Нема потреба од никакво потпишување. Само работи се преку сметка, кога ке го продадеш имотот отвори си нова сметка на која ке ти легнат тие пари а потоа кога ке купуваш имот плати го од таа сметка. Кога ке дојде време да се дели имотот многу лесно ке докажеш дакека новокупениот имот не е имот стекнат во бракот туку е купен со парите од продадениот имот кој си го наследил од родителот... Но ти ке имаш сега еден друг проблем при продажбата на имотот кој си го наследил. Имено, при продажбата, независно од тоа што имотот гласи само на твое име, нотарот ке бара и потпис од сопругата дека е согласна со продажбата. Нејзиниот потпис ке ти биде потребен кај нотарот и доколку решиш тој имот да го ставиш под хипотека и да земеш кредит.... Ако сте во лоши односи, тешко дека ке го добиеш тој е... потпис. Затоа ке треба работата да ја почнеш по обратен редослед, прво разведи се а потоа слободно располагај си со имотот. И со време залепи некоја паричка на адвокат, немој на своја рака...