Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Шала настрана. Летото 2019 кога се вртеа шпекулации, баш сакав да го земат. Но последните година и нешто дена фрли доста сомнежи, ајде што не е многу дисциплиниран, туку стана и доста склон на повреди.
Уште една десетка, а имаме други приоритети
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Шала настрана. Летото 2019 кога се вртеа шпекулации, баш сакав да го земат. Но последните година и нешто дена фрли доста сомнежи, ајде што не е многу дисциплиниран, туку стана и доста склон на повреди.
И Грилиш се изјасни како фан, па го изигнориравме. Лани идевме на квантитет место на квалитет, така да ојде возот со него. Мадисон ми е некоја трета опција за средина, ако се цели на појачување на тој дел.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Не викам дека и ваков состав нема да пројде, ама јас ја гледав Гранада со Наполи, го угушија, го сомлеа едноставно. Големи се шансите нашиов резервен состав да добие по капата, ако баш вака потценувачки им излеземе.
Потполно се слагам, доста незгодни се Гранада и не смее да се потценат. Составот беше пишан како дел од категорија на желботеки од Фудбал Менаџер. Очекувам барем Ван Бисака и Погба да стартуваат место Вилијамс и Скот, а можеби и Рашфорд. Шо, Мегваер и не ми текнува третиот кој беше, изгледа Скот.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Додека е Бруно во екипата нема никогаш да донесат скап играч кој би ја покривал 10та, така да заборавете на Грилиш или на Мадисон. А голем проблем е што нема кој да го замени или одмори Бруно. Тоа е уште една причина повеќе за тоа дека Погба не смее да се продаде, затоа што тој може да одигра позади напаѓачите.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ако се донесе уште еден креативен играч во форот (читај Санчо), комотно ќе може Дони да игра на 10ка понекогаш со тоа што Санчо би бил главен креативец во тимот (исто ко во Ајакс, Дони-Зијеч комбинација). Ќе може да комбинираат со интелигентни пасови (како Дони со Мата што правеше на почеток на сезона) и креативниот товар не би се потпрел на Дони. Од позадина може да се убацува и Погба (ако остане).

У суштина, од тоа што можам да приметам околу замислите на Оле, му треба еден квалитетен холдинг мидфилдер како Ндиди или Канте што ќе спие пред одбрана и ќе чисти + еден креативец во форот. Во таква ситуација ако се игра со 4231 вториот пар од пилотот би можел да помага во напад (Дони или Погба) + дијамантот може да биде многу поупотреблив
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Додека е Бруно во екипата нема никогаш да донесат скап играч кој би ја покривал 10та, така да заборавете на Грилиш или на Мадисон. А голем проблем е што нема кој да го замени или одмори Бруно. Тоа е уште една причина повеќе за тоа дека Погба не смее да се продаде, затоа што тој може да одигра позади напаѓачите.
За Грилиш не би рекол. Може да одигра подеднакво добро и лево, а знае да оди и десно. Е сега, во оваа ситуација кога има неколку други поприоритетни позиции за пополнување, да се фрли поголема сума на пари за него е лудост.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.678
Поени од реакции
7.266
Дунда е Оле, нема шанси да искочи со многу неизбалансиран тим. Моја желба за прва 11ка:

ДДГ
Вилијамс - Туанзебе - Баји - Телес
Матич - Скот - Дони
Диало - Гринвуд - Џејмс
Скот Мегваер и Шо имаат казна за жолти нема да играат.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.457
Поени од реакции
419
Од искуството до сега во овакви нокаут натпревари, Оле ротира само ако мора. Среќна околност (за ротација) се суспензиите, па Мегваер, Шо и Мектоминеј ќе одморат. Мислам дека на Рашфорд од клупа не треба ништо повеќе да му се даде. И тој и Гринвуд имаат по некоја ситна повреда. Ако успеат Бруно и Погба да не изиграт по 90 мин. би било супер. Одбранта најверојатно ќе е ДДГ, Телеш, Туанзебе, Линделоф, АВБ. Пред нив Фред и Матич, заради сигурност на одбраната која (речиси) никогаш не е без Мегваер. Беји се врати од Ковид пред ден-два, не верувам да биде одма уфрлен у игра. За напред има опции, се надевам на минути за Ван Де Бек, Амад, можеби Мата, Вилијамс исто.
 

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Уште 2 камбека и ке го срушиме рекордот на Њукасл од 2001
Е многу убаво, ние постарите со слаби нерви да испоцркаме, а? :P

Поарна варијанта е да си почнеме со -1 негатива од старт, помалку нервози да има
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Е многу убаво, ние постарите со слаби нерви да испоцркаме, а? :P

Поарна варијанта е да си почнеме со -1 негатива од старт, помалку нервози да има
Пиша некој во ПЛ темата, да си даваме автогол на почеток најдобро. :D
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Јас веќе се навикнав, знам дека до кај 25 минута ќе губат 0-1, воопшто не се нервирам.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Јас веќе се навикнав, знам дека до кај 25 минута ќе губат 0-1, воопшто не се нервирам.
Да не ја товараше во живо? :)
Пари се правеа на Јунајтед оваа сезона. Над 10 пресврти има сигурно.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Да не ја товараше во живо? :)
Пари се правеа на Јунајтед оваа сезона. Над 10 пресврти има сигурно.
Ниту еднаш. :( А навистина се правеа огромни пари на Јунајтед оваа година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom