Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016
Дојде такво време.....невреме......па денеска иако е празник кога одиме на гости....повеќето сме дома. Благодарение на можноста....видео повик......можев да побарам прочка од постарите во мојата фамилија......а помладите да побараат од мене.

Форумџии, пријатели.....помал или постар сум од некој членови......но од сите барам прочка доколку сум ви погрешил......простено им е на сите од мене, и од Бога......нека ни е за многу години празников.
 
K

Kitsune

Гостин
Вчера ги гледам две мачки на улица како се тепаат и си пукам сеир. И така гледајки ги ја испуштив чашата со милкшејк од балкон, за влакно ќе го погодев комшијата под мене. Влагам одма внатре да не ме види, кој ќе се расправа.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Излегува песнава


Во 1994: Хаха, слатка песна, баш симпатично вака што има фестивалчиња за децата

2021:

"Zlatno Slavejce has posted a link"

Load all 3631 comments:

LICI NA JAPONKA?? ALOOO DO KOGA BE SO RASIZMOV? STO ZNACI TOA? ZHOLTA E? IMA KOSI OCI? ALOOO BE KAKO VAKA OD MALI GODINI GI UCITE NA RASIZAM? BRE BRE ZOASTANTI EDNI

Batec ti od Zlatno Slavejce kazi mi vladata kolku pari ti dade, zosto vakvi pesni ne praveshe u prethodnata valda be? A be, mater i ebavte na drzavata vi ebam komunjarite..

А зошто машко ја пее песнава? Демек нема девојчиња што знаат да пеат? Не сфаќам, демек само машко мора да пее за љубов спрема девојка? До кога со сексизмов и хомофобијава бе другари?

Златно Славјче, а? Славеј? Не знам, славеј ме асоцира на бугарско животно. Зошто да не Златно Рисче? Па имаме животни во Македонијава, Господ ни дал, до кога бе вака? Еве, не мора Рисче, зошто да не биде Златно Лавче? Проѕирни сте сите вие и комуњари и невладини и се, само перете памет на луѓето, еве, детево звучи како девојче, башка има и долга коса, форсирате вие некоја ЛГБТ агенда, проѕирни сте...

Ccc, kucinjata vo Oslehevo umiraat od glad, nema koj da gi pribere, a vie pari troshite za festivali??? Pa tie pari mozea da se potroshat za edna kukja za sobiranje na kucinja..ccc, putuj evropo, do koga vakvi mafijashi ke te vodat..ah...makedonijo, do peenje li ni dojde rabotava be???

Толкова талантливо младо б'лгарско момче
(load all 3532 replies to this comment)
Last reply: Τα Σκόπια είναι Έλληνα, ο Γκόραν Πάντεβ είναι από τη Θεσσαλονίκη
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.170
Поени од реакции
10.138
Драга, вчера слушам две мачки како се тепаат и излегувам пред зграда да ги измавам кога од горниот спрат еден комшија бам фрли чаша млеко по мене. Имаше среќа што не ме погоди, иначе ќе видеше он.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
koj veli vremeto ne se vraka, ili svetot ne se vrti
svedok sum na ova od pred pola vek
- Skopje 1971,izleguvas od doma,te ceka plostad,kej,korzo,kino,trgovski,park,pelister,lisabon i taman izleguvas na ulica slusas....KAJ I DA SI VO 10 DOMA DA SI.
- Skopje 2021, izleguvas od doma, te ceka kafic,restoran,bife,kafana,meana,koperacija,birtija i
taman izleguvas na ulica slusas....KAJ I DA SI VO 10 DOMA DA SI.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Passed down to you...
Средувајќи си ја собата генералка, налетав некако на цедињата полни со слики од минатото, вклучувајќи ги и кајгана собиранките од 2007ма навака. Ги оставив така да подремат уште некое време, за некои повесели периоди во животот.
So says Saladin...
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
ДК

Бев преѓе после работа до кај мојте, и комшијата од куќата од спротива ми вели, а бе комши затната канализацијата од сабајлево. Не знам му викам, кај мене отвораше МК твитер без проблем, баш преѓе отворив тиме.мк, ама не ме чуди. Кај вас како е?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.169
Поени од реакции
27.811
Драга,

Вчера сонував дека сум мачор. Ме чувала некоја богата фамилија ама многу сум им досаѓал бидејќи ова време ми бил периодот за парење а тие не ме пуштале надвор. Еден ден (поточно вчера) сум им избегал. Само што сум излегол на улицата сум приметил една многу убава и шармантна мачкица која што ме завела со нејзината убава и бујна опашка. Додека полека сум ја следел таа отишла пред некоја зграда и седнала да се лиже. Најверојатно ме приметила и сакала да ме заведе. Таман сум тргнал кон неа кога ми излегол еден еден голем мачор спремен да ме тепа. Мачкицата само ме погледнала тажно и одма сфатив дека тој е малскиот насилник, силувач и оплодувач на мачкици. Во тој момент сфатив дека ако го победам тоа старо мачориште засекогаш ќе ја освојам мачкицата а покрај тоа и други мачкици ќе имам. За мене како мачор чуван во куќа и цело време затворен внатре ова беше исполнување на мојот сон. Му замјаучив нешто на мачорот во стил : '' КОПИЛЕ ДА НЕ СИ ЈА ЧЕПНАЛ, СВЕ ЌЕ ТИ ЕБАМ ''. А тој ми замјаучи нешто во стил : '' КОПИЛЕ КОЈ КУР СИ ТИ ДА МИ НАРЕДУВАШ МЕНЕ ''. Во истиот момент му се стрчав да го затепам кога мачкицата избега. Додека се тепавме на улицата излезе еден човек со стап и се затрча да не затепа. За среќа еден друг човек од зградата цело време не гледаше од терасата и веројатно уживаше во глетката. Кога првиов човек се стрча накај нас да не измава, вториов човек го гаѓаше со чаша милкшејк во глава. За несреќа не го погоди па моравме да престанеме со борбата и да се разбегаме пред да дојде до нас и да не намава.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.781
Поени од реакции
2.339
Ех да им го имав паметот на оние слепците што се навредуваат и си пцујат мајки и шајки во обидите да го одбранат или нападнат ценетиот ни претставник на Евровизија. Верувајте ми ќе одморев на ден два. ;)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.963
Поени од реакции
8.173
ДК,

1994 излегува слатка детска песничка на познат фестивал која што се слуша скоро во секое домаќинство.

2021 недела, драгонскај предупредува на низата контроверзии, расизам и навреди кои се поврзуваат со самата песна.

2021 понеделник, песната е тргната од Јутјуб
 

Kajgana Shop

На врв Bottom