Не е интелигенцијата на народот во аут колку што е општеството во окупација!
Нелегитимно сменет устав. Опозиција фатена за муда да не смее да писне. Село без кучиња
Ако земеме во предвид дека овие сега што се на власт ги донесе општествената авангарда, знаеш, оние снегулките, потомците на црвените буржуи кои што себе си милуваат да се опсипуваат со разно-разни епитети, обидувајќи се на секој можен начин да се оградат од обичниот народ, а со тоа го спороведоа овој кастински систем на поделби: подобни и неподобни, селани и граѓани, провинција и метропола, центар и периферија, бањати и небањати, сендвичи и слободоумни... е сега ако оваа стока е начитаниот крем и нејзин водич е црпнатиот од Муртино, тогаш богами оваа територија си има сериозен проблем кого тоа го рачуна за интелигенција и авангарда.
Додека обичниот народ, ако имаше капацитет да согледа оти последниве две-три години е вратен назад во феудалното доба, е сведен на ниво на закрепостен селанец а државата му е претворена во марионетска творба налик на вишиевска Франција...со вили и мотики ќе им влезеше на овие од погоре, во нивните микро пост комунистички бетонски кокошарници и ќе им ја здрмаше од темел таа мултикултурна - едно општество - НВО утопија.