... за да се стимулира вакцинирањето во светот имало интересни подароци и поволности:
- во Индија во некои градови, градоначалникот на тие жени кои се вакцинирале им подарувал златен пирсинг за нос, а во други градови вакцинираните добивале гратис ваучери за пазарување во маркет, а и гратис влезници во Луна Парк, а посебно за мажите кои биле вакцинирани добивале гратис ваучери за поправка на автомобил, канцелариски материјал, а во некои градови вакцинираните добивале понизок ддв при купување на артикли,
- во Кина во некои градови на секој вакциниран следело подарок од по две табли јајца,
- во Русија се нудело сладолед за вакцинираните,
- во Израел вакцинираните добивале Кока Кола, алкохолно и безалкохолно пиво, пици и колачи,
- во Дуаби три големи ресторани на своите услуги давале 10 % попуст за вакцинираните со прва доза и 20% за вакцинираните со две дози,
- во САД на некои места, вакцинираните добиле крофни, марихуана, пиво, карти со видео игри, пуканки или бесплатно изнајмување маска за нуркање,
- во Јапонија за вакцинираните им следело бесплатен традиционален ручек (но пак имало малку заинтересираност околу вакцинирањето)
- во Мексико немало никакви стимулациони мерки, зошто тие мислат дека самото вакцинирање преставувало празник па додека чекале ред за вакцинација танцувале,
...се прашувам ние каде сме тука, во тие кои ќе бидеме стимулирани со подароци или во тие кои ќе танцуваме додека чекаме за вакцинација?
или пак никаде, оти нема да имаме веќе вакцини, времето ќе покаже!