Е, па, едноставно нелииии... Не е така.
Кажи ми во кој период постоело царството на Самуил, неговите браќа и татко, и како се викало?
Еве од 997 се викало Бугарија.
Постоело ли пред тоа, и како се викало?
Мислам дека секој Македонец би ја избрал Велика Албанија пред Велика Бугарија или Велика Србија. За Грција не сум сигурен. Затоа што како што кажал Гологанов инородните на нас можат само да не гнетат и животот да ни го земат, додека "браќата" од исток и север сакаат душата да ни ја купат. Од физичкото ропство има начин да се ослободиш од душевното не.
Инаку во поглед на учените од тие времиња пак не си многу во право.
Оти јас не можам Џинот да го сметам за Бугар ако истиот се декларирал и за Србин.
Ниту пак можам Никола Карев да го сметам за Бугар ако истиот се декларирал за директен потомок на античките Македонци.
Ниту пак може Шапкаров и Миладиновци да се сметаат за Бугари затоа што истите тврделе дека се потомци на античките Македонци.
Ниту Јане Сандански којшто колку што има докази дека бил Бугар толку има и негови изјави и дела коишто се анти-бугарски.
Ниту Григор Прличев којшто колку што се спознавал за Бугарин толку се спознавал и за небугарин, Грк или Македонец.
Ниту пак Гоце Делчев којшто бил чувар од бугарското политичко вмешателство во македонските работи.
Едноставно нелииии...
Не може нештата да се толкуваат само така како што тебе ти е удобно.
Значи се ова почна од шовинистичкиот и расистичкиот испад на поголем дел од населението кон Васил само и само затоа што имал во спотот знаме кое наликувало на бугарското. Потоа му најдоа некое старо интервју во кое вели дека баба му била од Бугарија и дека имал бугарско државјанство и рајата уште толку се запали.
Тоа го искоментирав за да се сожалам на цивилазациското ниво на овој блам народ кое од толку многу проблеми што ги има, го најде ова со Васил како најголем проблем.
Мене ни оддалеку не ми беше да се препукувам со некој овде по историски прашања ниту да 'спамирам' како што еден рече погоре.
Но ако веќе сакаш да те подучувам историја тогаш нека биде така.
Царство отсекогаш било Бугарско Царство. Откога Ромеите(Грците) и Киевските Руси ја завладуваат источна Бугарија, единствена незавладеана територија останал западниот дел од реката Искар на запад. Роман кој што дотогаш бил цар и кој што потекнувал од старата династија немал деца и целата команда на војската им ја оставил на Комитопулите. Никола Комитопулот бил комес или комита(управител) на област во Бугарското Царство. Неговиот син Самуил успева да надвладее над неговите браќа и останува како единствен командант и дефакто Цар. По смртта на Роман и официјално станува цар на Бугарското Царство.
Супер, голема Албанија ви е пред вратата па среќно во иднина.
Тоа вашето интерпретирање на историјата и личностите и нивните дела важи само во оваа вукојебина. Тоа што некој мислел дека има потекло и од антички Македонци или Тракијци не значи дека не се рачунал за Бугарин. Самиот модерен бугарски народ потекнува предимно од старите народи кои живееле овде и новодојдените Словени. Старите туркијски Бугари оставиле мала трага но бидејќи биле државотворни, оставиле во наследство име и држава. Старите народи овде не исчезнале, но биле претопени со новодојдените и го изгубиле своето име и јазик. Дали на некој му се допаѓа или не Албанците се само еден дел од тој стар народ кој успеал да го зачува својот јазик.
Инаку да се повикуваш на Џинот е исто како да си пукаш сам во главата. Човекот зборувал за се и сешто само не за Македонци, македонски јазик или Македонија. Денешната територија на Вардарска Македонија ја нарекувал Долна Мезија, Западна Бугарија или Стара Србија впрочем како и многу други пред него. Едноставно грчкиот назив Македонија сеуште немало фатено корени кај населението во времето кога пишувал Џинот. Самиот тој се изјаснил безброј пати за Бугарин кој зборува бугарски јазик. Можеби ќе сакаш да ни објасниш каде тој се декларирал за Србин? Инаку дури и Србите може да се повикаат на него бидејќи пишувал дека има Срби и србски јазик. Па така за Велес навел дека се зборува мешан бугсрско-србски јазик. Во Кратово вели дека се зборувало на србски. Во Скопје вели дека живеат Бугари, Срби и др. Се под Велес Џинот пишува дека се зборувало на бугарски и дека таму живеат Бугари.
Едноставно блам...