- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Јас уште на старт го нагласив истото. Забегување во идеолошки води е тотално контрапродуктивно. На нашиот народ марксизмот никогаш не му бил силна страна, ниту пак е толку писмен да навлегува во такви филозофски расправи за економски и политички системи. Сметам дека бавење со идеологии и таков тип на индоктринации ќе биде штетно за нивниот рејтинг.Уште ги немаат научено изгледа од Кале како да се справат со нив , најверојатно не ги гледаат сеуште како закана , а имаат некој простор за критика како што наведе но овие 2те партии се толку некомпетентни и сервилни што незнаат како да се справат , а за комунисти правиме муабет , каде што во други европски држави имаше слични движења и сите го јадеа по капа квалитетно кои што истите немаа волку ретардирани испади како нашите.
И јас мислам дека за некои работи ептен се закочени муабетите за Венецуела , Куба , национализација и настрана тоа што баајѓи има идеолошки закоравени членови во таа партија кои ги идолизираат на СССР , Кина и Сталин , а и самиот Апасиев дава знаци на tankie со неговите испади за погоре наведените држави.
Лично се надевам дека со тек на време ќе станат малку по прагматични , инаку ќе прокоцкаат многу добра шанса да се воспостават како сериозна опција која што во иднина би била на власт и би ја изградила државава.
Нашите проблеми како држава се повеќе од јасни и тука треба да биде фокусот. Нам не ни треба конверзија према социјализам, тоа поглавје од нашата историја е затворено. Нам ни е потребна деконструкција на овој „крони капитализам“ кој што ја јаде државата три декади во нешто похумано, кое што ќе се базира врз реално остварливи цели, а не врз марксистички експериментирања.