Јас земав исто Нитро 5 само друг подмодел, конкретно
овој. Се ти е исто само серијата на процесорот, 8 vs 16 гига рам, и refresh rate кај мониторот, ама според тоа за што ти треба мониторот мислам дека ништо од ова нема да ти прави разлика, така да мислам овој ти е најдобар за парите. Под оваа цена ептен слабо има лаптопи со посебна графичка, набилдани се цените, општо и малку лаптопи добри има на залихи. Јави се и прашај прво каде имаат спакуван, пошто во повеќето продавници ќе им е последен изложен оставен, па да заштедиш време.
П.с. Кога играш некоја захтевна игра знае бајги да бучи, ама обично “гејмерските“ лаптопи имаат и подобро ладење, така да не би требало да имаш проблеми со прегревање, иако јас никогаш не би претерувал со гејмање на лаптоп 24/7.