Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
10.386
Поени од реакции
18.532
Секаде
Знаеш колку ќе биде здравството тогаш? Јавните услуги би требало и делумно да бидат државни, ама со задоволство би ги продал затворите. Одма. Болниците не.

Со овој концепт на социјална држава, за кој веќе отеков на форумов, нема простор за манипулација со буџетските средства. Ајде да ја направиме оваа држава неолиберална, постепено, и ќе имаме првокласно здравство затоа што ќе има вишок на средства во буџетот. Ама пред тоа треба и социјална реформа. Доста беше санирање на транзициските шокови и живеење на државна цицка. Има категории на граѓани на кои мора да им се помогне. Но државниот интервенционизам (сем регулаторните комисии кои мора да останат) и луксузирање мора да сопре.
Автоматски споено мислење:


Е не може така. Не може присилно да се земе нешто, без да има состојба (кризна) и паричен надоместок. Сум инвестирал милиони, како тоа државата да си го присвои!? Нека рефундира 100%, а пред тоа нека прогласи кризна состојба и целосните капацитети се нивни. :coffee:
Технички, може, за тоа и постои државата. Дали придобивките од тоа се поголеми од штетата е друг муабет. Државите избегнуваат да го прават тоа за да не ги демотивираат приватњаците да вложуваат
Моментално мислам е правилен потег да се стават во служба на државата. Буквално никаков ќар немаме од нив освен што жнеат пари.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Во Систина дневно лечење од Ковид.......~1700 евра/дневно
Жан Митрев......исто.....тука е негде, нијанси се во прашање.
На овие воени профитери........да сум на власт......од старт им ги одземам Ковид одделите.....и ќе работат за државата.
Само од тестирања се претрупаа со пари.....пливаат во пари. Има луѓе кои станови продаваат за да покријат трошоци во приватниве клиники.
И за жал.....ни таму нема место......однапред е се резервирано.....па према приоритети одат за нов прием.
Па кај нас знаеш како се регулираат местата за ковид пациенти? Како на домашна слава: или некој си отишол или столче носиш од кујна...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Секаде

Технички, може, за тоа и постои државата. Дали придобивките од тоа се поголеми од штетата е друг муабет. Државите избегнуваат да го прават тоа за да не ги демотивираат приватњаците да вложуваат
Моментално мислам е правилен потег да се стават во служба на државата. Буквално никаков ќар немаме од нив освен што жнеат пари.
Технички и може, само има Закон. Убаво пишува за услови (кризна состојба) и колку ќе се рефундира (најмалку 30%). Ама не можеш на сила да го земеш, туку само законски. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.440
Поени од реакции
7.816
Почетничка грешка со приватниве клиники е што им се дозволи да работат со ковид-пациенти.
Зашто е грешка, кога од друга страна:

Ова што го имаме лошо го менаџираме
Недозволиво е болен со ковид да биде малтретиран со немање слободни места, немање бесплатен тест...
Ем лошо менаџираш, ем немаш место, ем немаш услови (обична боца со кислород и маска) кај што има место, ем викаш приватните да не се занимавале со ковид или па да ги земел Филипче (лошиот менаџер) под своја палка. Што ќе постигнеш со тоа :toe:

Се знае кој е виновен што нема слободни места по државните болници! Се знае кој е виновен што Козле ковид центарот 80% од пациентите беа врски на доктори, а реално само на мал број од нив им беше потребно згрижување! Се знае кој е виновен што на Антонио Милошовски и слични на него со температура пониска од 38.5 им беше дозволено да зафаќаат место, кога е очигледно дека не се ризични!
Порано луѓе со 39ц дома седеа и никому ништо, ама сега паниката си го направи своето, па и со 37.5 мислат готово е, ќе умрат (ова поготово ние машките).

Фер услуга во приватен бизнис е онаа која ти ја диктира давателот на услугата за цена кој исто така он ти ја диктира
Ја диктира согласно реалните услови и потреби, а не од ракав. Ако Систина/Филип претераат со цени во однос на квалитетот, ќе се јави друг со пониски цени, клиентите ќе отидат кај друг, па нивните вработени ќе немаат за плата, затоа се приморани да внимаваат, не дека не сакаат повеќе да наплатат.
Ако има зголемена побарувачка од нивните услуги, нормално е дека ќе зголемат цените.

Да земеме дека си се вработил на 28години, сега имаш 38год и треба да користиш услугите на државното здравство. Месечно за здравство плаќаш 2.000 денари, или годишно 24.000 денари т.е. за 10г си платил 240.000 денари.
Ако си без врски, што услуга ќе добиеш, а однапред веќе имаш платено 240.000 ....
Без врски ниту една единица на крв нема добиеш, иако резултатите велат под итно мора пациентот да добие.
Со твоите 240.000 (за 10 год) се лекуваат оние што имаат врски (роднини на медицинскиот персонал, политичари, некои што можат да доплатат мито и косоварите), тие ги користат/ злоупотребуваат услугите, што тебе божем ти се загарантирани.

Значи ем парите ги немам, ем ништо нема да добијам (240.000 наспроти 0). Кај приватните, да, ќе наплатат многу повеќе, ама ќе добиеш услуга. Кој те заебал повеќе?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Ем лошо менаџираш, ем немаш место, ем немаш услови (обична боца со кислород и маска) кај што има место, ем викаш приватните да не се занимавале со ковид или па да ги земел Филипче (лошиот менаџер) под своја палка. Што ќе постигнеш со тоа :toe:
Муабетот е да превземе приватни капацитети.. Имаш вонредна состојба во даден момент а не пушта рака на приватни капацитети...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.386
Поени од реакции
18.532
Технички и може, само има Закон. Убаво пишува за услови (кризна состојба) и колку ќе се рефундира (најмалку 30%). Ама не можеш на сила да го земеш, туку само законски. :)
Најмал проблем е закон да се смени. Може да го смениш и пак да ги земеш на сила во суштина. Услов е државата да има сила и воља, а неаме ни едно од тие две. Веројатно си читал за ww2, како фабрики за коли произведувале оружје во америка. Мислиш некој ги прашал дали сакаат или преговарале за пари?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Најмал проблем е закон да се смени. Може да го смениш и пак да ги земеш на сила во суштина. Услов е државата да има сила и воља, а неаме ни едно од тие две. Веројатно си читал за ww2, како фабрики за коли произведувале оружје во америка. Мислиш некој ги прашал дали сакаат или преговарале за пари?
Не може на сила. Нека се смени законот и ќе може. Имаш устав и закони со таа цел да се ограничи волјата (моќта) на државата. Башка гадно ќе биде со Систина поради Камчев.

Сакаш да разговараме за тие фабрики?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.386
Поени од реакции
18.532
Да ви разјаснам, се залагам за приватно здравство зашто сметам дека нема поголем мотиватор за успешна работа од пари.
Ама во кризна ситуација, сите капацитети треба да се во служба на државата. Замисли, ја давам 40 посто од платата во буџетот за да образовам инфектолог, и да ја опремам инфективна болница. Доаѓа моментот каде тој инфектолог и таа болница треба да ми се исплатат, и истиот тој инфектолог оди во приватна болница и истата ми наплаќа 12 000 евра капар за да ме прими. Работата на државата е да регулира вакви срања да не се случуваат, доколку вистински државата е во служба на народот не на пар кашиталци.
Автоматски споено мислење:

Не може на сила. Нека се смени законот и ќе може. Имаш устав и закони со таа цел да се ограничи волјата (моќта) на државата. Башка гадно ќе биде со Систина поради Камчев.

Сакаш да разговараме за тие фабрики?
Пак си запнал со законот. Сменивме еден закон за да може вакцини да нарачаат, за уставот да не те потсетувам, беше избришан газот со него.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да ви разјаснам, се залагам за приватно здравство зашто сметам дека нема поголем мотиватор за успешна работа од пари.
Ама во кризна ситуација, сите капацитети треба да се во служба на државата. Замисли, ја давам 40 посто од платата во буџетот за да образовам инфектолог, и да ја опремам инфективна болница. Доаѓа моментот каде тој инфектолог и таа болница треба да ми се исплатат, и истиот тој инфектолог оди во приватна болница и истата ми наплаќа 12 000 евра капар за да ме прими. Работата на државата е да регулира вакви срања да не се случуваат, доколку вистински државата е во служба на народот не на пар кашиталци.
Ама прогласи кризна состојба и ќе може да располагаш со капацитетите на приватното здравство. Тоа ти го викам. Тоа е по сила на закон, а не на сила.

Во WWII имаш воена и вонредна состојба. И ние имаме закон за тоа и се знае што може да користи држава во таа состојба, па дури и имот на физичките лица (возила на пример). Плус и тогаш си имал рефундирање од страна на државата. Приватните компании не произведувале возила и оружје од мила волја.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.248
Поени од реакции
9.016
Да ви разјаснам, се залагам за приватно здравство зашто сметам дека нема поголем мотиватор за успешна работа од пари.
Ама во кризна ситуација, сите капацитети треба да се во служба на државата. Замисли, ја давам 40 посто од платата во буџетот за да образовам инфектолог, и да ја опремам инфективна болница. Доаѓа моментот каде тој инфектолог и таа болница треба да ми се исплатат, и истиот тој инфектолог оди во приватна болница и истата ми наплаќа 12 000 евра капар за да ме прими. Работата на државата е да регулира вакви срања да не се случуваат, доколку вистински државата е во служба на народот не на пар кашиталци.
Автоматски споено мислење:


Пак си запнал со законот. Сменивме еден закон за да може вакцини да нарачаат, за уставот да не те потсетувам, беше избришан газот со него.
Приватно здравство за да функционира треба фондот за здравство да има пари и да ги плати услугите. Сегашното "приватно" здравство нефинансирано од фондот има поскапи цени од германските клиники. За тие пари боље ќе идам у Немачка ќе се лечам каде каде поквалитетно.

Иритира тоа што државата ништо ама баш ништо не мрда со прст да им служи на граѓаните, а тука данок бара да плаќаме за пратеници кои курцаат патни трошкови, лубриканти, тренираат магариња за 80 к евра итн
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Кое здравје на население бре?

Луѓето се по дифолт здрави до 50 години.
На 50 почуваат болестите кои на 60 преминуваат во компликации како инфаркти, мозочни удари итн.

Сега направи си сметка колку здравството ги спречува болестите и го продолжува животот на населението.
Зависи од твојата дефиниција за здравје. Иначе статистички not even close. Имам видено интерна статистика од Жан Митрев за кардиометаболички болести, лидери во регионот сме. А тоа дека здравјето е ужас нема што да се дискутира.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.436
Поени од реакции
84.800
Зашто е грешка, кога од друга страна:





Ем лошо менаџираш, ем немаш место, ем немаш услови (обична боца со кислород и маска) кај што има место, ем викаш приватните да не се занимавале со ковид или па да ги земел Филипче (лошиот менаџер) под своја палка. Што ќе постигнеш со тоа :toe:

Се знае кој е виновен што нема слободни места по државните болници! Се знае кој е виновен што Козле ковид центарот 80% од пациентите беа врски на доктори, а реално само на мал број од нив им беше потребно згрижување! Се знае кој е виновен што на Антонио Милошовски и слични на него со температура пониска од 38.5 им беше дозволено да зафаќаат место, кога е очигледно дека не се ризични!
Порано луѓе со 39ц дома седеа и никому ништо, ама сега паниката си го направи своето, па и со 37.5 мислат готово е, ќе умрат (ова поготово ние машките).



Ја диктира согласно реалните услови и потреби, а не од ракав. Ако Систина/Филип претераат со цени во однос на квалитетот, ќе се јави друг со пониски цени, клиентите ќе отидат кај друг, па нивните вработени ќе немаат за плата, затоа се приморани да внимаваат, не дека не сакаат повеќе да наплатат.
Ако има зголемена побарувачка од нивните услуги, нормално е дека ќе зголемат цените.

Да земеме дека си се вработил на 28години, сега имаш 38год и треба да користиш услугите на државното здравство. Месечно за здравство плаќаш 2.000 денари, или годишно 24.000 денари т.е. за 10г си платил 240.000 денари.
Ако си без врски, што услуга ќе добиеш, а однапред веќе имаш платено 240.000 ....
Без врски ниту една единица на крв нема добиеш, иако резултатите велат под итно мора пациентот да добие.
Со твоите 240.000 (за 10 год) се лекуваат оние што имаат врски (роднини на медицинскиот персонал, политичари, некои што можат да доплатат мито и косоварите), тие ги користат/ злоупотребуваат услугите, што тебе божем ти се загарантирани.

Значи ем парите ги немам, ем ништо нема да добијам (240.000 наспроти 0). Кај приватните, да, ќе наплатат многу повеќе, ама ќе добиеш услуга. Кој те заебал повеќе?
Има ли некаква поента било кој твој пост?
Ако овој има, која е?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Ја диктира согласно реалните услови и потреби, а не од ракав. Ако Систина/Филип претераат со цени во однос на квалитетот, ќе се јави друг со пониски цени, клиентите ќе отидат кај друг, па нивните вработени ќе немаат за плата, затоа се приморани да внимаваат, не дека не сакаат повеќе да наплатат.
Ако има зголемена побарувачка од нивните услуги, нормално е дека ќе зголемат цените.
Браво, си прочитал дел од вовед во економија.

Моментот коа ќе се врши приватизација, лицата кои имаат воспоставен бизнис ќе ги "фатат" клучните лица во законодавната и судската власт и ќе завршиш, во најдобар случај, со приватен ологопол. Или монопол ако оние првине решат да не нудат исти услуги. Од конкуренција ќе добиеш само К.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.440
Поени од реакции
7.816
Муабетот е да превземе приватни капацитети.. Имаш вонредна состојба во даден момент а не пушта рака на приватни капацитети...
Ок де, ама те прашав што со тоа, кога тој истиот од кого бараш да ги земе приватните, потврдуваш дека е лош менаџер.
Значи докажано е дека лошо менаџираат, па уште да им ги дадеш и приватните под контрола, што ќе добиеш... Добар дел од тие во приватно, ако не ги платиш како претходно или ги прегориш, ќе најдат начин да не идат на работа или да забушаваат. Пак негативен резултат. Врти сучи, дупе ни е позади.

Има ли некаква поента било кој твој пост?
Ако овој има, која е?
Берикчо кога ќе имам време, ќе ти нацртам, а до тогаш, моли се и надевај се дека системот ќе се оправи и ќе почне да функционира.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.436
Поени од реакции
84.800
Берикчо кога ќе имам време, ќе ти нацртам, а до тогаш, моли се и надевај се дека системот ќе се оправи и ќе почне да функционира.
Нема ништо ти да нацрташ. Постовите ти се празно јадење гомна без никаква поента.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom