Абе друже кои млади кои ставови како да не живееме во иста држава. Нема ставови овде кај народот, овде има само интерес и интерес. Очекуваш ставови од луѓе кои од сабајле до вечер пцујат по Заев и владата а се тепаат за скенирање фискални. Тоа што го зборуваш ти е научна фантастика а не некоја реална слика за решавање на проблемот кој го иаме како народ. Се освен единство и мудро гледање на работите, расчистување со лажни патриотизми, со секаков вид на интерес и ќар на сметка на Македонија и најважно од се, со саможртва по цена и на живот, само така се решава ова. А вака со исламофибија и разни приказни на колење и бесење, ќе си останеме од кафаните и од телефоните.
Ние ги напаѓаме муслиманите а нивните храмови се полни, ние во црква не одиме ни на празници веќе, ние сакаме да сме патриоти а на секој Македонец околу нас му копаме гроб и на секој Албанец ако имаме интерес би му го продале газот додека има можност да се користи, а поради слабиот наш морал, вера, единство многу често македончето го воздигнува Албанецот над него, а истиот иако признава, никогаш нема да ги "украде" нивните добри карактеристики и употреби за сопстевниот народ и држава.
Еве се ставам и јас сега како дел од овие за да не ме осдувате пак дека се двојам од македонскиот народ. Ама ова не ви одговара да го слушнете, ова кога го слуша Македонецот го негира а ако е ова погрешно тогаш зошто живееме во ваква држава. Еве нека помине одреден временски период, моментот кога и Албанците ќе ги напуштат нивните храмови ќе биде нивниот крај, менталитетот не се менува баш лесно како негативниот така и позитивниот, така да единството тешко дека ќе го изгубат некогаш а ние пак уште потешко дека ќе го имаме некогаш. Сите овие работи се поврзанни само треба правилно да се гледаат.