Да бе има дозвола боксови да мава хахаха добар си добар
Откако си дојден во фан клубов намерно јадеш лајна, само ако те научам кој си
Очекуван пораз и очекувано размонтирање. Поминаа двеве најтешки утакмици, па доаѓа ред на противниците против кои можеме да чепнеме некој бод. Време е да се смени килавава тактика со играње на 4 штопери во одбрана, не неправилно позиции. Стави тројца позади, стави правилни играчи како странични бекови, додај уште некој пдоефанзивен во средина и само рогај напред. Напред знаеме да искомбинираме нешто кога ќе добиеме простор.
Не знам што се резилат со тие додавања во дефанзива, тика-така ќе играле, со 18 годишни одбранбени играчи и килав голман. Денеска ептен испомешан составов. Реџепи на крило, тотално безврска.
Фино лепо, стави ги Лазаревиќ и некое побрзо дете како странични бекови, Велковски, Радуловиќ и некој од Ѓурковски/Крстевски/Мицевски како стопери. Во средина Најденов и Реџепи (овој барем коси, поим нема од игра, ама нека прави фаули). На крила Мирчевски и Давид Велковски и Петковски во напад, во ситуација кога Шиле изгледа не може ни 10 минути да одигра.
Добро е што Слога тепаше во Кратово, плус добија црвен Силекс, ќе бидат ослабени пред мечот во Тетово со Шкендија.
Да не им ја шитнеа минатата во Ѓорче, ќе речев имаме некакви шанси, вака тешко. Спомнав и претходно, само во Силекс гледам противник за опстанок. Се надевав дека може Борец да влезе во посериозни проблеми, ама не би требало.
Општо, муабетите не се добри, на раб сме да не ја ни доиграме лигата, ама надежта последна умира