Фудбалски/трансфер дискусии

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.318
Поени од реакции
28.276
А ги тера некој, ќе им направат сега проблем затоа што не клекнале?

Иначе за расна еднаквост им е, ептен долго време веќе не е за движењето БЛМ.
Немој со вакви постови те молам .:pov:
Нека земе некој од нив да не клечи на натпревар во англиско првенство или во било која од ``демократскиве `` западни држави, одма ќе видиш кој ги тера да клечат. Подоле од гомно ќе го напраат со афери дека на 10 г на циган на улица не му дал 5 денари за здравје и за да му е жива швалерката. Спинови барем денес лесно со вадат за секого.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Не мора ништо повеќе. Доволно е што двајцата се согласувате на темата. Штета што не се јави порано, ќе заштедев време.
„Добар“ спин од вистинската тема на разговор.

Не мора ја да се согласувам со никого, фактите се тие. Али не ти одговараат, па штета сега што се согласуваме со Стефан, стварно.
Еве сега ќе му изнаебам 300 мајки, може ќе се променат и фактите и Жиру ќе стане најдобар стрелец на СП 2018.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Не, него интересно е како некои работи си ги зема за релевантни кога е Вернер во прашање, а и Жиру, а други за Халанд.

А што да има Халанд направено до сега бе, 12 години има... Што па Вернер напраил? Јас за Жиру не сакам да се натегам, добар играч е, го поштувам, толку. Ама сеа да речеш дека Жиру бил прв стрелец у ЛЕ кога Челзи освоил титула, а за Халанд дека давал голови на селски екипи па мислам не иде. Сам ја испадна Севиља, у групи исто топ, у Бундес си решета редовно, тоа што нема поддршка од екипата е друг муабет.

Тоа за бројките провери си убаво, најмлад играч у постигнати голови у секоја категорија е.

Иначе мене споредби со Жиру и слични ми се смешни, плафонот на Жиру како фудбалер е Водно, на Халанд Монт Еверест.
Абе сето тоа е во ред...само како упорно како да избегнувате дека чоекот игра во Топ 3 најофанзивни екипи во Европа каде лесно е да се истакниш доколку имаш квалитет...и тоа замислете без никаков притисок...дали завршиле 5-ти,4-ти-3ти никој не му пишти на глава...дали победиле или изгубиле сеедно..две ќе победат и се ќе се заборави...исто како да играш за Рома,Лацио или Аталанта....ќе си играме лабаво.

Доколку би го споредил со Феликс/Фелиш ќе увидиш дека португалецот имал далеку потешки услови во кариерата од овај....тој на 19 години го издоминира Португалското првенство каде е доста цврсто и плус имаш конкуренција секоја година за титула..(сега можеби за Европски услови се шалабајзерски екипи ама далеку посериозно од Австриското)..и сега игра во втората најдобра лига во светот во најкасапската екипа во Европа со тоа што има 0(НУЛА) слобода во играта и нон стоп е принуден да се троши во одбрана....не дека не треба да игра одбрана и да трча назад но Халанд ги немаше овие услови.

Да се потсетиме дека и Алкасер кога беше здрав во Дортмунд делуваше како одличен играч....

За Мбапе веќе не ми се споредва...чоекот на 19 години го издоминира Светското првенство,освои титула со Монако на 18 години и играше полуфинале во ЛШ како главен играч во нападот.....далеку е Халанд до овие достигнувања сеуште.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Ептен забегавте од поентата дека треба Халанд да се остави да се докажува затоа што цела кариера е пред него и не треба уште сега да се возвишува премногу, има време за тоа.
Споредбите ептен безвезе ги упикавте. За мене е факт дека Халанд веќе сега е подобар напаѓач од Жиру во својот пик, нема никаква дискусија и нема баш никаква поента да се споредуваат нивните квалитети. Ама ако земеме да гледаме кој што направил во фудбалот, исто факт е дека Халанд нема уште ништо постигнато (20 години има, duuh), ни трошка од тоа што го има Жиру. Овој факт секако нема некое посебно значење, не дека нема скоро сигурно Халанд да има сто пати подобра кариера.
Ептен на црно-бело се носат работите кога се збори за повеќе од еден фудбалер. Никаков контекст не се гледа. Посебно па ако избереш одреден фудбалер пред друг, одма тоа значи дека тој другиот е ѓубре.

Исто е ако ти на црнец му речиш нигер и ако друг црнец му го каже истото?

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Нормално дека не. Ама еве јас нигде не сретнав некој медиум збор да пише за тоа дека Чешка не клечеле или па за тоа дека Велс клечеле. А постовите ти беа ко да направиле некој прејак потег, им извадиле муда до колена, еве пречек им организираат веќе во Чешка за херојството што го покажале. Небитно, фасцинантно ми е што толку се замарате и ви сметаат вакви работи што немаат баш никакво влијание лично врз вашиот живот. Не го ни приметувам веќе, буквално нема дел од секунда да потрошам мислејќи на тоа дека клечеле таму доколку не плачеше некој овде поради тоа секоја недела :D
 
Ќе плачат БЛМ и невладините за некој ден за ``испадот`` на чесите па ќе бараат казни. Секкао дека УЕФА ќе мора да ги послуша зошто слатки се арапските милијарди (не се повеќе милиони). Доколку не преземат ништо тоа ќе биде одличен пример за и останати репрезентации и фубалери да не глечат на глупостите. Затоа ``како пример за другите`` ќе им удрат драконска казна.
Чесите ако се паметни да ја исклучат федерацијата и да и го заштитат имиџот и сами да си ја платат казната ќе биде најдобро.
Ем федерацијата е чиста, ем поткупот е платен , ем пак нема да клечат, ем уефа и цела компанија на БЛМ и такви срања ќе го испушат курот и нема да имаат што да серат.
 
Добро. Секако како што реков не сум доволно информиран. Те молам памти да ми пратиш линк за казниве што ги збориш, кога ќе има.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не, него интересно е како некои работи си ги зема за релевантни кога е Вернер во прашање, а и Жиру, а други за Халанд.

А што да има Халанд направено до сега бе, 12 години има... Што па Вернер напраил? Јас за Жиру не сакам да се натегам, добар играч е, го поштувам, толку. Ама сеа да речеш дека Жиру бил прв стрелец у ЛЕ кога Челзи освоил титула, а за Халанд дека давал голови на селски екипи па мислам не иде. Сам ја испадна Севиља, у групи исто топ, у Бундес си решета редовно, тоа што нема поддршка од екипата е друг муабет.

Тоа за бројките провери си убаво, најмлад играч у постигнати голови у секоја категорија е.

Иначе мене споредби со Жиру и слични ми се смешни, плафонот на Жиру како фудбалер е Водно, на Халанд Монт Еверест.
Ете ти го бе, објаснувај се со него. :D
Горе доле истиот муабет се вртеше и за Вернер додека ја тормозеше Бундес лигата.

Епа тоа де, болдот, нема уште ништо посериозно направено ниту пак се обидел да направи (борба за титули и притисокот што го носи истото) а се возвишува и се става во некои врвни категории и не смее да се спореди со никој. И сам знаеш за колку играчи имало такви плафони како Монт Еверест, Аконкагва, Мон Блан и слично.

И за бројките, преку кур, ни прв ни последен што имал страшни бројки во некоја одредена категорија и статистика. Што праиме ако остане на таа бројка и во следните неколку години, ете имал 20 гола у ЛШ, и ако у следните 10 години стигне до некои 50-60 голови, што ќе збориме.. еј абе Халанд е најмлад играч у постигнати голови таму некаде во 2021ва година.

Убаво пиша РАТМ, на Халанд е да продужи да игра ко што игра и да дава голови и да го докаже потенцијалот, да се збогати со титули за да се вивнува у некои врвни категории.
Сега за сега е само вондеркид кој треба да го докаже потенцијалот и хајпот.
Никој ама баш никој не вика дека е лош играч, далеку од тоа.

