Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Ако веќе не можеме да ја вратиме таа Југославија, можеме да си ја донесеме сега
На добар пат сме. Југославија беше федерација...
Можеш ли ти да го споредиш овој однос на работникот со односот од тогаш кога следувало одмор за работникот и за неговите деца?
Си го сменил мислењето за 180°. Или грешам?
За некој било идеално оти во тој период направил пари за 5 генерации.
Малкумина се такви. Сепак имаше некаква контрола.
Е сега, денес, после Грујо, Бранко, Заев и сите тие, после 30 години живеење во ова, можам со мирна совест да кажам дека СФРЈ беше Бог и Батина за овие држави. Речиси во секој поглед. Сите што викаат дека не е така и дека сега е боље, или лажат, или не се информирани. Нема друго.
Тито со овие политичари денес, не може ни да се спореди.
100% се согласувам.
 
Нема врска дека пропаднал економскиот систем зашто се крадело. Системот пропаднал зашто просто и едноставно не го бивало. Преголеми бенефити за неконкурентен производ со клати врата земај плата. Кредитите си стигале и почна национализам и штампање на пари од Србија, Хрватска, Словенија со што девалвира и динарот. Единствено ние бевме најглупи и тогаш, како и сега, и со крстот на чело и место истиот систем како останатите да го користиме се однесувавме како ништо да не се случува.
Накратко СФРЈ беше најсилна земја на Балканот и милениче на западот заради геополитиката т.е. расколот Сталин-Тито. Економијата и ја даде политиката, а не обратно. После тоа кога се немаше пари за плати се трупаа долгови и тотално пропадна. Да се либерализираше, демократизираше и конфедерираше сеуште ќе си беше просперитетна земја, но се случи Слобо и нече нико да вас бије, па логори по БиХ и знаете натака.

Во поглед на нероденото Македонче во СФРЈ кое пати по СФРЈ немам коментар. Грев е воопшто да се полемизира тоа лузерство. За постарите океј, дел од младоста им е. Нормално е да има носталгија по тие времиња.
 
Во моментов, таа Југославија што пред скоро 50 години по брза постапка затвори граници, прогласи вонредна состојба, карантин и експресно вакцинираше 18 милиони луѓе, делува нестварно.
 
Албанците кои го донесоа од Арабија вирусот одбиле да се вакцинираат првично.
Ангажирале војска веднаш, при вакцинирањето на тие краишта и вакцинирањето течело без проблем.
 
На добар пат сме. Југославија беше федерација...
Си го сменил мислењето за 180°. Или грешам?
Малкумина се такви. Сепак имаше некаква контрола.
100% се согласувам.
Само будалите не ги менуваат мислењата кога се погрешни. Дека сум го сменил за 180, не баш, погрешната политика на комунистите од Св.Николе и Скопје како фамилија дури и јас како трета генерација ја чуствувам но признавам дека за некои работи сум го сменил мислењето но само кон подобро.

Инаку мислев на друго, не на таква федерација.
 
ете колку да знаете сите што мислат дека кредитите ја уништиле ЈУГОСЛАВИЈА , па денес секоја држава поединечно должи многу повеќе него цела ЈУГОСЛАВИЈА тогаш , зошто ??

и ете живуркаат некако за секоја година да прават профит на СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ангажирани во секоја држава поединечно , ЗОШТО ?


здравство,школство,полиција,армија,култура,научни достигнувања на макс левел во ЈУГОСЛАВИЈА , а сега секоја држава поединечно зависи од некоја НАДВОРЕШНА СИЛА, ЗОШТО ??

на неврзаните земји има се даваше технологија , знаења. градење на нивните земји за возврат добивање на репроматеријали,нафта итн итн , НА КОГО ОВА НЕ МУ ОДГОВАРАШЕ И ЗОШТО ?

прочитав доста заблуди и небулози, ако треба уште факти и докази можам да пишувам 200 страни и тоа малку да бидат на оваа тема, но ЗОШТО ?
 
У Југославија имаше добри брендови од запад. Фолксваген, Адидас, Конверс, Нестле...
Али све тоа се правеше во истата земја (под контрола на сопственикот на марката), не се увезуваше.
 
Најак муабет ми е овој демек некој надворешен фактор ја уништил јаката Југославија. :pos:
Не дека Германската дипломатија не работеше на тоа, но Југославија ја уништија самите Југословени, или поточно 3-те народи кои ја владееа: Срби, Хрвати и Словенци. Си бараа сите дали осамостојување или проширување, а на крајот го јадеше Србијанската багра.
Кардељ уште во 60-тите кажал на некој собир дека Словенците ја гледаат СФРЈ како преоден процес до осамостојување, а секако дека се поблиски културно и на секој начин со Австријци, Германци, Маџари отколку со Македонци. Хрватите исто тисучолетни сан, за Србите све е кажано, ескалација на Косово, па промена на раководствата верни на Слобо во покраините(кои носеа ист глас на федерално ниво како и републиките), па потоа берење на сето оружје со се штекерите од касарните, цртање на граници во БиХ итн. Само на овие од што многу им се креваа курињата и беа лакоми, а и несмасни со злосторствата ништо не добија, туку го папаа ептен јако.
Македонци, Црногорци, Бошњаци и Албанци никој не ги прашуваше за ништо од СХС до 1990.
 
