Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Нема да не затворат, ќе си продолжат со овие мерки до Велигден ама тотален карантин не верувам.
Автоматски споено мислење:

Колку мислиш дека е процентот на заразени до сега ? Од официјалната бројка поголем е со сигурност бројот, со оглед на тоа што не се тестираат оние кои имаат контакт со заразено лице, дури и тие со лесни симптоми се лечеа дома ни тест ни бутур.
Познавам многу лица кои направија тест за антитела и испадна дека ги имаат а претходно не направиле тест за корона.
Сум сретнал по изјави од медицински лица дека е околу 40 посто. А и имаше едно истражување во Скопје на рандом луѓе и беше околу 30 посто. Но тоа беше на сред бранов, а и Скопје има многу поголема густина, па таму полесно се шири вирусот.
 
Член од
28 април 2020
Мислења
237
Поени од реакции
321
Браво за Србите, пример за сите во "унијата"
Ne znam da li više i glasači LDP-a, stranke Čedomira Jovanovića koja ne može da pređe cenzus od pišljivih 3%, i dalje zagovaraju ulazak u EU, a kamo li prosečan građanin Srbije. Evropska Unija je predmet sprdnje, ne samo u Srbiji nego i širom sveta. EU je ekonomsko-politički projekat koji funkcioniše samo kada sve ostalo funkcioniše, a to je nikad. Prosečan Srbin je srećan kada se ne zatvori neko retardirano poglavlje u pregovorima. Ja prosto ne mogu da verujem da neko želi da njegovu državu zadesi sudbina Bugarske ili Hrvatske. Srbija i posle svih ovih ratova, bombardovanja u poslednjih 30 godina, sankcija i ostalih nedaća ima veću prosečnu platu od Bugarske koja je poslednji rat imala pre 80 godina i u EU je već 14 godina. U se i u svoje kljuse. Sarađuj sa svima ali koliko ti je u interesu. Niko ti neće pomoći ako ne pomogneš sam sebi.

Послато са SM-A520F помоћу Тапатока
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.606
Поени од реакции
22.336
Бележиме пад на новозаразени, дали на лудилото му се гледа крајот ? Со оглед на тоа што секој втор беше заразен можно е да стигниме до тој колективен имунитет ?
Ако веруваш во тоа, дека денес се воведуваат мерки и од утре, ете и задутре, паѓаат бројките поради мерките, тогаш да, навистина паѓаат. Ако ме сфати.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ако Србија треба да се крсти во остатоците од ДОСманлискиот режим, уште од сега нека се откажат од црвени линии. ЕУ е не реформирана и како таква или ќе стагнира или ќе пропадне. А тука е и старото правило "империјата која не се шири, пропаѓа!". Затоа треба да го остават Вучиќ, каков и да е, да си ја заврши работата. Одлично се справи со Ковид пандемијата, има вишок вакцини и има срце да донира. Останатите држави ги чуваат, а дел имаат креирано и вишоци.

Проблемот не е во тоа. Проблемот е ставот на Владата дека нема да откупи од Србија вакцини! Србија има лиценца за производство и продажба на руската вакцина. Ќе започнат со производство во мај. Нашите сметаат дека нема потреба да се откупуваат вакцини од Србија затоа што до мај ќе сме имале доволно вакцини!

Држава која помина низ војни, 100 милијарди направена штета '99, држава која беше под санкции, држава која наследи најголем дел од долгот на Југославија и држава која длабоко беше заглавена во социјализмот е еони пред нас. А притоа не е ни во #НиеСмеНато.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.178
Поени од реакции
11.937
Ќе биде заебано за Велигден. Ако не затворат со полициски час- психози и хистерии, ако не пуштат да се распрскаме по Охриди, Дојрани, дворови, роднини , ќе го рашириме уште толку.
Одржувај дистанца, носи маска, миј редовно раце и проветрувај простории. Така никого нема да заразиш.

Шетата што досега ова не успеавме како колективитет да го примениме во пракса.
Власта е виновна за руинраното здравство и за обиди за профитерство со респиратори (ова сите го заборавија), со вакцини, со кредити за ковид ситуацијава, НО и народот е да го бесиш по плоштади.

Впрочем, не почитуваш мерки, те застана МВР, не мора казна. Одиш на список и ако ти и твоја потесна фамилија стигнете до потреба за болничко лекување - нема батец. Нека те лечи баба Рада со чаеви.

Не можеме децата и пензионерите да ги ставиме под контрола, а очекуваме подобро утре. Тешко тоа.

Нема да стигнат толку вакцини колку што најавуваат, но и да стигнат бадијала бидејќи народот нема масовно да пристапи кон вакцинација.

