Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Imam edno prasanje. Znae nekoj kako makedonski drzavjani se vakciniraat vo srbija? Ne mozam da najdam tocna informacija?
 
Знаете зошто имунолошкиов пасош за вакцинирање важи само 6 месеци? Затоа што имаат резултат дека сите што го прележале имаат антитела барем 6 месеци и затоа претпоставуваат дека и вакциниве ќе пружат ист имунитет. Скроз е исто дали си го прележал или вакцинирал.
Ако си стекнал имунитет, тогаш истиот не е со „рок“ од Х месеци. Антителата исчезнувааат кога нема потреба од нив (не се продуцираат нови), но по потреба (контакт со патогенот) веднаш се продуцираат нови... Да не навлегуваме сега во детали за стекнатиот дел од имуниот систем и „мемориските“ клетки, но во случај на прележување си постои идентификасциски „запис“ за вирусот па може во секое време да се продуцираат нови антитела.

Така да која е играта со 6 месеци рок на „пасош“, не знам. Ама ѐ некаква игра.

Единствено рокот може да има смисла ако брзината на менување (мутирање) на виросот е голема. Што не е случај со фамилијата коронавируси вклучително и сарс-ков-2. Коронавируси и конкретно сарс-ков-2 имаат заштитен липиден слој на РНК низата, тоа ги прави многу помалку подложни на мутации. Во контраст инфлуенца вирусите (меѓу кои и сезонскиот грип) немаат таков заштитен слој на РНК низата, и мутираат многу побрзо... Па дури и тие не се менуваат толку многу во период од 6 месеци. Заради тоа сметам дека 6 месеци рок на „пасош“ е некаква игра, којзнае каква.
 
Imam edno prasanje. Znae nekoj kako makedonski drzavjani se vakciniraat vo srbija? Ne mozam da najdam tocna informacija?
Не постои веќе таа опција. Министерот за здравство има официјален допис дека без важечка лк од Србија не може никој да прими вакцина.
 
@igor108367

Може да се добие и со уреден престој во Србија. Во еден период(пред ~6 недели) во Белград знам дека и странци можеа да се вакцинираат. Директно одеа во центарот, без закажување, па ги пуштаа. Како е во моментов, не знам.
 
Одлуката е на сила од 01.03.2021. Пред тоа имаше голем број на вакцинирани од МК дури и без државјанство.
 
Ако си стекнал имунитет, тогаш истиот не е со „рок“ од Х месеци. Антителата исчезнувааат кога нема потреба од нив (не се продуцираат нови), но по потреба (контакт со патогенот) веднаш се продуцираат нови... Да не навлегуваме сега во детали за стекнатиот дел од имуниот систем и „мемориските“ клетки, но во случај на прележување си постои идентификасциски „запис“ за вирусот па може во секое време да се продуцираат нови антитела.

Така да која е играта со 6 месеци рок на „пасош“, не знам. Ама ѐ некаква игра.

Единствено рокот може да има смисла ако брзината на менување (мутирање) на виросот е голема. Што не е случај со фамилијата коронавируси вклучително и сарс-ков-2. Коронавируси и конкретно сарс-ков-2 имаат заштитен липиден слој на РНК низата, тоа ги прави многу помалку подложни на мутации. Во контраст инфлуенца вирусите (меѓу кои и сезонскиот грип) немаат таков заштитен слој на РНК низата, и мутираат многу побрзо... Па дури и тие не се менуваат толку многу во период од 6 месеци. Заради тоа сметам дека 6 месеци рок на „пасош“ е некаква игра, којзнае каква.

Овај рок го имаат ставено само затоа што имаат потврдени студии дека телото има имун одговор на Ковид-2 во период од 6 месеци.

Инаку има нови не потврдени студии кои укажуваат на подолг период на заштита, а и луѓе се имуни на Ковид-1 што го прележале во 2003.

Реално ковид пасошите се сами по себе глупост, но ова се прави од политички причини.
 
Овај рок го имаат ставено само затоа што имаат потврдени студии дека телото има имун одговор на Ковид-2 во период од 6 месеци.
Извор?
Да не мешаш „антитела“ со „имун одговор“? И што точно подразбираш под „имун одговор“?
 
Телото создава ефикасни lgM антитела. Тие и така се краткорочни и во најмал број, ама се први за спречување на симптоми.

Упростено кажано, после ќе се креираат и igG, што впрочем го гледаме веќе црно на бело и кај двајца членови на форумов.
 
Кој ги создава антителата? :)

Не сакам да идеме во детали, ама накратко: имуниот систем има два дела, вроден и стекнат. Стекнатиот имун систем - се стекнува, се препознава патогенот, и се категоризира во однос на антителата кои се потребни (симплифицирам и парафразирам). Препознавањето на патогенот не се губи, способноста за создавање антитела не се губи (минус „кондицијата“ на имуниот систем и организмот општо гледано, кои може да варираат).

Или вака, некој кога се вакцинирал против сипаници: Дали тој некој е имун на сипаници само тие неколку месеци додека има создадени антитела против сипаници? Или е имун од сипаници за целиот живот? Дали на Х месеци се врши вакцинација против сипаници?

Ти реков веќе, „рок“ на имунитетот има само за вирусите кои многу бргу се менуваат - па и за нив е многу полесно за имуниот систем кога организмот еденаш веќе прележал поранешна верзија од тој вирус. Но Сарс-Ков-2 не е таков брзоменувачки вирус, не зборувам на памет - веднаш можам да ти покажам факти, студии и истражувања.

Телото создава ефикасни lgM антитела. Тие и така се краткорочни и во најмал број, ама се први за спречување на симптоми.
Не покажа извори за тоа што го кажа „имаат потврдени студии дека телото има имун одговор на Ковид-2 во период од 6 месеци“.
Не те дриблам, искрено ме интересира дали навистина постои вакво нешто. Но повторно, сметам дека играат некоја игра (не само на зборови). Нема научни факти дека имунитетот трае само 6 месеци, или било кој друг дефиниран временски рок. Или барем јас не сум свесен за постоење на такви факти, ама ете те оставам тебе да ме едуцираш - ако знаеш нешто повеќе.
 
Здр ве молам за мислење пред една недела односно во вторникот осетив болки во грбот и колковите кои се појавуваа и губеја,и почнав да зборувам назално а носот не ми беше затнат.
Во петокот поручекта изгубив мирис а вкус ми остана друго ништо немав ни тт ни кашлица ништо,вчера правев кс со црп све е во границата на нормалата никакво отстапување мирисот од денес ми е подобрен пр кафе мижам да намирисам и некој друг појак мирис,мажот ми не пројаве ништо.
Дали може поссле 8-9дена и почеток на врајкање на мирисот да се искомлицира и влоше ситуацијата и кога е најпогодно да направам анти тела за да се осигурам дали била корона.
 
Можно е да се искомплицира ситуацијата.
image1-1-1024x768.jpeg
 
Сите се крстиме на вакцините, ама, ако излезе во право човеков, го ебавме ежот

Ако го имаш изгледано, може ли во кратки црти да кажеш за што се зборува зш многу се 40 мин...
 
there's an app for that
oh wait, there kinda sorta isn't
ете каде лежи кешот!
 
Ако го имаш изгледано, може ли во кратки црти да кажеш за што се зборува зш многу се 40 мин...
Човеков вика дека, според него, вакцинацијата, вака, како што сега се врши, во време на ваква пандемија, ќе предизвика преголем притисок на вирусот и ќе го поттикне да мутира во полоша варијанта, која ќе знае да ги заобиколи специфичните антитела кои се создаваат со вакцинацијата.
Нешто слично како кога бактериите стануваат отпорни на некој антибиотик.

Друг проблем е што, тие специфични, долготрајни антитела, ги потиснуваат неспецифичните, па во допир со измутираниот вирус, ние би добиле "дупло голо", и не би можел нашиот имунолошки систем никако да се одбрани.

Ова, во ептен кратки црти.
Долго е видеото, ама интересно е, има и многу други работи, начинот на кој имунолошкиот систем се справува со короната, разликата помеѓу постарите и помладите, итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom