Вратиће се роде

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.757
Поени од реакции
8.177
Серијата ја имате на netfilm.tv Со едно регистрирање и може да ја гледате легално во HD бесплатно.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Брат, на јутјуб ги има сите епизоди и плус продолжението, роде у магли.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.757
Поени од реакции
8.177
Брат, на јутјуб ги има сите епизоди и плус продолжението, роде у магли.
Мислам дека веќе ги нема нелегално на јутјуб епизодите цели. Ставени се на јутјуб но заклучени кој само на Netfilm.tv сајтот може да ги најдеш за гледање. Netfilm е проект и на самиот Драган Белогрлиќ како заштита против пиратерија на балканските пред се српски филмови и серии.


Мене секогаш некако кога ќе се спомнат српските серии одма ми текнува на оваа серија. Јас сум малку и србоман повеќе гледам српски филмови и серии. Оваа серија мене ми е врвот од серија што се појавила на тв екраните како серија со содржина од ова сегашно време и 21-ви век .
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Ова е дефинитивно најдоброто нешто што излегло на екс ју просторов, дрим тим од актери, невероватно реална и сурова серија, врвна продукција,музика,камера,дијалози, прејаки драма моменти и црн хумор.

Не сум баш по српскиве фимој и серии ама Бјелогрлич е највероватно најдобриот актер за серии? Гледам последнава деценија се прославил и како режисер, ГОАТирал во права смисла на зборот, каков покер фејс и ладен ко шприцер е низ цела серија. Џуричко исто со ненормален перформанс, колку само природно глумеше и како докторски ја обработи улогата. Успеал премногу гледам глумел и во холивудски филмој и серии изминативе години.
За Жика нема што да се каже, Ал Пачино на балканов, каков култен лик и каква појава е Дуле Пацов, одамна не сум се смеел олку на серија или филм.

Целиот кастинг е 10ка, ненормално интересни ликови и глума па да ги спомнам тие што ми оставија поголем впечаток.
Татко му на Шваба доктор по глума, баш представи една права комуњара, многу пати го имам видено тој лик и во реален живот, за Пикац и све кажано не е можно толку кратко да се појави ликот, а да остави толкав впечаток, тука би го ставил и тој мутавиот што работеше на бензиската со неговото "чеш да ти оперем шајбу?"
Од селото би ги издвојил Миленко, баба Ружа и Ратко, каква урнебесна појава беше и тој класичен селски мангуп, пререално представен и одигран.

Штета што има само 25 епизоди, би изгледал уште 30 најмалце од серијава, ама можда подобро вака одколку да ја усерат, барем ке ја паметиме како највероватно најдобрата серија што излегла на овие простори.

Ве оставам со оваа перверзија од инструметал, интрото не го скипнав ниту еднаш во целата серија.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
можда подобро вака одколку да ја усерат,
Па не е целосно, али се приметува промената некаде накај последната третина од серијата. Не се сеќавам точно, дали Пејаковиќ сценаристот или пак режисерот беше, ама знам дека некој од главните си заминал, ја напуштил едноставно продукцијата и после морале да призакрпат, па излегло како што излегло.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom