Случајот е многу комплициран и чуствителен, затоа има многу страни кои сакаат да придобијат преку овој случај.
Низ изборни кампањи се спомнуваа многу работи, се палеше масата, а доказите никој не ги обелодени.
Добро ете се повтори целата постапка, но за да се замолчат политичките партии мислам дека требаше да има некоја комисија од ЕУ за верифицирање на доказите и целата постапка, па тогаш мислам ќе немаше политичка партија која ќе се обидеше да ќари од случајов.
Судството кај нас знаеме дека е корумпирано, но за конкретниов случај мислам дека со повторенава постапка многу подетално се разгледале работите и доказите се тие кои што се.
Денешниов протест ми беше многу сомнителен, како прво кои беа маскираните кои започнаа со насилство!?
Вахабистичката структура е се појака, последно се регистрираа како верска заедница со печат од македонка судијка!
Освен надворешните влијанија за жал има и внатрешни струи кои ги подржуваат.
На овие структури воопшто не им е важно дали се виновни или невини осудените, тие гледаат прилика да придобијат што повеќе следбеници во име на "џихадот".
Уште па еден од осудените рекол дека обвинителството има рок од 10 дена да одат кај него да им даде докази за нарачателите на убиството!
Па пичка му материна ако си невин што кур досега не си ги предал тие докази па да се спасиш од затвор!
Толку глуп испадна со таа изјава, што си ја запечати одлуката на судот.
За жал уште долго ќе се користи случајов за политички поени.