Смета тоа претерано хајпање, а све почна од муабетот за потенцијален избор на Сити меѓу него и Кејн, кој е докажан и зрел играч, голгетер, врвна класа... и ти доаѓа рандомец и го ништи него и ти вика кој го ебе, Халанд ќе го зеам пошто дал 40 гола за 1 година у Борусија. УАУ бе брат.
 
O

ob1

Гостин
Не ти требаат статистики, ниту било какви глупости за да увидиш дека Халанд двои од останатите и дека нема да биде one season wonder.
Единствен начин да не го достигне потенцијалот е ако го заредат тешки повреди што би го одалечиле долго време од терените.
Бројките што ги има, се само доказ за потенцијалот и талентот што го поседува, да беше толку лесно да се направат тие бројки на постигнати голови, секој талентиран 20 годишен играч ќе ги постигнуваше, ама некако не е така лесно а?

Истото беше и за Ураганот, имаше премногу коментари дека е прехајпнат и дека ќе биде one season wonder во Премиер Лига како Мичу, но сите што разбираат фудбал и што гледаа Премиер Лига знаеа дека има нешто во Ураганот и дека не е случајност тоа што постигна 20+ голови во една сезона.

Истото беше и за Мбапе, истото беше и за други играчи.
Има нешто што кога ги гледаш знаеш дека ќе газат во било кој тим, под било кој тренер, под каков било притисок и под какви било околности.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.227
Поени од реакции
18.374
Не мора ништо повеќе. Доволно е што двајцата се согласувате на темата. Штета што не се јави порано, ќе заштедев време.
Не си ласкај, не се само двајцата, а сигурно и ќе бидат многу повеќе луѓе да ги прочитаат твоите, во најмала рака, небулози за Жиру.

За Халанд не навлегувам, го немам гледано, според бројки изгледа импресивно, сепак премлад е и има уште многу за орање.

Е сега, за да докажеш поента која можеби и си ја имал на почетокот, ти ги напиша следните работи:
„Тимо Вернер не е подобар од факинг Жиру“. Жиру бил „факинг“. Жиру е име и презиме во фудбалот и ќе му треба некое време на Халанд да дојде прво до тоа негово ниво, па подоцна и до она повисокото.

„Калибар на Халанд“. Калибар и Халанд во иста реченица. Дечкото со сезона во непостоечката лига во Австрија и поприлично слабата Бундеслига. Тој бил калибар.
Не можеме тука никако да се согласиме. Жиру освои титула со Монпеље, со ебениот Монпеље. И не само што освои, туку беше главна причина за таквата сезона на аутсајдерот.

Жиру е вториот најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација. Не зборуваме овде за селекција на некоја рандом фудбалска земја, зборуваме за Франција. Со таа Франција, Жиру освои и Светско првенство.
Со Челзи, освои Европа Лига и не беше само попатен лик, туку најдобар стрелец во натпреварувањето.
Да не ги споменувам и ФА Куповите со Арсенал и останатите достигнувања со Челзи.

Многу поголеми фудбалери мечтаат за ваква кариера. Жиру оставил некаков печат во играва. Не бил никогаш топ класа, секогаш си ги знаел квалитетите и капацитетите, ама кога ќе одземеме и собереме се работи за еден одличен играч кој би го посакал секој колектив на светот.
Жиру, со историја во француската лига и во Челзи и Арсенал каде што освојуваше второразредни натпреварувања, а екипите беа сосема просечни во лигашките мечеви и во Лига на шампиони (или не ни играа воопшто) според тебе имал кариера за која многу поголеми фудбалери мечтаеле.

Го потценуваш Халанд дека играл во австриската и германската лига, а го преценуваш Жиру, кој ако ги земеме Арсенал и Челзи во споредба со најдобрите европски екипи, тогаш австриската и германската лига изгледаат дури и предобро.

Жиру освоил Лига Европа со Челзи = одлично
Халанд харал во Бундеслига = мех, слаба е лигата, плус петто место се.

Ако германската лига е слаба во однос на Премиер лигата и затоа го оспоруваш учинокот на Халанд, тогаш што да кажеме за Челзи и Арсенал, каде што Жиру го постигнал „успехот“ во однос на Баерн Минхен, Реал Мадрид или Барселона?

Пак ќе ти кажам, имаш поента, добро ја доловуваш и сепак не може да се избориш со самиот себе да не ти излезе она твоето на виделина.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.856
Поени од реакции
116.080
Убаво пиша РАТМ, на Халанд е да продужи да игра ко што игра и да дава голови и да го докаже потенцијалот, да се збогати со титули за да се вивнува у некои врвни категории.
Сега за сега е само вондеркид кој треба да го докаже потенцијалот и хајпот.
Никој ама баш никој не вика дека е лош играч, далеку од тоа.
Точно, и сите се согласуваме со ова. Проблемот е кога се замижува на слабите игри на Вернер и се пробува да се деградира Халанд, деградира не у смисол дека е слаб играч него дека е незрел, не знаеме што ќе биде у иднина, слаба лига, петто место и слично. Не ми се збори сеа за Вернер зашо глеаме горе доле сите ПЛ и знаеме што правеше сезонава, али не сум од тие Кики тип на луѓе што после една слаба утакмица ќе прогласам некого за флоп. Вернер е одличен играч, квалитетен напаѓач, јасно е дека му треба време и простор да се навикне на фудбалот у ПЛ, ама пак ќе кажам не може тоа што има бледи бројки и придонес во играта на Челзи да биде користено како аргумент во полза на Вернер, а Халанд покрај оние луди бројки да биде деградиран и да има потсмев. Капираш ваљда што сакам да кажам.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не си ласкај, не се само двајцата, а сигурно и ќе бидат многу повеќе луѓе да ги прочитаат твоите, во најмала рака, небулози за Жиру.

За Халанд не навлегувам, го немам гледано, според бројки изгледа импресивно, сепак премлад е и има уште многу за орање.

Е сега, за да докажеш поента која можеби и си ја имал на почетокот, ти ги напиша следните работи:

Жиру, со историја во француската лига и во Челзи и Арсенал каде што освојуваше второразредни натпреварувања, а екипите беа сосема просечни во лигашките мечеви и во Лига на шампиони (или не ни играа воопшто) според тебе имал кариера за која многу поголеми фудбалери мечтаеле.

Го потценуваш Халанд дека играл во австриската и германската лига, а го преценуваш Жиру, кој ако ги земеме Арсенал и Челзи во споредба со најдобрите европски екипи, тогаш австриската и германската лига изгледаат дури и предобро.

Жиру освоил Лига Европа со Челзи = одлично
Халанд харал во Бундеслига = мех, слаба е лигата, плус петто место се.

Ако германската лига е слаба во однос на Премиер лигата и затоа го оспоруваш учинокот на Халанд, тогаш што да кажеме за Челзи и Арсенал, каде што Жиру го постигнал „успехот“ во однос на Баерн Минхен, Реал Мадрид или Барселона?

Пак ќе ти кажам, имаш поента, добро ја доловуваш и сепак не може да се избориш со самиот себе да не ти излезе она твоето на виделина.

Каков Бог на манипулација, алал. И за тоа треба кликер. Франција е ,,треторазредно" првенство, ама Жиру во тоа првенство со треторазреден тим, тотален аутсајдер освоил титула. Освоил титула пред ПСЖ, Монако, Лион, Лил. Со Монпеље.

Халанд харал во Бундеслига. И? Кој е плодот на тоа? Статистика, стрелец најдобар, воодушевувања на масите. Освен тоа? Жиру освоил титула, потцртано. Во Европа. Второто по квалитет клупско натпреварување. Бил најдобар стрелец, донел трофеј. Како е можно трпањето на Келн и Фрајбург да бидат знак еднакво со најдобар стрелец во Европа Лига и титула? Да не се дрогирате, сериозно прашувам?

Тој ми зборува за небулози за Жиру, а учинокот на Халанд (учинок забележан и од Мичи Бачуаји и Пако Алкасер, а сезонава и од Андре Силва) го изедначува со оној на Жиру кој довел до важен трофеј. :pos:

Ма дај. Благодадам за оценката на мислењата и кратката психоанализа. Не знам кое е ,,тоа моето", ама не дај Боже да биде како ,,ова твоево".

СеКогаш наД ситуАцијАта, МоНдо вововоОвововов. Што би рекле...
 
O

ob1

Гостин
Халанд харал во Бундеслига. И? Кој е плодот на тоа? Статистика, стрелец најдобар, воодушевувања на масите. Освен тоа? Жиру освоил титула, потцртано. Во Европа. Второто по квалитет клупско натпреварување. Бил најдобар стрелец, донел трофеј. Како е можно трпањето на Келн и Фрајбург да бидат знак еднакво со најдобар стрелец во Европа Лига и титула? Да не се дрогирате, сериозно прашувам?
Сериозно ти одговарам, не се дрогираме.
Али еве, ме натера да изгуглам, па баш ме интересираше против кои јаки екипи толку згазил Жиру во освојувањето на таа Европска титула.
Бидејќи цело време те гледам дека ги деградираш Келн и Фрајбург, оправдано, зашто се трет-четврт ранг екипи.
Па да видиме, патот до финале го поминале преку ПАОК, Бате Борисов и МОЛ Фехервар (ваљда добро ги напишав).
Во 1/16 финале го поминале Малме, во 1/8 финале го поминале Динамо Киев, во 1/4 финале ја поминале Славија Прага, во 1/2 финале го поминале Ајнтрахт Франкфурт и во финале го тепале Арсенал.
Освен Арсенал и Ајнтрахт Франкфурт зашто е од истата лига која што ја деградираш, како другиве тимови се подобри од тимовите кои играат во лигата што ја деградираш?
 
Во ред? И? Жиру имал два посериозни опоненти во таа кампања, останатото слично на она од Халанд. Крајниот епилог е? Зборуваме са валоризација на постигнатото, инаку не гледам смисла.

Дополнително, бидејќи ,,лупам глупости". Жиру не дал гол на Светското. Точно. И тоа да го земеш предвид како аргумент е показател за базично непознавање на играта. Целата тактичка замисла на Дешамп на Мундијалот (во двете фази од играта), беше градена околу него. Неговата улога - една од најважните. Може да се консултираш и со селекторот, ќе каже што мисли за неговите нула погодоци.

Неверојатна игнорантност. Не дал Жиру гол, хахаха, хихихи. Човекот се подреди на колективот, жртвуваше статистики и хвалоспеви од Кобиевци по интернет, за да стигне до злато. Тој турнир, во тој поглед го пушти низ вода. Игнорантноста оди уште подалеку, зборувајќи за него како за Ихеначо. Тоа што е втор, уште еднаш, втор најдобар стрелец во историјата на Франција, ништо. Вововов, хахах, хихихи.

Тоа што освоил со Монпеље титула во Франција, ништо. Ќе го изземеме од дискусијава, затоа што сме релативизатори од најлош вид. Вашиот пулен со хет-трикот против Аугсбург е Бог и на седмо место, а Жиру е вовововоц тапа, затоа што со Монпеље (не Дортмунд , исто како Франкфурт да освои Бундес сега) бил француски првак. Вовововов.

Имате проблем и тоа не датира од моментов. Читате, недочитувате. Парцијално. Два дена се води дискусија, вие доаѓате од работа дома, седнувате на ВЦ шолја, палите Кајгана форум, читате последното мислење ,,Халанд треба фурни леб да јаде" и оп - чекај сега јас да му кажам за Халанд вововово.

