Најпрво се фаќам на крајот на орото и така имам мегдан да ги покажам сите мои способности и марифети во вртење потклекнување и дигање на раце, а со тоа целосно го свртувам вниманието на сите кон мене. Така по завршување на тоа оро на следното веќе сите сакаат јас да ги заведам и да бидам главниот ороводец. Е тука веќе настанува кулминација, како главен заведувач на орото јас го превземам главниот збор, а останатите го прават она што јас ќе им кажам, како например дигам високо раце и викам: Беремо крушке, беремо крушке! Па спуштам доле раце ниско и викам: Скупљамо мед, скупљамо мед! .... и така