- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.351
- Поени од реакции
- 14.739
Како што пишував кога Конте беше претерано критикуван, а бодовите велеа поинаку, истото важи и сега.Милан имаат малце среќа што Рома,Наполи,Лацио се доста нестабилни и исто киксаат премногу...иначе можеа да доживеат вистински бродолом...вака мислам дека бодовниот капитал што го собраа досега ќе му биди доволен за топ 4 ..само ептен да не западнат во некои тешки кризи без победа со повредите што ги имаат.
Ќе направиме пресек од неколку последни сезони и ќе видиме колку просечно бодови освојувал четвртиот, па ќе знаеме дали Милан освоил доволно бодови или се провлекол затоа што другите биле лоши.
А скоро секогаш мора некој да падне малку за друг да искористи. Прашање е само како ќе ја искористиш шансата, дали ќе се стабилизираш финансиски и играчки ќе се надоградуваш. На Аталанта и се пружи таква шанса.
Или во англиското на Лестер, претходно на Тотенхем, а можеби и утре на Евертон. И покрај тоа што овие работат добро, најчесто некој друг им помогнал и така што не бил на ниво.
По мене Милан има состав за борба за првите четири места. И сега поради повреди и ред други работи некогаш изгледа полошо, исто како и другите, но и не е нешто да заостанува позади нив.
Си имаат сите слабости, некогаш ќе се прикријат подобро, друг пат нема, но не се да отскокнуваат, ниту Лацио, ниту Рома, па ни Наполи иако има добар тим, а ни Аталанта која е страшно средена и воиграна екипа.