Здраво на сите имам едно прашање може е
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
ftopic:, неможев да најдам по добра тема за прашањево...
Значи ме интересира каде во Скопје има дизел сервис поточно ми треба некој да ми наштелува притисок на дизни.
за камион? ил за кола? за камион незнам, ама за на кола тоа не се штелова бог зне колку. ако ти се дизните у аут, ке си купиш нови. а знам дека имаат некое штеловање со федерот, им се подместуваат шајбнички за да стиска повеке федерот. е тоа може само бишиста. значи
1. идаш кај твојот локал мајстор да ти ги извади дизните
2. ги носиш кај бошист да ги штелова (му нагласуваш која кола со кој мотор е за да си знае како)
3. ги враќаш кај твојот локал мајстор на монтажа
инаку, бошист ако бараш можам да ти посочам еден кој не е баш евтин, ама тоа што ке го направи направено е:
се вика стојче, во влае е. кога идеш од град и доагаш кај пешачкиот пролаз влајко, ке завртиш на семафорот десно и одма лево. ке продолжиш уште околу 300 метри и од десна страна ке видиш една голема кука со сив алуминиум од напред. има и табла ДИЗЕЛ СЕРВИС стојче. а и да не се снајдеш прашај ги тие на бензинската на мак петрол сигурно го знаат или некој пешак во моментот што проага... стојче е прв бошист во македонија, ретко кој не го знае од оние што се бавтале со дизели. а и таа му е прва локација за сервис како што знам јас... на времето тоа беше шупа една, па гаража, па мало кукаре па сега е куќештија