Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 август 2014
Мислења
3.712
Поени од реакции
5.970
Освен Пандев кој е суспендиран за мечот со Ерменија, следен жолт картон против Ерменија, би значел и неиграње на гостувањето во Исланд за:
Велковски, Елмас, Радески, Алиоски, Стојановски и Николов.
:icon_mrgr:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Треба да му се направи притисок на Пандев да игра уште една година. Нема смисла кога и во Џенова го сакаат да остане а и нас ни треба, сега да прекинува. Разбирам лични желби, дека може е уморен, ама многу ни е битен нас, а уште игра на ниво.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.135
Поени од реакции
2.320
Четири комада не ни бегаат. Ако против некого практично не постојат шанси за изненадување во оваа фаза, тоа е Немачка.
Добар си

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.843
Поени од реакции
40.399
Кога ќе ми текне какви дубидуси бевме пред 10тина години и повеќе, губејќи од разни шанкери, водоинсталатери и пожарникари, со селектори како Јонуз, Тошак, Бошко Ѓуровски на кои им се носеа списоци на фудбалери кои мораа да бидат повикани. Дно фудбалери кои не можеа да се состават со топка, па само рогаа напред со надеж на грешка на противникот, за сега да изгледаме како да сме светлосни години од тогаш.

Не викам дека овој успех треба да се препише на некој од ФФМ, таму иста песна се пее, да не се дечкиве кои играат од инат против сите, јас верувам дека мизеријата од тогаш ќе се продолжеше и ден денес, и Германија во квалификации ќе ја тепавме само на ФМ.

Знам дека сега ќе пробаат некако да го растурат овој тим, пробаа со Мрме да го тргнат и тоа пред двете најбитни утакмици, логика нула, ниедна федерација ова не го прави, а верувам дека и понатаму ќе пробуваат да ја растурат репрезентацијава, затоа што силен тим не им одговара. Не им одговара да се мешаме во места за завршните турнири, да не гледаат од Уефа и Фифа, да им паѓаме во очи. На говедата од ФФМ им одговара да сме вечно во темница, без никаков успех, никој да не се замара со нас, и сите да мислат дека овие не ги бива за фудбал. Само така можат да продолжат со лоповлукот што го применуваат децении наназад. Нека капе пара за нив, фудбалот е можда у втор или трет план. И криво ми е поради ова, штета ќе биде да ги растурат и да ги раскараат момциве, а ќе дојде ден кога и на нив ќе им скурчи и ќе дигнат раце, нема да сакаат да се борат против сите неправди и сопки кои токму федерацијата им ги прави.

Ова е заслуга само на фудбалерите, на Пандев и на Мрме и ничија друга, ни на Илчо, ни на Сејдини, а најмалку на лешинарите од УО што си делат премии за никаква работа, ја местат цела лига, и домашното првенство е движечки циркус.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
271
Поени од реакции
869
Читајте коментарите, подршка и честитки од буквално цел свет.

Интересно колку многу коментари доаѓаат и од Латино земјите, Бразил, Аргентина, Колумбија, итн.

Дојде и наше време! :)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кога ќе ми текне какви дубидуси бевме пред 10тина години и повеќе, губејќи од разни шанкери, водоинсталатери и пожарникари, со селектори како Јонуз, Тошак, Бошко Ѓуровски на кои им се носеа списоци на фудбалери кои мораа да бидат повикани. Дно фудбалери кои не можеа да се состават со топка, па само рогаа напред со надеж на грешка на противникот, за сега да изгледаме како да сме светлосни години од тогаш.
Ама и фудбалерите карактерно беа тешка ропачаана со чест на исклучоци. Се некои полуамбициозни створења со печалбарско - чергарски пориви да извадат трансфер во Ерменија, Азербејџан, Кипар, Белгија трета лига.

Види ги дечкиве што играат моментално, не само што имаат поголема амбиција туку и физички се каде каде поспремни. Се согласувам дека повеќето од нив треба да си бараат други клубови (Елмас поради минутажата) ама веднаш има разлика на перформансот кога се игра во поквалитетна лига/клуб.
 
Да да, па за тоа реков списоци им се даваа, репрезентацијата беше колку да се продадат играчи во некои треторазредни првенства и толку. Никој не играше со амбиција за успех или да се пласираат на некое првенство. И второ сила имаа да изиграат само едно полувреме, дно невидено.

Денес им се гледа мотив и желба за победа, сакаат да направат нешто и знаат дека можат.

Едвај чекам Европско, само нека останат здрави и во форма.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.802
Поени од реакции
2.370
Фудбалот е игра која се игра 90 минути и секогаш на крајот победуваат Германците. АПРИЛИЛИЛИЛИ.
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Дочекавме Клинсман и Дел Пиеро да прават анализи како Германија изгубила и како ќе се опорави од поразов против Македонија :D:oeoeoe:

Kajgana Shop

На врв Bottom