Ако гледмае за наредна сезона, и имаме у предвид дека нашата управа е способна за 1-2 топ трансфери во едно лето (во овие услови на пандемија), тогаш најдобро е да се задржат и Погба и Кавани. Точно, Погба (и неговата придружба) често си играт со Јуанјтед и во подобри услови сите би биле за негова продажба. Ама ова лето:
- Никој нема да ја плати сумата која и Јунајтед и тој (за богат договор) ја сакат,
- Имаме приоритетни позиции за покривање со нови трансфери, со продажба на Погба ќе се направи дополнителна дупка. Во тој случај дефинитивно нема да купиме квалитетни засилувања за сите позиции = Уште една сезона во транзиција.
- Со продажба на Погба, Јунајтед нема да стане подобар тим. Најдобрите утакмици оваа сезона ги имаме со Погба на терен.
Во Кавани имаме расен напаѓач каков што немало од ван Нистелрој (можеби РВП). Уште една сезона со Кавани ќе е најдобро пред се за Гринвуд и Рашфорд, да учат и да имаат ментор. Се гледа дека неговото влијание во тимот е многу повеќе отколку само головите (движења, осет за простор, one-touch финишинг, итн.). Ни треба долгорочен напаѓач, ама у меѓувреме уште една сезона со Кавани е win win за сите. Плус, би било одлично матадорот да биде поздравен од полна арена, да здрви некој гол пред публика на Стретфорд Енд.
Добра опција за продажба е Џеси, да успеат да го вметнат во дил за Рајс. Ќе ја намали цената за 20тина милиона. Таков играч ни треба, плус Џеси во Вест Хем игра како Меси, win-win за сите. Ем нема да мора да се искешира целата сума шо секако ќе биде 70-80 милиона. Деклан Рајс со Погба и Бруно изгледа ветувачки.
Друг за продажба би бил ДДГ. Ако одиме со Хендерсон како бр.1, излишно е ДДГ да седи на клупа и да зима 300+К на недела. Ама, дали има некој кој може да му понуди атрактивен договор? Со негова продажба би се ослободиле доста финанскиски средства. Ќе се донесе Сем Џонстон како резева, игра во добра форма, стигна и до репрезентацијата, нашо дете од академијата кој шо секако нема да сака да игра во Чемпионшип со ВБА. Ромеро и Џоел им истекуват договорите, речиси сигурно си одат на лето. Голмански опци за догодина: Хендерсон, Џонстон, Грант, Бишоп. Ќе заврши работа.
Одбрана - во идеално сценарија би требало да се донесе партнер на Мегваер. Дали ќе се случи тоа ова лето? Не сум сигурен (поради можноста за други дупки спомнати погоре, кои би биле поголеми дупки од Линделоф и Беји). Тука треба да се реши исто така шо ќе се прави со Далот. Дали ќе добие шанса да конкурира со АВБ за десната позиција или ќе си бара место во друга екипа. Лево ги имаме Шо и Телеш, централно Мегваер, Линделоф, Беји, Туанзебе, (можеби едно ново засилување?), десно ги имаме АВБ, Далот (?), Вилијамс. Позајмици за Менги и Лерд кои играт супер оваа пролет на позајмците и мислам дека имат шанса за прв тим со добар развој (за сезона - две). Ако останува Далот, може и Вилијамс на позајмица, му требат минтуи. Одбраната би се подобрила многу и со доведување на некој квалитетен ДМФ (читај Рајс погоре), би рекол дека таа позиција е побитна за засилување отколку стопер.
Среден ред - ако го задржиме Погба се би било полесно. Со еден трансфер на ДМФ би биле значително подобрени. Пример - Рајс, Погба, Бруно, плус МекТоминеј, Фред, ван де Бек како втори опции. Плус би ги имале Мата (ако му се продолжи договор на +1 година) и Матич. Уште една позајмица за Гарнер (кој игра феноменално во Нотингем Форест, често е МОТМ, еднаш беше и капитен, почна и со голови), а Андреас е за продажба. Не вереувам дека ќе може да извлечеме некоја сериозна сума од него, има лоша сезона во Лацио. Лингард да го искористиме во дил за Рајс (спомнато погоре).
Напад - е тука е интересно и можеби делот во кој сме најтенки (на квантитет). Рашфорд игра со еден куп повреди цела сезона, Погба почна да добива минути на лево крило, Џејмс пречесто е првотимец, десно крпиме без природно десно крило (Гринвуд не е крило, Џејмс не е десно крило, Рашфорд исто) - сето тоа е последица на дупка која конечно мора да се пополни. Десно крило е приоритет ова лето (мое мислење десно крило повеќе од шпиц). Овде ни требаат засилувања, а ако не се продолжи договорот на Кавани, десно крило и шпиц би билe must buy (ова во предвид со другите математики спомнати погоре, мислам дека е mission impossible за нашата управа). Рецимо лево ги имаме Рашфорд и Џејмс, десно ги имаме Гринвуд и Амад, централно ги имаме Кавани и Марсијал. Проблемот е во: Кавани - веројатно ќе се враќа во Јужна Америка ова лето, Марсијал не е достоен за прв шпиц што би носел по 20+ гола на сезона, Гринвуд не е природно десно крило, Амад е премлад - еве сеуште ретко добива шанса, камо ли да се очекува нешто повеќе од него, Џејмс е играч за ротација. Во нападот ни треба ем квантитет ем квалитет. Свесни сме колку често не можеме да пробиеме екипи кои се бранат со низок блок. Ни треба свежина во нападот. Чонг и Пелистри веројатно ќе одат на нови позајмици, не се спремни за прв тим на Јунајтед. За засилување, реална опција е Санчо, мслам дека ова лето ќе има достижна цена. За напаѓач - често споемнуваните Халанд и Кејн мислам дека се нереални опции - ќе коштат 100+ милиони само за трансфер сума, плус договори, итн. За Халанд веќе се почна со лицитација од Мино и татко му. Реална опција - немам идеја. Се надевам дека Оле има.
Сума сумарум, задржување на Погба и Кавани + засилување на ДМФ и десно крило е приоритет (се друго би било дополнителен бонус со оглед на пандемијата и способноста на нашата управа). Ова е некако моментално согледување, има уште месец-два фудбал + европско, да видиме како ќе биде до тогаш со форма, повреди и слично. Колу порано се фатат со работа, толку подобро.