи од Славија па никогаш не било презентирано како "ДЕЧКИ ДАЛИ СМЕ СПРЕМНИ ЗА ВАКА НАПНАТ НАТПРЕВАР ЌЕ БИДЕ ЈАКО ДА ГИ БОДРИМЕ НАШИТЕ ИГРАЧИ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НЕМА ДА ПОТКЛЕКНАТ"
А нели, за Арсенал во оваа позиција ептен е битно натпреварувањево, а и треба да биде.
Ама муабетот е... до пред 5-6 години само Арсенал го гледаа купов како утеха за тоа што не се во ЛШ. И од тоа...паднаа на тоа овој куп да не им биде сигурен.
Лошо водена екипа, мора да се оправи нешто брзо, инаку уште долго време ќе бидат во слична ситуација.
Во време кога Евертон и Лестер се ок водени како екипа... нема оправдување за падов на Арсенал.
И да повторам, не е ни хејт ни провокација, на фудбалот му фали квалитетен Арсенал поради името што го носи, стварно е малце шубе да се хајпаме сите фанови на Челзи/Јунајтед/Ливерпул за "ууу, јако ќе биде, дерби со Арсенал, да видиме што утакмица ќе биде ова, ќе има жар", а од друга страна самиот Арсенал да вика "ууу, Славија Прага со 10 повредени играчи, ќе биде интересно, дали ќе победиме или не..."
Еве и Јунајтед играа со Гранада па убеден сум дека немале постирано нешто "СО ШТИТОТ ИЛИ НА НЕГО. МОЖЕБИ СМЕ МАЛЦЕ, МОЖЕБИ НЕМА ПУБЛИКА НО НЕ СМЕЕМЕ ДА ПОТКЛЕКНЕМЕ! САМО ЕДНА ЕКИПА СО ЦРВЕНО ЛОГО СМЕЕ ДА ПОСТОИ! ДАЈТЕ ЖАР ДЕЧКИ ПРОТИВ ГРАНАДА ЕПТЕН БИТНА УТАКМИЦА ЌЕ БИДЕ!! ОВА.Е.МАНЧЕСТЕР. ВАМОООС"