Накратко СФРЈ беше најсилна земја на Балканот и милениче на западот заради геополитиката т.е. расколот Сталин-Тито. Економијата и ја даде политиката, а не обратно. После тоа кога се немаше пари за плати се трупаа долгови и тотално пропадна. Да се либерализираше, демократизираше и конфедерираше сеуште ќе си беше просперитетна земја, но се случи Слобо и нече нико да вас бије, па логори по БиХ и знаете натака.
Гледам сите го постираат ова мислење за ДОЛГОТ на СФРЈ.

Сега долгот на сите држави кои произлегоа од СФРЈ е 5-7 пати поголем отколку што и беше на СФРЈ.

За мене тоа е уназадување, не унапредување на Економијата.

За тие што не се сеќаваат Анте Марковиќ имаше одлична економска програма, штета што веќе силите кои одлучија да ја уништат СФРЈ, активно работеа на случајот.
 
Гледам сите го постираат ова мислење за ДОЛГОТ на СФРЈ.

Сега долгот на сите држави кои произлегоа од СФРЈ е 5-7 пати поголем отколку што и беше на СФРЈ.

За мене тоа е уназадување, не унапредување на Економијата.

За тие што не се сеќаваат Анте Марковиќ имаше одлична економска програма, штета што веќе силите кои одлучија да ја уништат СФРЈ, активно работеа на случајот.
Каснеше во сервисирање на долговите СФРЈ. Имаше сериозни проблеми со исплаќање на плати, голем протест имаше во Скопје од страна на вработените во Усје(чинам таа фирма беше). Директорите исплаќаа плати од пари кои ги немаа.
Маркович веќе касно дојде, тогаш картите беа распределени и Слобо и Туѓман веќе беа за поделба на БиХ, како и независност на Србија и Хрватска.
А во поглед на долговите, да денес се поголеми, после криминална транзиција, војни и слабиот развиток на пазарот.
Но во 80-тите веќе СФРЈ не беше поим за добра економија, напротив се гушеше системот, а реформите на Марковиќ беа последен обид за спас.
 
Имаше сериозни проблеми со исплаќање на плати, голем протест имаше во Скопје од страна на вработените во Усје(чинам таа фирма беше).


Јас мислам дека работниците на Железара беа. Протестите беа 1980 мислам, ако мислеше на тој период.
 
Овде станува збор како се живеело во Југославија и дали им недостига тој живот на луѓето кои фатиле од тоа време,а не за последиците што наводно денес ги трпиме како последица на системот во таа држава.Јас сум 78ма генерација и тоа што сум го видел и доживеал како дете во тоа време и тоа општество денешниве деца можат само да го сонуваат.Со другарчињата што се дружевме имаше од сите класи во општеството,од деца на радници па се до директори.Татко ми магиционер во градежно Маврово ОЗТ Механизација без проблем не седнуваше у стојадинот мене и брат ми и одевме у Центар да ни купи Simod патики со потпис на Дражен Петровиќ кои во тоа време беа хит или па Адидас топтенки,Монтка од Словенија Спорт или Левис 501 од Вартекс.И мојот најдобар другар Игор,син на трговски преставник на Краш и внук на генерален директор на Славија беше исто облечен,чак што више они одеа со Фиќо у Лагадин на одмор а ние со Стојадинот у Дубровник по месец дена.Сите јадевме исто и богати и сиромашни,ретко во некој сегмент да се осеќаше дека некој живее поубаво од другите.Така да,ако насловот вика дали ви недостасува Југославија тогаш да,и тоа многу.И тоа јас го фатив најлошото време од Југославија,кризата и мерките што ги воведе Милка Планинц
 
Последно уредено:
У Југославија имаше добри брендови од запад. Фолксваген, Адидас, Конверс, Нестле...
Али све тоа се правеше во истата земја (под контрола на сопственикот на марката), не се увезуваше.


и многу повеќе од тоа..........денес сме задоволни со чајна шит продукти од најнизок левел
 
Денес, ебаните патлиџани и краставици ги увезуваме од Бугарија и Турција.

Грав од Киргистан, ориз и лук од Кина итн како тргнало ни 10% од работиве во маркет нема да бидат домашни поготово со новите ланци. Дури и сувомеснативе производи што се со етикета на домашна компанија се произведуваат со суровина т.е старо месо пред истек на рок добиен од ефтин увоз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom