Kaj e granicata na privatnost vo vrska ?
Кхм ... граница на приватност?
Преостро кажано за мој вкус, како да го граничам, смееш до стомакот, под него и над него никако, можеш да знаеш каков телефон имам и кој ме барал, ама не да ми ги видиш пораките.
Глупости!
Верувам во сопственост и ја складирам интимата како таква таму, но кога ќе се одлучам да делам со некој се, веројатно таму ми доаѓа и сопственоста, така што во секој момент сум спремна за делење на интимата, блискоста, приватноста, секако, сите имаме работи кои што не треба да излезат надвор, затоа и сум со човек кој што сам знае што ќе се каже и направи, а што не.
Јас го практикувам принципот на себе искажување, се што треба да знам ќе ми се каже, се што треба да му биде дадено на знаење, ќе биде информиран, дополнителни прашања, досега немало потреба од нив, се надевам ни дека ќе нема.