UEFA Europa League

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Арно рече тој да почне со Броуби, влезе батето по две минути гол даде, да почнеше од прва со него можи ќе се пласираа :D
Автоматски споено мислење:

Колку се загреота овие Рома како екипа...ако се е во ред Јунајтед ќе се прошета до финале...1% шанса нема Рома да помини.
Штом ти рече ќе се прошетаат, од старт нешто не е во ред :ROFLMAO:

Ми го зарече Феликс кутриот заборави фудбал да игра, како недоносено седмаче се понаша на теренот.
 
Колку се загреота овие Рома како екипа...ако се е во ред Јунајтед ќе се прошета до финале...1% шанса нема Рома да помини.
Тебе те убив, чесен збор. Оломнани истото го рече на ПСЖ - Јунајтед, дека ПСЖ ладно врви, Јунајтед нема 1% шанси, знаеме што се случи.
Ќе научам каде живееш БТ, мисли му ја. :нинџ:
 
Колку се загреота овие Рома како екипа...ако се е во ред Јунајтед ќе се прошета до финале...1% шанса нема Рома да помини.
Со овој твој коментар, шансите за Рома автоматски се качија на 60-70%, фала ти:love:
Автоматски споено мислење:

3 пати пројде центар Рома, 3 гола даде во 180 минути. Крвта да му ја ебам на Тејлор за голот, а и општо за судењето, сеа на крај каква акција им прекина на Рома... :facepalm:
Да играше Рома на пример против Реал и Рома да ги имаше многуте шанси на Ајакс, а Реал да поминеше понатаму, ти ќе дојдеше тука и ќе речеше, види ги бе овие Рома, гниди никакви, не знаат гол да дадат, Реал рутинирано и на искуство ги помина.. знам дека така ќе си искоментирал, затоа мршш тамм :P
 
Да играше Рома на пример против Реал и Рома да ги имаше многуте шанси на Ајакс, а Реал да поминеше понатаму, ти ќе дојдеше тука и ќе речеше, види ги бе овие Рома, гниди никакви, не знаат гол да дадат, Реал рутинирано и на искуство ги помина.. знам дека така ќе си искоментирал, затоа мршш тамм :P
Не бе бро зш да коментирам така. Факт е дека Рома ги искористи буквално сите шанси и нешанси во двомечов. Нормално, не дека треба да го дискредитираме пласманот во полуфинале ради тоа, сепак одолеваа на нападите на Ајакс и ги отупеа до максимум. Ајакс после голот вчера освен поништениот гол на Тадиќ немаше други шанси. Искрено мислам дека немаат никакви шанси против Јунајтед, многу се посилни од секој аспект.
 
Тебе те убив, чесен збор. Оломнани истото го рече на ПСЖ - Јунајтед, дека ПСЖ ладно врви, Јунајтед нема 1% шанси, знаеме што се случи.
Ќе научам каде живееш БТ, мисли му ја. :нинџ:

Не се секирај, ова е new, improved @Трибиани , не промашува прогнози.
 
Финале Виљареал - Јунајтед моја прогноза.
Иако би сакала Англиско финале ама гуд ебенин ќе ги истреси Арсенал, премногу искуство има Емери во ова натпреварување.
 


Ви текнува кога беа сериозен клуб? :place:
Ама стварно, ова не е ни провокација или што знам, стварно е малце загрижувачки што Арсенал од сериозна екипа додје до тоа да биде 9 место во лига, најверојатно да не игра во Европа догодина и да е do or die натпревар против Славија.

Нели, секој меч е битен и се тоа...

Ама хајп меѓу фанови, екипа, играчи... некој од играчите го цитираше и Черчил, демек ќе се борат со Хитлер, а не во 1/4 финале против Славија со 500 повредени играчи.

Барем да беше нешто Ајакс, Рома, било што, малце ќе се сфати.

И Челзи биле во оваа ситуација и играле со посериозни екипи од Славија па никогаш не било презентирано како "ДЕЧКИ ДАЛИ СМЕ СПРЕМНИ ЗА ВАКА НАПНАТ НАТПРЕВАР ЌЕ БИДЕ ЈАКО ДА ГИ БОДРИМЕ НАШИТЕ ИГРАЧИ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НЕМА ДА ПОТКЛЕКНАТ"

А нели, за Арсенал во оваа позиција ептен е битно натпреварувањево, а и треба да биде.

Ама муабетот е... до пред 5-6 години само Арсенал го гледаа купов како утеха за тоа што не се во ЛШ. И од тоа...паднаа на тоа овој куп да не им биде сигурен.

Лошо водена екипа, мора да се оправи нешто брзо, инаку уште долго време ќе бидат во слична ситуација.
Во време кога Евертон и Лестер се ок водени како екипа... нема оправдување за падов на Арсенал.

И да повторам, не е ни хејт ни провокација, на фудбалот му фали квалитетен Арсенал поради името што го носи, стварно е малце шубе да се хајпаме сите фанови на Челзи/Јунајтед/Ливерпул за "ууу, јако ќе биде, дерби со Арсенал, да видиме што утакмица ќе биде ова, ќе има жар", а од друга страна самиот Арсенал да вика "ууу, Славија Прага со 10 повредени играчи, ќе биде интересно, дали ќе победиме или не..."

Еве и Јунајтед играа со Гранада па убеден сум дека немале постирано нешто "СО ШТИТОТ ИЛИ НА НЕГО. МОЖЕБИ СМЕ МАЛЦЕ, МОЖЕБИ НЕМА ПУБЛИКА НО НЕ СМЕЕМЕ ДА ПОТКЛЕКНЕМЕ! САМО ЕДНА ЕКИПА СО ЦРВЕНО ЛОГО СМЕЕ ДА ПОСТОИ! ДАЈТЕ ЖАР ДЕЧКИ ПРОТИВ ГРАНАДА ЕПТЕН БИТНА УТАКМИЦА ЌЕ БИДЕ!! ОВА.Е.МАНЧЕСТЕР. ВАМОООС"
 
Држи вода ова што го збори, цело време зборам дека ЛЕ е андеррејтед, хаос се групните фази, се и сешто се дешава, добра шанса е за мали екипи да играат во Европа, а секако, четврт и полуфиналињата скоро секоја година даваат интересни натпревари

Баталете го кликбејт насловот дека е бољи од ЛШ, муабетов е дека е стварно интересно натпреварувањето за фанови што немаат екипа фаворит.

Динамо-Тотенхем двомечот беше позабавен од било кое 1/8 финале у ЛШ

Автоматски споено мислење:

Па и тоа у квалификациите Милан кога играа со тимот на Лукас Пиазон ептен напната утакмица беше, понапето од ЛШ
 
1619724024494.png


Емери за Артета е Пеп
 
Брат немаш некој северџан да те вработи во некојаа канцелараја да буфташ постови по социјални мрежи? :D
Немам видено друг човек што ужива да пишува вака.
Од кај знаеш , можеби работи :rolleyes: :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom