- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Еми да, образоваха са преди сто и повече години. Та и на српски, романски, грчки, турски. Арно ама сега е 2015 и Македонците се образуваат главно на светски јазици. Од купиштата постови со кои цврсто нè стегате во братската прегратка -- оти, нали, како „прародители“, и како „правите оригинали“ сакате да ни отворите очи -- е, од нив срцето ни се топи и одма добиваме желба да ја смениме азбуката и граматиката, та да се вратиме во прегратките на оригиналниот ни јазик. Еве додека пишувам, ми течат солзи и ми се размачка апликацијата за бугарски пасош.Или не си отворил увото за да чуеш добро.
Разлики има предимно во акцентот и некои зборови.[DOUBLEPOST=1424375743][/DOUBLEPOST]
Зависи за каква разлика зборуваш. Македонците се образоваха на литературниот бугарски пред реформата от 1945 година, четеха вестници на истиот литературен бугарски, книги,литература...тоа како некоj говорил во Кратово, Битола, Скопjе,Сандански или Софиja е прашане на локални разлики.
Службениот jaзик на териториjaта на днешна Македониja е бил србскиот или бугарскиот- се зависи по кое време го гредаш.Се знае после 1945 година станува македонски.
Много интересени са фактите после 1945 както во НРМ и во НРБ,а уште поинтересни са фактите при создаването на бугарската книжовна норма(официалниот jaзик) во XIX век.
Денес втор јазик во Македонија де факто е англиски. За помалку од десет години децава сегде на Балкан ќе учат англиски -- од градинка, па до факултет -- како задолжителен јазик. Шо ќе значи тоа? Дека ќе станат Англичани или Амери? Зошто за македонските деца англискиот е најинтересен и најпопуларен? Бидејќи се ориентирани кон светот и дека укапирале дека јазикот е битна алатка за успех. Ги боли за Бугарија. Возрасните Македонци ги боли к*р на кој јазик читале нивните прабаба и прадедо, во чија војска служеле, и како даскалите им ударале ќутек и ги терале да се изјаснуваат. Преку к*р им е некој да им кажува што се и каков им е јазикот, особено полуписмени шовинистички лузери.
Пробај да го сфатиш следново сценарио: дури и пред 15 минути македонскиот да бил инаугуриран, меѓународно прифатен и изучуван, и официјализиран, тоа е сосем доволна причина истиот да стане инстантна реалност. Македонскиот јазик и идентитет де факто постои 60 години и време е да се разбудите од шовинистичко-хегемонистичката кома и да прошетате надвор, да ве фати ава. Бладањата за „бугарскиот происход на македонскиот јазик и идентитет„ и „херојското“ бугарско минато се за муабети за пред гранап или во селска биртија. Не проаѓаат во цивилизирани и информирани дебати.
Македонците и Бугарите совршено можат да се разбират кога постои взаемна почит кон идентитетот на другиот. Такви Бугари познавам, и со нив одлично се разбираме. Со тебе и другиве ќе се пишуеме по форуми. Најверојатно за џабе, а галиба и бадијала.
Последно уредено: