Не, не мислам, ниту велам, ниту пробувам да пропагирам суптилно или директно фаворизирање на една или друга опција. За кого тоа ќе гласаш или во крајна инстанца нема, си е твоја работа. Тоа што мислењето ми е напишано во темата за Левица е чиста околност.
Јас зборувам за политичката неутралност како одлука која што сноси и политичка одговорност. Ако си незадоволен од власта, но одлучиш да не партиципираш на избори, тогаш на некој начин си го презел ризикот со тоа што си донел одлука некој друг да донесе одлука наместо тебе.
Вакви на минатите избори излегоа еден куп, незадоволни од реизборот на Заев, а одлучиле да не гласаат за никој. Денес истите фрлаат со дрва и камења по оние што гласале за Заев, а кога ќе ги прашаш за кого гласале или БИ гласале, одат на сигурно со одговор во стилот: - абе ја не се замарам со политика, сите се исти гомна, јас сум неутрален. Кога се сите исти гомна и не се замараш, тогаш чуму бунење и рипање оти Заев победил?