Сите тие играчи се родени во Франција,
Адеми, Барди, Муслиу и сите Албанци што играат за Македонија се родени или потекнуваат од Македонија, и затоа одлучиле да играат за нас. И ние не треба да се буниме против нив, баш заради играчи ко Барди и Адеми сме моментално на повисоко ниво. А тие двајца бар во репрезентација ко Албанија сигурно би биле во првиот тим.
И секој човек сам си одлучува за кого ќе игра, па овие Барди и Адеми сигурно се поголеми Македонци од Кулушевски на пример, иако има македонско име и презиме.
И да уште нешто, ние никогаш не можеме да бидеме како Франција, затоа што сме 100 пати помала држава и има мали шанси да најдеме 10 прва класа играчи, а камоли 23 играчи ко Франција.