Малку бев отсутен ... Кај нас парите - се секогаш проблем, и затоа скоро сите решенија ни се половични, и од незнаење голем дел но и од кратење на средствата... Изолација на куката веке не е опција, децата се веке големи и големи се трошоците, останува да се најде минимум прифатливо решение за ова ... Инаку, досега - конкретно оваа зима што поминува се греам: - дневната од сабајле (од 6 часот) работи 12-ка обична клима и жената која моментално работи од дома (јас сум на работа) кога ке процени и во зависност од температурата надвор и постигната внатре, го пали каминот на дрва и тој си работи до вечер, до легнување ... Детската се грее со термо печка која е мала 2 или 2,5 kw, која више мање е нон стоп уклучена да прима, а во спалната се уклучува улјен радијатор од 8 часот вечер и работи цела вечер на 1 kw ..... Струја плакам плус вообичаеното од 5-8000 денари и плус трошам 6-7 кубни метри дрва.. Значи правам релативно голем трошок и релативно сум средно згреен ... Сега идејата ми е, старата клима 12-ка (LG, Made in Koreja) да оди во спалната, па колку ке постига - постига (тука ке биде и улјениот радијатор за догревање ако има потреба), во детската (ипак е јужна страна) би одел со 9-ка инвертер (или 12-ка ???), и во дневната со 18-ка... Вратите повеке време можат да бидат и отворени но знаат децата и да се затворат во соба, а вратата од спалната е отворена кога е помеко времето, но кога е ладно - ја затвараме бидејки “влече“ од дневната и имаш непријатно чуствво како ти се зема топлината и таму се уклучува радијаторот ...
И премногу ја растегнав ... во мегувреме разговарав со мој пријател кој продава бела техника и тој ми предлага Амбер 12 за дневната - 36 квадрати и тоа да се постави на кратката страна (3.6 м) да дува према долгата (10 м)(ова мислам тешко ке оди бидејки имам само 40-45 цм од прозор до таван, прашање - дали стварно ке биде лошо ако климата ја ставам на долгата страна ???). Ме убедува дека е доста мокна клима и дека 12-ка е сасвим доволно за таа квадратура, а за детската ми вели дека било која 9-ка ке врши работа, чак ми даде и конкретна понуда од 70.000 дена за Амберот и 9-ка по избор Грее или Вивакс, незнам кој модели беа... Но ми рече дека Амберот е и “добар“ потрошач на струја... Бидејки беше и лично кај мене дома, уз муабет рече дека и 18-ка, Ломо или Тундра или Аери од Вивакс (сите помалку од 40.000 денари +/-) - солидно би ја грееле дневната пошто е релативно мала и тоа со помала потрошувачка на струја заради подобра модулација ???, за детската - гледајки на лице место - потврди дека 9-ка би била доволна, бидејки се плаши дека 12-ка често би се исклучувања (overkill мод ако добро разбрав или On/Off мод) иако цените на 12-ки и Грее и Вивакс биле скоро па исти со 9-ките (ке ги даде за иста цена)...
Дали ова на пријателот држи вода за поставеноста на климата во дневна, за потрошувачката струја и “модулацијата“ и за оној On/Off ефект кај посилните клими во помали простории ) и на крај - мада тешко е тоа да се процени - дали да се оди со 12-ка Амбер, или со 18-ка Ломо, Тундра или Аери (ипак е поефтина варијанта) во дневната или со 9-ка или 12-ка од Грее или Вивакс моделите ... Ваше мислење околу тоа - која комбинација (или и друга комбинација на клими, слободно предложете, буџетот е тој - max 70.000 за 2-те клими) и ваше мислење околу потрошувачката на климите - дали стварно може да се добие приметна разлика во потрошувачката на струја од различен избор на клими - примерно за грејна сезона и колку отпликата се движи тоа (искуствено) .... Однапред ви благодарам