- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.082
- Поени од реакции
- 12.632
Една од најголемите грешки на Тони Сопрано во целата серија - самиот му призна дека го фаворизира исклучиво и само бидејќи се роднини, а историски речиси сите поголеми глупости низ историјата се случиле токму како последица на семејното наследување.Многу трогателен лик
Типот беше зависник од Холивуд и од наркотиците од самиот почеток, сакаше себеси да се гледа како модерен гангстер кој ќе ја напише новата историја на мафијата, а потоа и ќе ја сними истата за големото платно.
Убаво му велеше Џуниор на Тони: лекот е истиот како за куче кое боледува од беснило - му ги скратуваш маките. На Тони малку доцна му текна да го примени ваквиот лек на дело.