Во секој случај, покрај ненормална влада живееме и во ненормално општество па резултатот е ова што го гледаме.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.515
Поени од реакции
11.478
Останатите држави ги чуваат, а дел имаат креирано и вишоци.
Вакцинален национализам. Пример за тоа е Канада. Има толку голем број на вакцини обезбедено за да може 2 пати да го извакцинира своето население. Тек допра ќе следи препродавање на вакцини.

И понатаму вакцините се најголема надеж за крај на пандемијата и колективен имунитет, но за да се постигне тоа мора вакцини да има и за најсиромашните земји. Не може со 565 милиони дози од 7,8 милијарди население (1 доза). Тоа е еднакво на 7,2%. За да се постигне колективен имунитет потребна е висока вакцинална стапка. Кај morbilli е 95%. Кај polio 80%. Кај kovid19 минимум 70%, но според најновите студии оваа бројка варира. Така што бројот е некаде измеѓу 70 и 90%. Тоа тек допрва треба да го дознаеме со помош на вакцините.
 
Сиромашните земји мора сами да си ги купат вакцините односно Канада може вишокот да го прададе, а не да го донира. Даночните обврзници во Канада ги платиле тие вакцини. Можеш да се солидаризираш за 10.000, но не и за милиони вакцини.

И САД има одреден вишок, со оглед на тоа дека чека и одредена количина од Ј'н'Ј.

Македонија има шанса да купи вакцини од Србија за неколку месеци. Ама може и навистина да не ни требаат затоа што околу 10% од населението се пријавило за вакцинација (150 и нешто илјади!). Но проблемот е во што од старт се отфрла можноста за купување вакцини од Србија. Мораат сите можности да ги држат отворени. :)
 
Апсолутно да, но не ме разбираш. Од богатите и развиени држави кои купуваат три пати повеќе вакцини од што му е потребно, сиромашните не може да дојдат на ред. Па така се предвидува, дека богатите земји може да стигнат до тоа завидно ниво на вакцинација некаде до средина на јули евентуално август годинава. Земјите во развој наредна година, 2022 и евентуално 2023. И сиромашните земји, тука посебно акцент се става на африканските земји до крај на 2025 година.
Што значи дека тој колективен имунитет и не е баш блиску како што ни се чини. Тука се наметнуваат и други проблематики, од типот 'патување само на вакцинирани', што претстсвува еден вид дискриминација за државите кои немаат обезбедено вакцини. Тек допрва следуваат последиците од ненавременето обезбедување вакцини.

Можеби сега може да се обезбедат вакцини преку Србија да, но тоа не го пречкртува фактот за ненавремено обезбедување вакцини во држава која сака да се носи рамо до рамо со ЕУ земји.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Вакцинален национализам. Пример за тоа е Канада. Има толку голем број на вакцини обезбедено за да може 2 пати да го извакцинира своето население. Тек допра ќе следи препродавање на вакцини.

И понатаму вакцините се најголема надеж за крај на пандемијата и колективен имунитет, но за да се постигне тоа мора вакцини да има и за најсиромашните земји. Не може со 565 милиони дози од 7,8 милијарди население (1 доза). Тоа е еднакво на 7,2%. За да се постигне колективен имунитет потребна е висока вакцинална стапка. Кај morbilli е 95%. Кај polio 80%. Кај kovid19 минимум 70%, но според најновите студии оваа бројка варира. Така што бројот е некаде измеѓу 70 и 90%. Тоа тек допрва треба да го дознаеме со помош на вакцините.
Третите земји ќе се вакцинираат со руска и кинеска вакцина. Едно од најдобрите стратешки размислувања во моментов е производство на вакцина, која и да е. За жал Србија веќе ги зема руската и најверојатно кинеската вакцина. Грција има големи шанси да земе производство на Фајзер согласно грчкото раководство во самата фирма. Јас во вакви времиња би дала поддршка на АЗ и дури би играла со идеја со производство, очекувам набрзо да се смени трендот.
Само не гледам било каква „нормалност“ и визија во сегашнава постава и уште помалку конструктивно размислување.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.708
Поени од реакции
16.921
Член од
14 август 2006
Мислења
45.378
Поени од реакции
84.626
Бизнисот со вакцини ќе цвета во овој свет, кој најверојатно се спрема да биде пеколно место за антиваксерите. На годишно ниво треба изглеа. Како грип.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Македонија има шанса да купи вакцини од Србија за неколку месеци. Ама може и навистина да не ни требаат затоа што околу 10% од населението се пријавило за вакцинација (150 и нешто илјади!). Но проблемот е во што од старт се отфрла можноста за купување вакцини од Србија. Мораат сите можности да ги држат отворени. :)
Вакцини можеме да купиме од било кого. Но треба да ги платиме. Српските за нас се прифатливи единствено ако се подарени. Кинеските се прифатливи ако може да се лапне дебела провизија.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.708
Поени од реакции
16.921
... На годишно ниво треба изглеа. Како грип.
бетер...до сега кој земаше вакцини против грип ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom