Толку изнапишува за да не кажеш ништо.
Само си мислиш дека нешто суптилно пишуваш, а е многу провидно.
Ти си ми барал конкретни постови, очигледно. Повеќе ценам пис-јазик и пцуење отколку ликови без интегритет.
Ако неќеш да примаш удари, не влегувај у рингот. Си имал прилика и нешто аргументирано да напишеш и тогаш и сега, ама полесно ти било да најдеш како јас дрско сум му вратил на некого, со пцуење.
Најде мудрости у битушанец...имало "дискусија", па уше бот ми пишуе...за тебе губам енергија, гитла ај
Не те цитирам тебе, шушулко, не се секирај. Ова е за помладите.
Феноменов глејте го. Е, и учете (тие помали шо сте на форумов) како не треба. Значи, јас пишувам дека „А
БЦ, Братот, Мисирков, па после битушанец, брутус...некои од овие квалитетно бранеа ставови, некои помалку квалитетно“, односно дека првиве тројца солидно, а другиве двајца лошо, со крајна поента дека не го правеле тоа агресивно, макар шо го правеле лошо и не нанесувале штета на партијата. Иде шушулко, чита толку колку шо му е капацитетот, разбира колку шо му е капацитетот... и затоа шо е арогантен у неговата неукост, реагира. Ај шо реагира, па и лаже, вика „си нашол мудрост во битушанец“, а такво нешто ниту е напишано, ниту се подразбира. Ама ако шушулко го пише, со сите негови hehenca добри сто пати, шушулко мисли дека станува реалност.
Му викаат на дотичниот дека, прво не разбрал сирот шо било напишано, а второ, самиот тој припаѓа во групата агресивни токсични ботови и му даваат пример (за тоа дека е бот) од два негови постови, еден у време на Грујо, кога шушулко викал дека Грујо не продал сосе гаќи на „татариштата“ и дека не смееме никако, НИКАКО да имаме контакти со нив, за во време на Заев истиот шушулко, кога стварно не продадоа на бугарите сосе гаќи преку договорот за „добрососедство“, да пишува како тој договор бил „прилично мудар“ и како „не смееме да се караме со соседите“.
Тука веќе шушулко е на автопилот. Се вклучува старата испробана методологија на измислување грбка кај соговорникот, покажување со прст и викање „хаха, Квазимодо“. Па измислува дека сум го бранел паторот, сум немал интегритет, сум имал гангрена, сум крадел овошје од комшијата, не сум рециклирал, ја лично сум ги убедил тие 8 да гласаат за промена на името, сум знаел кај е закопан Џими Хофа, сум го обесил Епстин за да не каже шо сум праел.
Е тоа, драги помлади членови, се вика очај. Не за џабе кажале дека ранетото животно е најопасно. Значи, прво, никако немојте да лажете, да измислувате и да вреѓате соговорник (ако не е тоа реципрочно). Второ, интелектуалната сиромаштија не ја надокнадувајте со ароганција и дисквалификација на поумните. Некогаш скромноста е доблест, сите треба да бидеме свесни колку ни е долга чергата. Трето, според мене најважно, после секоја негативна интеракција, направете интроспекција, да видите каде сте вие и дали сте ја заслужиле таа негативна интеракција, дали може од тоа нешто да научите, да извлечете ука, да станете поарни луѓе. Никако не дозволувајте дифолтот да ви биде напаѓање, врескање и омаловажување на другиот затоа шо, ете, вас ве стаил на тапет. Внесете малце космицизам во вашиот светоглед, спуштете го гардот и прифатете го секој заслужен момент на зреење.
Ова, секако, не важи за шушулко. Он е cautionary tale за останатите.