Џонтра во една реченица ја сумираше целата расправа. Јас се обидов и на тој начин, залудно. Нема врска што ти приложува другиот, ти како на претстава на школски патронат си доаѓаш и си рецитираш напамет тоа што ти лежи на срце и чао, после се занимаваш со психонализи на личноста и вововово.

Халанд е неверојатен млад фудбалер. Ветува многу, поседува талент и завидни карактеристики. Во моментов игра во одлична форма и изгледа дека само небото му е граница. Ама изгледа.

Главниот проблем е што Халанд го перципирате како готов продукт. Никаква логика нема за тоа. Тој сега зачекорува, буквално. Затоа како фудбалер, поради минат труд и годините, не може да се става во кош ниту со Александар Лаказет. Нема филозофија, многу е просто.

За во иднина, ќе видиме. Едно е Халанд сега, друго е Халанд во перспектива. Јас зборувам за него сега, во реално време. Вие упорно продолжувате да зборувате за него како да има 28 години и брдо достигнувања позади себе. Главната точка на раздвојување.

Толку на оваа тема, се извинувам што си дозволив малку да му се замешам на Мондо во монополот на знаењето и вистината во подфорумов. Од утре се враќам во ќош.
 
O

ob1

Гостин
Во ред? И? Жиру имал два посериозни опоненти во таа кампања, останатото слично на она од Халанд. Крајниот епилог е? Зборуваме са валоризација на постигнатото, инаку не гледам смисла.
Па баш за тоа зборуваме, за валоризацијата.
Затоа и не ти го цитирам останатиот дел од постот, зашто осеќам како да не се однесува на мене.
Зашто ја никаде не спомнав дека Жиру е слаб играч, дека не е за наклон тоа што освои титула во Монпеље пред ПСЖ, ниту па го потценив неговиот придонес на Светското иако не даде гол, бидејќи имаше задача многу побитни работи да прави тоа првенство, отколку голови да дава.
Затоа се надевам дека во делот што го напиша дека читаме, а не дочитуваме, се ставаш и самиот себе.

Јас спомнав дека ти, за да извлечеш поента, во дискусијава ги глорифицираш успесите на другите, а го потценуваш успесите на Халанд.
Твојата дискусија се базира на тоа што ги споредуваш тимските успеси на Жиру со индивидуалните на Халанд и секогаш ќе бидеш во предност, зашто титула секогаш ќе биде поголемо нешто од број на голови.
Затоа и дискусијава е неблагодарна.

Тебе те нервира хајпот околу Халанд, зашто се возвишувал толку, човекот се возивуша од сите меродавни луѓе во спортов (батали ги фановите, батали не мене и тебе), сите го препознаваат, сите го воспеваат, без разлика што нема титули, зашто тоа што го прави во моментов (зашто нели ти кажа дека збориме за моменталниов Халанд) е ненормално, значи не е нормално, ти толку голови да трпаш и да ја играш играва со таква самодоверба, расни напаѓачи ја немаат таа самодоверба која ја има детево.
 
Немаш ти тогаш проблем со мене тогаш. Не ги деградирам, бидејќи не постојат. Во големата слика. Тие се моментални. Што е сосема логично. Не измислувам топла вода. Само се обидувам да кажам дека не можете да го гледате Халанд како Кејн и да го компарирате со фудбалери кои имаат всушност нешто позади себе оставено. Не е природно топ сезона во Дортмунд да е причина за возвишување и ставање во незамисливи категории. Убав почеток е, ептен индикативен и толку засега.

Доколку се гледа на Халанд во перспектива, немаш проблем со мене, уште еднаш. Со сите резерви, истите кои ги имав за Хаверц на пример, да постои шанса да дојде во Челзи, нема воопшто лошо да ми падне.

Меродавни луѓе во спортот, повеќе или помалку не постојат. Затоа што спортот е ,,око", во најголема мера. Не е наука. Меродавните луѓе во фудбалот се истрчале за мал милион работи и се посрамотиле години потоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom