Mayans трета сезона искача следната недела.
Глеам не е многу зборена низ форумов, чат-пат некои фанови на СОА што ја имаат гледано.
Ок серија, мада тешко дека ќе го стигне нивото на СОА а искрено се надевам дека нема таква намера. Нека си тераат мексиканците посебно.
Не ми се свиѓа што го мешаат САМКРО тука, ок беа тие блицовите на одредени ликови, ок беше и за момент појавувањето на Синовите, чисто да се види дека сеуште постојат во приказната. Ама нека ги остават на мира, САМКРО е посебен култ и нивната приказна заврши.
Курт Сатер ја напуштил серијава после првите 2 сезони каде паралелно со мексиканецот го пишуваше сценариото. Третата сезона и ваљда сезоните што следат ќе си ги пишува Елгин Џејмс. И ради тоа највеќе ми смета мешањето на САМКРО тука. Нека не замара.
ок знам, nobody cares.
Кога сме кај Курт Сатер, ќе ја искористам оваа прилика да ја спомнам The Shield, доста добра и потценета серија каде он заедно со Шон Рајан се потпишуваат на делово.
Главен лик во серијава е водачот на дел од детективска служба која се занимава најчесто со улични работи, криминалот низ улиците, борба со дилери и гангстери. Мајкл Чиклис го игра ликот на Вик Маки. Strike Team им се вика тимот, покрај него битна улога има и Валтон Гогинс. Покрај нив паралелно си работи и другиот дел од детективскиот тим кој се занимава со убиства и решавање на проблемите во канцеларија, на цивилизиран и поштен начин.
Серија со џандари, нивната работа, нивните проблеми, проблеми во приватниот живот на дел од ликовите и нивниот меѓусебен однос. Серија пуна криминал и корупција. Брза серија, по 40-45 минути траат епизодите, има доста акција.
oк знам, пак, nobody cares.
Курт Сатер пак, негов е Southpaw, боксерскиот филм со Џејк Гиленхал и Рејчел МекАдамс.
nohohohohobody fucking cares.