Секако на попис дека ќе се евидентира. Да не мислиш дека у време на војна ќе се евидентира
Точно е дека цела европа емигрира. Но најчесто евиденцијата се прави кај земјите со високо ниво на емиграција како на пр. Сирија или некои афрички држави. Кај земјите членки на еу нема потреба од такво нешто, затоа што државите на еу ги заведуваат мигрантите кои се од земји членки не еу. Друг пример, Германија ги става во пописот мигрантите од Романија па така Романија ја има таа евиденција за нејзините граѓани во Германија. Двете се земји членки на ЕУ и може да ги користи податоците од Германија. На пописот во Германија освен Германци заведени се и Турци, Пољаци, Италјани, Грци. Исто така заведени се и граѓани од други држави од европа и надвор како Руси, Турци, Сирици, Кинези. Но за бројот на македонци нема таков податок. Македонците се влезени во графата 'Други' или во статистичка грешка.
Затоа нас ни е потребно да ги евидентираме и тие затоа што не можеме да ги искористиме податоците на Германија. Полска и Турција немаат потреба да го прават тоа затоа што нивното население учествува со 2.5% и 3% од вкупното население на Германија и е вклучено во пописот.
Точно попис се прави на населението присутно во државата. Но ние мораме да направиме евидентирање на нашите во странство затоа што сме мала држава и тековите на емиграција на нашето население се многу важни. На пример, точно е дека Германија ќе ги попише нашите таму. Но, еве да те прашам дали има некаде официјален податок колку наши има во Австрија? Јас не можам да најдам. Ако најдеш те молам сподели го.
Е сега, доколку направиме евиденција ние точно ќе знаеме колку наши има во Австрија. Ако се 4000 на пример, ќе знаеме дека 500 се студенти, 1500 се на работна дозвола и 2000 се мигранти со веќе стекнти австриски државјанства но сеуште сакаат да се декларираат како македонци. Е овие податоци нема да ги има во пописот кога ќе го прави Австрија. Затоа што ако се 4000 (онака давам бројка), не влагаат ни во статистичка грешка, туку си влагаат под графата - останати и ги нема како официјални бројки.
Е затоа нас ни е потребна таа евиденција.
Не бе, нема појако од она кога глуп штабски потрчко се обидува да му објасни на нормален паметен човек дека е во право и дека паметниот е тој што ништо не сфаќа
Ај со ред:
1. Зошто во ни една друга земја не се евидентираат нивните иселеници? Ниту онака, а не па на попис, нешто што е официјален акт за пребројување на
населението во државата. Не мора ни да одиме некаде подалеку за држави како Турција, Италија и Израел кои имаат ОГРОМНА дијаспора, еве останатите балкански земји (Србија, Хрватска, Албанија, БиХ) сите имаат голема дијаспора низ светот. Зошто на нивни пописи не ја бројат таа дијаспора? Демек затоа што во Германија се бројат? Веќе те побија со оваа теорија, ти извадија статистика од Австрија, а еве ти и
линк од Германска статистика каде што имаат заведено 115 илјади жители со потекло од Македонија.
линк до википедија
И пак главното прашање е ЗОШТО да ги евидентираме оние што живеат надвор? Зошто ни една друга држава не ги евидентира? Еве Албанија, Ерменија, Словенија, земји со приближна популација како нас, со дијаспори - НЕ ја попишуваат на попис. Зошто е тоа така? За што ќе ни служи податокот дека надвор од Македонија живеат на пример 1 милион Македонци. За мерење курови? Да кажеме на светот "видете колку нè има"?
2. Дали знаеш дека попис е задолжителна работа? МОРА да се пребројат сите жители, во спротивно пописот не е успешен и нема поента. Зошто тогаш за дијаспората не е задолжителен? Што ќе се случува со оние што не се попишале, ќе ги казнат парично? Ќе им забранат да влезат пак во државава?
И пак прашањето, што ни менува нас дали ќе се попишат 100 илјади или 1 милион иселеници? Знаеш ли ти воопшто која е поентата на попис?
Значи, ти сакаш да нè убедиш дека е потребно броење на дијаспората. Јас ти поставувам легитимни прашања кои што ако сакаш да ни докажеш дека си во право - ќе ги одговориш со леснотија, така?